cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Џепарлак за дете

clock-img

06.07.2009, 11:12

clock-img

Julie1

pencil-img

2354

Колкав џепарлак му давате на детето. Сметате дека тоа уште од мало треба да се научи да ги цени парите и да не се претерува со давање на онолку колку ќе посака, па макар и тоа е сума несоодветна за неговите потреби. Како ги воспитувате децата во тој поглед или планирате да ги воспитувате?

_____________________________

And this is my beautiful life ...

clock-img

06.07.2009, 11:26

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Секогаш му давам повеќе пари отколку што му требаат, но му напоменувам да го врати остатокот. Значи да има - за секој случај, меѓутоа да знае дека може да ги потроши само во исклучителни случаеви.
Мислам дека детето не треба НИКОГАШ да се остава без џепарлак. Се случуваат страшни работи, кражби од други деца, кражби од маркети итн. Не треба да му бидат на располагање преголеми суми на пари - но само умерено. Марио има другари кои неконтролирано трошат, и другари кои воопшто немаат џепарлак. Баш од него ги слушам искуствата за двата случаи и двајцата се договараме и заклучуваме дека секогаш во џепчето треба да има пари, да си троши и купува се што му треба, но да не се дојде до степен на расипништво.




_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

06.07.2009, 12:43

clock-img

mami

pencil-img

8680

и јас сум за тоа да му се дава одредена сума на пари, мислам дека така полесно ке научи како правилно да располага со нив..а од кога е паметно да се почне со такво нешто? 1-2 одделение илиuser posted image

clock-img

06.07.2009, 12:45

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Да мами, 1 одделение веќе мора да си носи пари за на училиште, за сокче и кифла - во случај да не се храни преко училиштето.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

25.11.2009, 20:50

clock-img

ananikol

pencil-img

1568

Dzeparlak mu davame na sinceto uste od kako pocna na skolo.Ceremonijalnouser posted image  mu  kupivme decki novcanik i mu davavme nedelno pari bidejki bese malo pa poarno ke se snajdi so pomalku pari.Ne vlijaevme direkno na toa sto si kupil denta ami indirekno deka za dzidziri-midziri ne vredi da se trosat pari..mnogu,mnogu zboranje na drugarsko nivo.
So tekot na vremeto go svati zacenjeto na parite i pocna da gi ceni.Do sega sum premnogu zadovolna kako gi trosi parite,se uste  mu davame nedelno,sega 10 evra.Znae da si soberi i da si kupi nesto za kompjuterot i slicno..Mnogu sum zadovolna od nego opsto ako i user posted image  sto go ocekuvame uspeime dago vospitame kako i sincevo nasata misija kako roditeli - uspeala.Ke vidime..user posted image

clock-img

26.11.2009, 00:03

clock-img

daniel

pencil-img

209

sekako

clock-img

21.01.2010, 14:10

clock-img

mami

pencil-img

8680

Парите се нешто што го земаме здраво за готово, заборавајќи дека додека бевме мали воопшто не не интересираа тие размени на хартии и парички. Потрошувачкото друштво и самата околина им поставуваат како се поважна задача на родителите да ги научат своите деца како да управуваат со нив.

Децата се помалку гледаат како се бројат пари и монети бидејќи сметките ги плаќаме преку интернет банкарство, парите доаѓаат од банкомат кога ке ни требаат, а во продавница плаќаме со картички. Сето тоа го зголемува нивото на детското неразбирање на поврзаноста на заработка и потрошувачка.

Како што се смееме на славната изрека- Ако немаат леб, нека јадат колачи, така скоро и да нема родител кој не доживеал детето да му каже- Ако немаш пари, плати со картичка. И ние возрасните понекогаш така размислуваме па како не би и децата?!    

Разговарајте со детето за неговите потреби  Баш заради тоа што децата веќе не гледаат дека за чоколадо треба да се избројат далеку помалку пари отколку за зимски капут, уште поважно е да се поттикне финансиската свест и одговорност кај нив. Нашите деца многу повеќе од нас ке работат со виртуелни пари, но и понатаму ке имаат само онолку колку што ке заработат, наследат, заштедат.      

Од 4 години детето може да ги разликува кованиците, па добра идеа е да го однесете во пекара или на пазар- малкуте места каде сеуште се користат парите. Детето ке биде гордо ако добие прилика заедно со вас да погледне во паричникот и да извади ситни пари за пециво или банани, па ке сфати и дека сите работи не чинат исто. Прашувајте го детето дали да купите банани или мандарини, за да сфати дека покрај броење, при плаќањето се донесуваат и одлуки што да се купи.                         

Ако детето веќе го совладало броењето на пари, со тргнувањето на училиште можете да му воведете џепарлак и со тоа дел од одговорноста да префрлите на него. Висината на џепарлакот зависи од вашиот начин на живот, детската возраст , вашите можности. Главно е детето да сфати дека на почетокот на неделата добива одредена сума на пари со која треба да покрие некои свои потреби. Разговарајте со детето за неговите потреби- иако вие многу добро ги знаете, разговорот е потребен за да детето се оосвести дека воопшто има финансиски потреби. Детето ќе научи две важни лекции: парите од една страна служат за задоволување на секојдневните помали потреби па треба да се распореди внимателно, а од друга страна постојат и поголеми потреби, како и мали награди и се она што не ни е потребно но сепак од време на време си го дозволуваме: за тие потреби штедиме. 

Џепарлакот треба да се зголемува како расте детето
Неделниот џепарлак е најдобар, бидејќи грижата за финансиите за цел месец е сепак претешка задача за дете. Не бидете престроги- на скоро секое дете ке му се случи првиот ден да го потроши целиот џепарлак, па останатиот дел од неделата ќе биде без пари.  

Како расте детето така се зголемуваат и потребите, но и способноста да се управува со парите, па зголемувајте го џепарлакот: дури и ужинката на училиште нека си ја плаќа од свои пари- ќе научи дека секој ден треба да тргна на страна пари за на крајот од месецот да плати за неа. Децата од мали имаат мобилни кои ако не служат за безвезни разговори и пораки се многу корисни. Ако купува кредит барем еднаш ке се залета и ке остане без импулси. Секако дека ке му позајмите за да може да си стави кредит и да ви се јави ако има потреба, но и тоа ке му го одбиете од следниот џепарлак.

Како се осамостојува детето, се повеќе ќе биде одвоено од вас и со самото тоа ќе се наоѓа во ситуации да располага со пари. Вклучете го во плаќањето сметки, или за секој изнајмен фил од видеотека нека даде свој придонес. Нека учествува разговорите за тоа што ке се готви оваа недела и колку тоа ќе чини, кога ке купувате автомобил, кога за нешто ке се земе кредит, кога ке се купува на рати. Нека сфати дека штедењето е одлично, но и дека некогаш неможеме да за се да заштедиме па се зема кредит.
Во одговорно разбирање на финансиите спаѓаат и одлуките за што ке се штеди а за што ке се крене кредит. Кредитите и кредитните картички не се најголемото зло на светот, но и не се вреќа без дно- се се тоа пари кои ќе мораме да го заработиме.  

Наградете го детето со пари или долго посакуван предмет кога ке постигне нешто многу важно. Додека не се осамостои, секогаш зборуваме за парите кои сте ги заработиле вие, но многу ке помогне ако дел од тоа му давате на вашето дете за да располага со него како со свое. Да се потсетиме дека малку постарите деца можат да заработат преку оние повремени работи како и ако дома завршат некоја работа за која обично плаќате некој друг да ја направи. 

текстот е малку долг, извинете, ама немаше како и што да се скратиuser posted image
 

< Поракaта ја уредил mami -- 21.1.2010 14:12:07 >

clock-img

27.02.2010, 13:54

clock-img

Тивко

pencil-img

27

10 denariuser posted image

clock-img

27.02.2010, 13:57

clock-img

BILJANA_G

pencil-img

491

Uste sme mali za dzeparlak,mislam deka koga ke dojde vremeto ke i davam kolku da si kupi kiflicka i nekoe sokce,ako uste malo go naucam so poveke pari togas nema da znae da ja ceni parata.Nema da znae od malku.

clock-img

27.02.2010, 14:31

clock-img

Adrijana

pencil-img

1301

Mnogu sme malecki, ama ko ke dojde vreme sigurno ke dobiva po nesto, mora da se nauci da gi ceni parite i da ne se razligavuva.

_____________________________


clock-img

01.06.2010, 22:45

clock-img

Viktori

pencil-img

5329

Ќерката најстара нормално и носи парички.

На син ми и на помалата ќерка не им давам. Си носат од дома сокче, кифла или што и да сакаат. Јас до 10 години пари не давам. А не смеат ни да излезат од училишниот двор, така да не им ни требаат.
Си собираат дома пари, во новчаник нивни, си купуваат сликички од светско првенство или стикери, ама пари нема потреба да носат во училиште.

Сум видела кафемат во училиштето на сред хол и се чудам, за кои пари го ставиле таму кафематот, па децата да пијат стоено млеко, какао, или пак некогаш само вода што се има и случено, кога некое дете сакало да си земе какао.
Тоа е основно училиште, а не универзитет па помеѓу предавања да пијат кафе ....


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




clock-img

02.06.2010, 09:04

clock-img

amelbebe

pencil-img

1105

da im davamduri poveke od potrebnoto ama vodam evidencija kade i kolku trosat ,mnogu sum zadovolna od nivniot nacin na razmisluvanje i doma gi znaat site pari ama ne baraat poveke od potrebnoto

clock-img

16.09.2013, 14:54

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Им давате ли џепарлак на вашите деца за на училиште, и до која сума сметате дека е добро да се дозволи? На многу места во склоп на училиштето има продавница за бели пецива, па така да не мора детето да носи јадење од дома, ниту да излегува надвор од училиштето, но од друга страна на голем одмор, едно мало прваче не може да чека ред, со осмоодделенците. Што мислите?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

16.09.2013, 15:01

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Ако некое прваче треба да чека ред со осмоодделенци верувам дека и гладно ќе си остане. user posted image Имаме уште многу време, може ќе ми се смени размислувањето дотогаш ама јас не би дала пари на толку мало дете. Би спремила од дома некој сендвич или би и купила кифла пред да замине на училиште, сокче или вода и толку. Па демек којзнае колку време седат во училиште.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

16.09.2013, 16:25

clock-img

niki

pencil-img

4299

Naseto uciliste se zklucuva koga ke zvoni i se otklucuva koga si odat. Od dvor ne smeat da izlezat, vo dvor nema prodavnica.
Jadenje spremame od doma i si nosi sekoj den
pari duri posle 12 godini ke ima potreba da nosi
inaku letovo dodeka odese vo letniot kamp koga odea na bazen i dadovme 2 pati po 2 evra za sladoled, zosto i nekoi drugi deca nosele i kupuvale
no ne bese soodvetno, bidejki taa uste ne gi znae parite, ne znae da presmeta kolku kusur treba da i vratat, ama togas gi prezalivme zaradi kejfot sto go imase da se pocuvstvuva golema
za djeparlak e prerano

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

17.09.2013, 08:00

clock-img

bucko mal

pencil-img

1431

I nie sme seushte bez djeparlak.Jadenje se nosi od doma,nemaat prodavnici vo blizina nema ni izleguvanje od ucilishen dvor podaleku.Isto beshe I vo Sk koga uceshe samo razlikata e shto tamu im gotvea vo ucilishte,isto kako vo gradinka.
Za djeparlak seushte nema potreba sepak si shtedi paricki I si kupuva nekoj sitnici za nego.

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

clock-img

17.09.2013, 08:07

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

Јас џепарлак давам сега ,кога на училиште на почетокот немаат храна,тие се хранат цело одделение месечно сме зачленети и си има мени за секој ден различно.Е сега некоја недела ќе си купува кроасана,тост или што сака,и давам 30 денари,но кога ќе почне да се храни преку училиште го укинувам џепарлакот.Ќе има време за да си има свој џепарлак,сеуште е мала.

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

17.09.2013, 08:47

clock-img

Tanjat7880

pencil-img

1256

Ne davam ni jas pari,vo shkolo ima I dorucek I rucek I uzinka a posle shkolo sega za sega zaedno odime I se castime,koga ke pocne sam da krstosuva po naselbava e togash ke mu ja mislam!

Последни статии

article-img