Телефонски секс за почетници
Понекогаш може да се започне со „Што имаш на себе“, а понекогаш со обично „Здраво“. Како и да го започнете телефонскиот секс мора претходно да се обезбедите со бесплатни минути за разговор, бидејќи никогаш не сте сигурни колку може да трае.
Последното истражување на магазинот „Cosmopolitan“ покажува дека дури 85 отсто од мажите сакаат да добијат секс преку телефон од својата партнерка.
Сексот преку телефон е популарен поради многу причини. Пред се’, тој е сигурен. Вие само препуштете и се на фантазијата и зборувајте за местата каде што сакате да го пипнете вашиот партнер или пак да се пипнете себеси. Со ваков секс вие и вашиот партнер можете да доживеете оргазам, иако сте оддалечени илјадници километри.
Фантазијата и имагинацијата се многу важни кај оваа врста на секс. Практично, вие можете да бидете каде сакате и да правите се’ што сте наумиле.
- Телефонскиот секс може да биде одличен начин за отворање на своите најдлабоки фантазии. Сум имала клиенти со фантазии за секс во вселената или пак со џинови. Најбитно е вашиот партнер да ве следи и да успее да ви креира сочна фантазија во која вие ќе се чувствувате убаво и ќе може да уживате, изјави Ели Лумпезе, професионална секс операторка.
Во телефонскиот секс звукот е најважен. Користете зборови на кои сте навикнати, но не претерувајте со вулгарности. Користете го својот глас и тело како алат за заведување. Додека разговарате можете да поставувате и прашања бидејќи тие може добро да влијаат врз вашиот партнер.
Сексот преку телефон е навистина убав начин да си поминете убаво, иако тој што го сакате е далеку од вас.