|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Полнети модри домати

Автор:
Редакција Рингераја

@my_little_kitchen_stories ви препорачува



Подготовка

Модрите домати ги сечеме на половина по должина и ја вадиме внатрешноста. Вака празни ги ставаме на хартија за печење и ги посолуваме, попрскуваме малку со масло за јадење и ги ставаме 10 минути на 180°Ц. Во меѓувреме ги пропржуваме кромидот и лукот и потоа ги додаваме ситно исецканите печурки и малку вода и динстаме неколку минути. Кон ова ја додаваме внатрешноста од модрите домати, ситно исецкана, и ситно исецканата тиквица. Мешаме и додаваме зачини и оставаме да се динста 10-тина минути. Потоа додаваме доматно пире и динстаме уште неколку минути. Со оваа смеса ги полниме модрите домати и ставаме кругови од доматите. Ги оставаме да се печат на 180°Ц, 10-15 минути. Потоа при крај ги редиме кришките сирење и допекуваме уште неколку минути. Follow my_little_kitchen_stories on Instagram

Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 60
Kомплицираност: 3

Состав

• 2 модри домати
• 1 главица кромид
• 2 чешниња лук
• 200 гр свежи шампињони
• 1 тиквица
• 5 лажици доматно пире
• сирење по желба (било кое млечно сирење)
• 1 домат или неколку шери домати
• зачини по желба (сол, црн пипер, босилок, мајчина душичка)
• масло за јадење



Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?