cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Јас сум бебе, сакам да цицам

clock-img

20.09.2009, 11:02

clock-img

niki

pencil-img

4299

Vo posledniot mesec dena od prilika kerka mi ja fakaat momenti koga ke pocne da vika: Jas sum malo bebe, mamo daj mi da cicam. Ke dojde i ke mi legne vo race, ke ja svrti glavata kon mojata grada i preku bluza demek cica, nekoja minutka ke posedi taka i ke izbega i taka nekolku pati vo denot.
Od ona sto sum go citala vakvi reakcii se voobicaeni kaj postari decinja koi dobile bratce ili sestrice i poradi noviot clen vo semejstvoto i nesugurnosta sto ja cuvstvuvaat, na toj nacin go baraat vnimanieto na roditelite, voglavno od majkata.
No kaj nas takva promena nema, nemame bebe, nitu sum trudna nitu pak planiram vo skoro vreme. Toa me zbunuva i se prasuvam sto bi mozelo da predizvika vakvo odnesuvanje i kako jas da postapam. Dosega ja toleriram i i ja ispolnuvam zelbata i vikam deka e bebe, ke ja gusnam i cekam da ja pomine fazava, arno ama nikako da ja pomine.
Imala li nekoja od vas vakvo iskustvo i kako se spravivte so toa?

< Поракaта ја уредил Elena -- 20.9.2009 22:53:33 >

clock-img

20.09.2009, 11:13

clock-img

Боцко

pencil-img

806

леле, ова е многу чувствителен момент. познато е дека децата имаат сензори и читаат се што се случува. можеби таа чувствува дека нешто помеѓу мама и тато не е во ред. веројатно стравува од напуштање или има потреба од некаква заштита. се надевам врската тато-ќерка функционира добро и од таму не и е ускратено внимание па да се свртува само кон мама.

< Поракaта ја уредил Elena -- 20.9.2009 22:53:48 >


_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

clock-img

20.09.2009, 11:23

clock-img

niki

pencil-img

4299

A toa zaboraviv da pisam, koga pocnuvase seto ova nie mislevme si igra i istrazuva i i od tato barase da cica. Nie togas i se iznasmejavme, ne ja odbi mm ama i objasnivme deka bebinjata cicaat od mama a tato nema cica ni mleko i taa prestana od nego da bara.

clock-img

20.09.2009, 11:44

clock-img

niki

pencil-img

4299

Nasite odnosi se takvi ko sto se dolgo vreme i sega magicno nema da se resat i stvarno ne sum pametna kako vo takvi uslovi normalno da odgleduvam dete. Inak u sto prasuvas za odnosot tato kerka i toj funkcionira kako i sekogas, ja saka toj ama pretpocita mnogu mnogu da ne se zanimava so nea, kako zamina sveki poveke pominuvaat vreme zaedno bidejki toj ja cuva dodeka sum na rabota, ama i toa ke trae desetina dena i posle si se vrakame na starata rutina, mama glaven i odgovoren urednik za se koga e taa vo prasanje.
Svesna sum jas deka nasite problemi imaat golem udel vo nejzinoto odnesuvanje, ama neznam kako nejze da i pomognam, kako pravilno da se postavime za da raste taa normalno.

< Поракaта ја уредил Elena -- 20.9.2009 22:55:05 >

clock-img

20.09.2009, 22:59

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Еве тука сме,Мартина кога и да ја види Мила да цица се мести таа од другата да цица, и јас и велам ајде дојди ќе ти дадам, и почнувам да и раскажувам дека и таа била мало бебе, исто така ништо не јадела само пиела млеко од цицето на мама и така ме слуша внимателно и застанува со помислата за цицање.Мислам дека сепак треба со неа многу разговор, јас колку и да се трудам гледам дека Мартина е мнооооооооооооооогу нервозна и почнав ама целото време да и го посветувам зошто приметив ми бега контролата од раце, за се вика не сакам, па овие денови сум повеќе со неа и веднаш гледам позитвни промени, ама пустото штом Мила заплаче(среќа е мирна па не ми е постојано во раце) таа бега во друга соба, не може да поднесе да ме гледа како јас ја држам во рацеuser posted image Се надевам дека е фаза и период на адаптација и дека ќе помине.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

21.09.2009, 10:09

clock-img

niki

pencil-img

4299

I nie mnogu i zboruvame i i objasnuvame i pokazuvame i nejzini sliki koga bila bebe, imame i edna slikovnica so bebinja, ama kaj nas nisto od ova ne pomaga. Koga ke se vidi taa na slika i ke i kazam deka toa e ona koga bila mala taa pocnuva da se nervira i da vika: "ne sum toa jas, jas sum sega bebe.."

clock-img

10.10.2009, 21:54

clock-img

niki

pencil-img

4299

Пред некој ден толку ме изгњави за ова цицањево, дури ми се смачи. Ми седеше в скут и ај сега од едната града па ај од другата, па дај мамо дигни маицата, симни го прслукот. И се налутив малку. И велам ако дојде сега некој кај нас и ме види ваква гола, а ти цицаш толкаво дете ќе ни се смее. И реков кога сака може да се гушкаме и секогаш ќе биде моето бебе, ама млеко немам и нема веќе цицање. И таа добро.
Наредниот ден од никаде се што и реков му повторува на мм. Се изнасмеавме. И еве неколку дена не бара.
Ама сега нова мака, штом и речеш голема си одма одговара со следнава реченица: Ама јас незнам да возам кола, мала сум уште. и толку кенкаво го кажува ова што незнам дал да се смеам или да плачам.user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

11.10.2009, 13:15

clock-img

nutelizza

pencil-img

357

Купи и од оние кукли бебиња што имаат флаша со цуцла да си игра и нека си има свое бебе да не биде веќе бебе

clock-img

11.10.2009, 15:19

clock-img

niki

pencil-img

4299

Три имаме веќе со комплет опрема цуцли, тањирчиња, лажички, кенгур, количка, ако и купам уште некоја јасли ќе отвориме.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

18.06.2012, 15:38

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

И после три месеци откако се откажавме од цицање, Никола знае да си побара да цица, не гњави многу, ама ќе си побара посекако, случајно да не му успее. Некогаш кога гледа како Тео (братучед му) цица, и тој си бара и кога ќе му кажам немам јас млеко, тој оди кај тетка му и од неа бара.. Јас во такви ситуации само го земам во раце и се гушкаме. Не знам колку трае тој процес на заборавање на цицањето обично, ама мене ми се чини дека до сега веќе требаше да го заборави..

clock-img

21.08.2012, 09:53

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Ауууу ова веќе ни стана проблем. Откако останав дома на одмор, ме пукна. Цело време ме влече и вика сакм пијам цице. Детево место да заборава, тој зачестува со барањево, а поминаа 5 месеци откако го оставивме цицањето. Сега ме влече, и ме шмука по цело тело. Не знам што му е.. Се си мислам да не му расте некое запче или не знам што user posted image

clock-img

21.08.2012, 13:05

clock-img

Calypso

pencil-img

1386

Син ми не бара директно, туку кога ќе го земам в раце или кога ќе лежиме заедно, ми брка во градите со рацете, па носам позатворени маици. Ама така правеше додека цицаше, како некоја навика му беше. Така изгледа му остана иако има веќе 4 месеци како не го дојам. Дали тоа значи дека сака да цица, или само му останала навиката која му дава некаква сигурност, не знам. Ама се надевам дека брзо ќе помине.

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

clock-img

02.04.2013, 16:24

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Ауууу ова веќе ни стана проблем. Откако останав дома на одмор, ме пукна. Цело време ме влече и вика сакм пијам цице. Детево место да заборава, тој зачестува со барањево, а поминаа 5 месеци откако го оставивме цицањето. Сега ме влече, и ме шмука по цело тело. Не знам што му е.. Се си мислам да не му расте некое запче или не знам што user posted image




Ете помина цела година откако се откажавме од цицањето ама Никола никако да заборави. Се уште вика јас сум бебе сакам да цицам. Се уште сака да ме држи за града, и тоа не повремено, туку константно. А земе да пие млеко и бара да ме фати за града. Сериозен проблем ми е и незнам како да постапам. Понекогаш ми успева да го пренасочам, ама често пати не. И ноќе кога ќе се разбуди истото го прави, џабе не цицаме кога тој пак е виснат на града.

clock-img

28.02.2014, 02:15

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

Во последно време не знам што се случува со поголемиот синко.Значи тој нема цицано ни како мал а сега од пред една недела постојано ми повторува дека тој сака да цица.И јас така ќе му речам не може да цицаш ти не си бебе само бебињата цицаат а тој ќе почне да се преправа демек е бебе и сега да му дадам да цица.Ептен ми е чудна таа ситуација и скоро сум сигурна дека произлезе од тоа како го гледа помалото братче како цица.Се надевам дека ќе заборави за некое време и дека нема повеќе да ми вели така затоа што кога и да ми рече дека сака да цица се потсетувам дека тој воопшто и не цицал и се растажувам што тој не ги искусил благодетите на мајчиното млеко.А пак настрана тоа што со тоа ми покажува колку тој му завидува на неговото братче што тоа сега цица.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

clock-img

28.02.2014, 17:12

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Јас навистина имам проблем со ова. Не знам што ќе правиме. Поминаа 2 години од како прекинавме со цицање, а тој се уште не заборавил на цицето. Не вика дека сака да цица, туку да го фаќа цицето. Така се чувствува блиску до мене, или некоја сигурност, стварно не знам што му е. Не знам кој метод да го употребам за да се убедиме дека е голем за тоа, и дека за да се гушкаме не ни треба цицето. Дуру размислувам да посетиме детски психолог за да ме упати како да постапам. Како и да е мислам дека ова мора да го решиме пред да се роди бебето, оти маф ми работата. Ако некој има идеја што да правам, сите ми се добредојдени.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

Последни статии

article-img