Vladymir во 08:25
на тема RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете?
Автор:
Редакција Рингераја
Плетенката е значаен дел од празничната трпеза, подготвена е од млечно тесто, кое мора да биде цврсто за да правилно и лесно се исплете
Предподготовка Брашното го ставаме во поголем сад. Во средината правиме дупка, во која ставаме квасец. Истураме млако млеко, додаваме малку шеќер, сето заедно добро го замесуваме. Го покриваме со крпа и го поставуваме на топло место да се крене. Сувото грозје го миеме со топла вода и добро го цедиме. Кандираната кора од портокал ситно ја сецкаме. Земаме округло тавче и го премачкуваме со путер. Подготовка Го топиме путерот и го оставаме малку да се излади. Го истураме во смесата. Го додаваме остатокот од шеќерот, ванилиниот шеќер и солта, потоа го месиме тестото. Додаваме суво грозје и сецкана кандирана кора од портокал. Се заедно повторно месиме додека не се изедначи смесата и не се одвојува лесно од садот за месење. Го покриваме со крпа и повторно го оставаме на топло место околу 30 минути за да нарасне. Тестото го ставаме на површина на која претходно сме наросиле брашно. Го делиме на два дела, од кои формираме две ролни, дебели околу пет сантиметри (тестото, може да го поделиме и на 3 дела за формирање на 3 ролни). Од нив правиме плетенка и ја сместуваме во подмачкана тава. Двата краја на плетенката ги спојуваме, за да добиеме форма на венец. Во делови на плетенката каде може да се направат мали отвори вметнуваме парчиња на лушпи од јајце. Ја покриваме плетенката и оставаме 15 минути да порасне Надојдената плетенка, ја премачкуваме со стопен путер (или јајце) и ја ставаме во загреана рерна до 200 ° C да се пече околу 45 минути. Сервирање Печената плетенка ја вадиме од рерна и ја поставуваме на тркалезна чинија за сервирање. Ја оставаме да се излади, потоа празните луши од јајце ги заменување со бојадисани Велигденски јајца. Печената плетенка може да се сервира млака или ладна. Велигденската плетенка е вкусна и воедно ја разубавува секоја празнична трпеза.
Време на подготовка од: 80
Време на подготовка до: 110
Број на лица: 4
Kомплицираност: 4
500 г. Брашно
100 г. Шеќер
приближно 2,4 дл. Млеко
1 јајце
100 г. Суво грозје
50 г.кандирана кора од портокал
50 г. Квасец
1 ванилин шеќер
малку сол
малку путер за печење и премачкување
Домашна работа.
пеперутка16
Со какви домашни работи најчесто се занимава вашиот сопруг?