Vladymir во 08:25
на тема RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете?
Автор:
Редакција Рингераја
Калцоне пицата треба да биде со меко тесто, лесна и да не биде преполна со фил. Колку повеќе фил има во пицата, толку е потешко таа да се испече правилно. Затоа, не претерувајте со филот.
Ставете го квасецот во топла вода и оставете го да стаса. Во сад ставете го брашното и додавајте ги водата, солта и шеќерот. Од смесата направете тесто. Тестото поделете го на 6 топчиња и секое топче месете го додека не биде еластично и меко. Оставете тестото да нарасне 1 час. Секое топче развлечете го со сукало и направете го во тркалезен облик. На тестото, во средината ставете малку доматен сос. Врз доматниот сос, ставете неколку парчиња моцарела и врз неа, ставете неколку парчиња шунка. Целиот фил треба да го редите во средината на тестото за пица. Потоа, горниот дел од пицата преклопете го во вид на полумесечина и со прсти убаво прицврстете ги двата краеви за да не падне филот при печењето. Ако сте вешти, може да го направите како краевите од зелник. На крај, ставете малку доматен сос врз пицата. Готовите пици печете ги 250 целзиусови степени додека тестото не добие златно-кафена боја.
Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 70
Број на лица: 3
Kомплицираност: 3
(за тесто):
900 гр брашно
30 гр квасец
2 шолји вода
30 гр сол
1 лажичка шеќер
(за фил):
1/2 шолја маслиново масло
3 калапи моцарела (или друго сирење)
500 мл доматен сос
500 гр шунка