за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Не сум многу амбициозна личност, јес да имам некои планови за во иднина...но отсекогаш сум им се восхитувала на многу амбициозните личности.
дали сте вие една од нов и која е вашата најсилна амбиција во животот?
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
10.11.2009, 15:25
zami
574
Mozda e sebicno, ama mislam deka mojata najgolema ambicija vo zivotot ja imam postignato Koga ucev i strudirav son mi bese da imam moi objekti izgradeni, sega mozam da se pofalam so poveke realizirani objekti po moi proekti i pod moj nadzor.
Ke izlazam ako kazam deka sin mi mi e najgolemata realizirana ambicija. No mnogu jaka ambicija e da go ,,izvedam na prav pat,,. Da porasne vo cesen, pameten i uctliv covek.
< Поракaта ја уредил zami -- 10.11.2009 15:27:14 >
10.11.2009, 15:28
profesorica
5709
ауууу браво Зами, не е себично зошто па ти па
ајде нека се изјаснат и другите мамички баш ме интересира
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
10.11.2009, 15:29
arh_diz
7198
Zami znaci jas i ti sme koleski. Jas sum mnogu ambiciozna licnost . No edinstvena ambicija zelba neznam kako da go narecam e da imam detence
10.11.2009, 15:30
Bogdancanka
5422
Јас не сум баш некоја амбициозна али можам да го пофалам мм кој е доста амбициозен и се што ќе зацрта остварува секоја амбиција се труди да си ја оствари и горда сум на него.а за некои мои амбиции што си ги имам се рециси неостварливи затоа не се сметам за амбициозна
10.11.2009, 15:33
Bogdancanka
5422
Е ова за детенце да имам ако се рачуна и тоа тоа ми е најголемата амбиција али јас повеке би го нарекла како најголема желба
10.11.2009, 15:37
profesorica
5709
да имаме и тема : вашата неостварена желба.
овде повеќе мислев на работата професијата
јас да ја кажам мојата најсилна амбиција:да отворам училиште за странски јазици еден ден-да си бидам сама свој газда.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
10.11.2009, 18:22
Anushka
1392
најсилната амбиција во животот ми беше да бидам мајка. Му блгодарам на Бига за 3 плус 2 пакетот!!! Инаку, втора амбиција во животот ми е дипломатијата, протоколот и мојот драг, јапонски јазик..
11.11.2009, 14:29
Iva
626
Отсекогаш сум била амбициозна личност уште од многу малечка, но имаше еден период во мојот живот кога проблемите не ми дозволуваа да си се посветам на мојата амбициозност. Затоа сега се заинатив да си го дозавршам факултетот, еве работам, дома сум со две дечиња и со двајца стари родители. Многу тешко но некако успевам
11.11.2009, 14:43
mother 29
4405
јас сум ептен многу амбициозна,дури понекогаш болно амбициозна ама ете таква сум!?
а за најсилна амбиција ...тоа нека остане мала тајна хеххехх ништо страшно не е
< Поракaта ја уредил mother 29 -- 11.11.2009 14:44:44 >
11.11.2009, 15:11
ripce
2148
пошто кај мене работите факултет - па мајчинство се испревртија, па прво дојде мајчинството, ми остана факултетот да го завршам... значи тоа ми е една амбиција, па да се вработам, а приоритет ми е да го воспитам син ми во здрава, паметна личност
21.04.2012, 12:55
kikicka
4218
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska RR
Дали секогаш ги остварувате целите кои сте си ги поставиле? Дали би биле среќни целиот живот да останете на она работно место на кое сте во моментот без напредок ? Колку ве исполнува еден остварен план без ничија помош само со ваш труд?
Јас многу си поставувам цели ама како да нема храброст да ги остварам.А досега од моето работно искуство , не можев да останам таму зашто не гледав некој напредок, политиката беше седи таму кај што си се нашол. И кога би нашла подобра работа секогаш би одела погоре колку што можам.
Вие?
ИЗВОРНА ПОРАКА: JovanaJ
Gi ostvaruvam sekogas site celi sto gi postavuvam. Sekogas se stremam za poveke i znam deka mozam poveke. Nikogas ne ostanuvav na rabotno mesto sto ne me ispolnuvase pa duri i koga bevme so malo bebe i edna plata od mm i koga postojano trpev kritiki deka sum "prebirliva". Znaev deka zasluzuvam poveke i deka mozam poveke. I bev vo pravo, toa sto go sakav i go dobiv bez nikoj da mi pomogne. Imam rabota sto mnogu ja sakam i od kade sto mozam mnogu da naucam. Sega sum poveke posvetena na semejstvoto i recisi site moi planovi se na toa pole
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
22.04.2012, 21:27
mamicki
1111
Не сум многу амбициозна во смисла да имам некоја посебна цел и таа да ми е ѕвезда-водилка, но неверојатно сум упорна и трудољубива, и голем перфекционист, така што нема работа за која сум се зафатила, а да не ја завршам, и тоа најбрзо што може, а воедно секојпат и многу брзо напредувам во дејноста што ја работам, иако никојпат тоа не ми е цел.
23.04.2012, 15:59
Golemo dete
11
Најголема амбиција да работам во образование....Сонував да станам асистент или професор , но за жал џабе амбициозното учење кога со години аплицирање наидувам на истото- немаш врски, немаш пари.....Пробав и во приватно и во државно....Но некако не се откажувам сеуште се борам во таа насока
10.06.2013, 23:45
bucko mal
1431
mnogu sum ambiciozna,sekogash neshto imam vo gleava sto e sledno na shkolo im vikam za dve godini se gledame na fakultet a 10godini se gledam kako uspeshen biznis-menager zaradi toa cesto mi kazuvaat deka sum ambiciozna
10.06.2013, 23:49
sandriana RR
2924
Амбиции имам, ми недостига храброст, ама не и упорност
11.06.2013, 08:12
blond
1268
Една од целите си ги исполнив синоќа, да го достигнам следното ниво на бонус во Авон. Сега амбиција голема за наредниот ектстра бонус. Многу работа бара, ама подготвена сум на се! Идеме на бонус за 1000Е. Јухуууу