|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ослич во бело вино

Автор:
Редакција Рингераја

За добар вид и здрав живот, еднаш неделно подготвувајте риба



Подготовка

Половина путер се топи, се додаваат сечканите моркови и кромидот. Кога кромидот ќе биде проѕирен, се посипува со брашно, се загрева уште една мин. и се додава белото вино. Кога ќе проврие, се додава сечканиот магдонос. Се покрива и се остава да се вари околу 20 минути. За тоа време, во огноотпорен сад се редат посолените, посипани со брашно риби. Од вареното вино се отстранува магдоносот, се додава чаша ладна вода и се прелива рибата. Рибата се пече во загреана рерна на 220 степени, покриената со алуминиумска фолија, додека да се зацрвени околу 20 мин. Рерната се исклучува и рибата се остава уште неколку минути. Пред да се пренесе на трпезата, се прелива со стопен путер.

Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 60
Број на лица: 3
Kомплицираност: 3

Состав

300 милилитри Суво бело вино
50 грама Путер
800 грама Ослич
100 грама Моркови
малку Магдонос
1 Кромид/а
малку Сол
малку Брашно



Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?