за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Успешна македонско - словенечка културна соработка
Скопје, 24. март (ИНПРЕС)
Утре и задутре, во посета на Република Македонија и на Министерството за култура ќе престојува министерот за култура на Република Словенија, Мајда Ширца.
Утревечер, во 20 часот, во Музејот на современата уметност, министерите за култура на двете земји Елизабета Канческа - Милевска и Мајда Ширца ќе се обратат на отворањето на изложбите: „Современа словенечка архитектура 1999-2010“ и „Јоже Плечник (1872-1957 ), архитект во Љубљана, Прага и Виена“.
Изложбите се во рамките на 15-тото Биенале на македонската архитектура „БИМАС 2010“.
Посетата на словенечката министерка на нашата земја е уште една потврда на традиционално добрите односи меѓу Република Македонија и Република Словенија во областа на културата.
За време на престојот ќе биде остварена и официјална средба меѓу Канческа-Милевска и Ширца, на која ќе се разговара за продлабочување на културната соработка меѓу двете земји. Воедно двете министерки ќе посетат и неколку културни знаменитости во Скопје. (Крај)