pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
Автор:
Редакција Рингераја
Од италијанската кујна
Во длабока тава додадете 3 лажици маслиново масло и путер. Потоа додадете го телешкото месо и сецканите кромид, лук и моркови. Додадете го копарот и целерот и пржете околу десет минути. Потоа додадете го магданосот. Додадете 2 лажички шеќер и 100 мл. бело вино. Покријте ја тавата и оставете да врие. Во меѓувреме изрендајте ги зрелите домати. Во нив ставете една чаша вода и ставете ги во тавата. Овој сос треба да се вари на тивко околу два часа. За подготовка на бешамел сос: во посебна тава се топи путерот и се става 1+1/2 лажица брашно. Откако ќе се испржи се додава 0,5 литри млеко. Варете го сосот 10-12 минути. Додадете морско оревче и бибер. Потоа се редат варените лазањи, се става сосот од месо, па бешамел сос и се така додека сите состојки не се потрошат. Садот со лазањите се става во рерна и се потпекува. Пријатно!
Време на подготовка од: 150
Време на подготовка до: 160
Kомплицираност: 3
12 парчиња лазања
300 гр. говедско месо
4 парчиња црвени зрели домати
1 морков
2-3 лукчиња
1 кромид
магданос, целер, копар
3 лажици маслиново масло
50 гр путер
0,5 л млеко
100 мл бело вино
100g пармезан
по вкус сол и црн бибер, сушени ароматични билки, морско оревче, шеќер
Здрава храна.
пеперутка16
Дали се храните здраво?