cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Видео игри

clock-img

16.04.2012, 15:24

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Дали би му дозволиле на вашето дете од рана возраст да почне да игра видео игри? Денес има многу игри кои се базираат на насилство, па моето прашање е дали би останале рамнодушни пред таквите видео игри за деца или пак би му забраниле на детето да ги купува и игра истите? Воедно, дали би му дозволиле на сопругот да ги игра, додека за детето ќе бидат забранети?

< Поракaта ја уредил Ikana -- 16.4.2012 15:29:51 >

clock-img

16.04.2012, 15:27

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Доколку постои ваква тема слободно заклучете ја.
Јас секојдневно се соочувам со проблем од овој тип...имено мојот сопруг е буквално фанатик за видео игри. Но, најчесто игра игри како фудбал, градење цивилизации итн...што не се карактеризираат како насилни. Доколку моето дете донесе ваква игра дома, не би ја забранила, туку би му објаснила кон што води тоа, и би пробала да резонирам (колку што е тоа можно). Забраната би ја искористила во краен случај.

< Поракaта ја уредил Ikana -- 16.4.2012 15:30:24 >

clock-img

16.04.2012, 15:45

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

Пфф видео игри насилни секако дека би забранила,додуша јас за цртани викам уште сега да не се пуштат насилни,или било какви агресивни цртани.
Од мала игравме со брат ми видео игри обично тој имаше нешто со тркање коли,па некои борбени и сл. додека јас секогаш бирав барбики нешто како мејк овер , али никогаш тоа не сме го употребиле на пр. како сега што децата што гледаат тоа прават и надвор од видео играта или цртаните или било што.
Оф топик ама мислам дека и продавањето на насилни играчки како на пр. Пушки,митролези,пиштоли доведува до насилно понашање на децата.

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

clock-img

16.04.2012, 17:26

clock-img

niki

pencil-img

4299

Seuste iskusenijata na ovie vreminja se generalno nepoznanica za moeto dete, osven crtanite filmovi.
No, ete koga bevme kaj oftalmologot zaradi astigmatizmot i ocniot muskul ni bese preporacano na kerka mi da i kupime nintendo i da i dozvoluvame da igra sekojdnevno po polovina cas da go vezba ocniot muskul i fokusiranjeto. Taka da sum primorana na tehnologijava da ne gledam tolku crno i da ja prifatam i so nejzinite pozitivni strani.
Denes e mnogu tesko za nas roditelite da vospostavime nekoj balans i umerenost vo se sto se nudi, a se nudi mnogu, prakticno sme bombardirani od se i sesto i se prasuvam kade da najdeme tolku vreme za se da prosledime, za da mozeme da procenime sto e dobro a sto ne, i do koga e dobro, a koga preminuva nekoi granici.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

16.04.2012, 17:51

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Ќерка ми мисли дека игрите кои ги имаме на компјутер и оние кои мм ги прави се само за возрасни и дека за деца нема игри. Сега за сега така ќе ја заштитувам од секакви игри на компјутер, а и воопшто за седење пред компјутер. Едни пријатели кажуваа дека откако на ќерката, која има 4 години, и покажале дека на компјутер може да игра барбу фризерница и продавница, девојчево престанало да си игра со играчки. Ниту пак надвор сака да оди. Од градинка право дома на Барби чупање и генирање. Сега се каат што воопшто и кажале дека постојат игри за деца.
Мм игра многу игри и тоа му е дел од работата, но јас не дозволувам да игра насилни игри (со пукања и крвишта) пред Нина.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

17.04.2012, 11:46

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

И јас тоа сакав да кажам, дека буквално се далдисуваат по игрите компјутерски децава и забораваат што е живот надвор од компјутер. Внук ми најголемиот почна со мм да игра World of Warcraft, игра која има бесконечно голема платформа, и детево се заборави, не излегуваше надвор, оценките во школо ги расипа, катастрофа. За што? За игра....глупости. Никогаш нема да и дозволам да уклучи компјутер за нешто друго, освен за домашни итн, под мој надзор, се додека не порасне и не почне да разбира колку е суров интернетот.

clock-img

18.04.2012, 12:12

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Па натаму ни оди светов, cyber life, алиенација. Вистина е дека видео игрите имаат влијание врз децата, ама пак исто така имаат влијание и цртаните, и телевизијата па и приказните што им ги читаме секој ден, и сите овие влијанија не ги сврстувам баш во добри влијанија.. Веројатно треба да го канализираме и валоризираме влијанието преку она нашето секојдневно воспитување на детето. Тоа се предизвиците на новото време кои треба да ги совладаме, нема ништо да постигнеме ако ги игнорираме.

clock-img

18.04.2012, 12:15

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Јас прочитав за позитивните и негативните ефекти на видео игрите. Меѓу позитивните се набројуваат, чувството за координација, организација, логистика, проценка, употреба на ресурси, развивање на јазични и математички способности итн...
Меќу негативните беа, губење на контактот со средината, насилството во игрите.

clock-img

18.04.2012, 13:08

clock-img

Џесика

pencil-img

2036

Мм игра секојдневно, сега игра онлајн со трки, и малиов спобудалува, сака да возел и он... Тоа со цивилизации градење не го интересирало син ми, ама еве овие динамичните ептен му запнуваат за око... А мм пошто е фанатик, имаме големо несогласување околу видео игрите. Тој упорно тврди дека „нема шанси“ детето наше да не тргне по неговите стапки, т.е. да ја има страста спрема компјутерот, видео игрите... ако не, тој сам ќе го учел user posted image Јас сум противник на тоа да дете во развој чмае на столица и само штрака со прстињата, се ежам на помислата... дури и го зезам мм, ќе му вика „ајде сине, сега со палецот ШУТ-ГООООЛ“ ќе играле фудбал??? Дај Боже да успеам да го заштитам од таа „зараза“ алергична сум на видео игри... Башка, еднаш во Бисер шетајќи загледувам едно дете „пушта зраци“ напаѓа, користи некои клингонски зборови... некако не ми дојде убаво син ми така да се внесува...А ние шубаво тетрис си имавме, логика, координација, а сепак остануваш во реалноста...user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

clock-img

18.04.2012, 16:32

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Само Симс признавам user posted image user posted image user posted image

И Нид фор спид. Таа со мм ја игравме по 24 часа пред да се породам.

< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 18.4.2012 16:33:31 >


_____________________________

Live and let live

clock-img

18.04.2012, 21:22

clock-img

mamicki

pencil-img

1111


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Само Симс признавам user posted image user posted image user posted image


Eden period bev bolna od simsanje po cel denuser posted image

clock-img

06.01.2013, 23:27

clock-img

ivemace

pencil-img

84

Za tretiot rodenden mu ja kupivme Eye Pet... za da ne stavam linkovi tuka slobodno pobarajte ja na net i ke vidite za sto se raboti. Ako im dozvoluvate na decata da igraat ovaa e poln pogodok user posted image (dodusa i mama bese zarazena edno vreme )user posted image

clock-img

07.01.2013, 12:42

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Мм ниту јас не играме видео игри, така да нема бргу да биде заинтересиран за тоа, додека да види на друго место.
Ама и ние кога размислуваме за влијание за се живо, навистина е тешко да се одреди и постави граница докаде може да се оди.
Имаше една емисија на тв, и се сложивме со мм во врска со тоа дека дури и приказните/бајките, навидум безазлени можат да носат негативно влијание. На пример, Волк ја поједел црвенката, па вештица која ги брка и заробува Ивица и Марица, и така натаму, се тоа содржи и насилни дел, нели?
Од друга страна како на дете да му објасниш што е добро, ако не познава и пример за лошото? Не знам... во секој случај мислам дека ќе прескокнеме и овакви приказни/бајки.

clock-img

07.06.2013, 00:07

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Постојат спротивставени аргументи, во јавноста, за тоа колаква е користа од видео игрите за развојот и воспитувањето на децата. Многубројни се оние кои предност во позитивно делување на развојот на децата им даваат на традиционалните игри како што се игри во природа со врсници, спортови и слично.

Спротивставените стојалишта уште повеќе ги збунуваат родителите. Загриженоста е оправдана затоа што оние кои ги истакнуваат позитивните ефекти недвосмислено набројуваат значајни користи за развојот на моторните и мисловните процеси кај децата. Тие велат дека видео игрите претставуваат тренинг за детскиот мозок како што се апстрактно размислување. Во формалното образование вакви техники не се практикуваат.

Еве некои позитивни ефекти од забавата со видео игри:

Логичко размислување. Има голем број на видео игри каде децата го тренираат својот мозок за развивање на креативните вештини за да решат проблеми и загатки.
Развивање на фината моторика на рацете и координација меѓу раката и окото. Ова се случува затоа што кога се прати ликот на мониторот мора да се обезбеди одредена брзина со раката и истовремена акција. Оваа координација секако мора да биде проследена со мисловен процес од мозокот.
Ја развива смислата за планирање и управување. Во видео игрите, обично ресурсите кои му стојат на располагање на играчот се ограничени па така детето треба да размислува како на најдобар начин ќе ги искористи. Ваквите одлуки многу често мора да се донесат и во реалниот живот. Американската асоцијација за планирање и Асоцијација на урбанистите велат дека видео игрите како што е SimCity каде има градби, инспирирале многу деца да се одлучат, архитектурата да ја одберат за своја професија.
Раководење со многу задачи. Обично игрите се правени со брзи и неочекувани промени на условите каде играчот мора брзо да ја промени тактиката.
Развива брзо размислување, брзо анализирање и донесување одлуки. Ова е вистински тренинг за мозокот. Според истражувачите на University of Rochester, предводени од Daphne Bavelier научник за мисловните процеси, со игрите се симулираат стресни активности какви што ги има во реалниот живот. Решавањето на настаните се одлична обука за снаоѓање во реалниот свет. Дури овие научници велат дека играњето видео игри се добри за донесување брзи одлуки и дека се корисни за обука на војници и хирурзи.
Според Steven Johnson, автор на – Лошото е добро за вас – вели дека денешната популарна култура не прави попаметни. Тој вели дека играчите на видео игрите мораат да се справат со тековни проблеми со цел да ја сочуваат и да дојдат до долгорочната цел. Ова го нарекол стратегија на исчекување
Развивање на упорност. Игрите имаат нивоа на развој и додека не се помине првото ниво неможе да се помине на второ и така до повисоките нивоа. Тоа ги тера играчите да бидат упорни односно постојано да се обидуваат додека не успеат да дојдат до следното ниво.
Потоа ја рзвиваат меморијата бидејќи низ играњето треба да се памтат информации кои ќе им послужат за одредн проблем. Потоа ја развиваат концнтрацијата и расудувањето.
Видео игрите се како тренинзи за учество во тимска работа посебно кај он лајн игрите. Таму индивидуалните вештини на играчите се насочени кон успехот на тимот. Според анкетата направена од Joan Ganz Cooney Center наставниците рекле дека студентите подобро соработувале откако користеле дигитални игри во училниците.
Видео игрите според истражувањата ја зголемуваат самодовербата на детето. Тоа е затоа што детето во почетокот почнува со лесни игри односно почетни нивоа. Тоа како ги решава задачите и гради вештини станува се посигурно во своите способности да решава се посложени задачи. Бидејќи во играта успехот може да се постигне преку повторен обид децата не се плашат дека ќе погрешат.Затоа тие се охрабрени да превземаат ризици и да истражуваат. Ова искуство детето може да го искористи подоцна во реалниот живот.
Значи, денес никој не може да го намали влијанието на високата компјутерска технологија во секојдневниот живот. Денешните деца се родени во тој свет. Родителите треба да го искористат знаењето и интересот на своите деца за компјутерите и со нив да го споделат. Според тоа ако родителите ги разберат видео игрите кои нивното дете ги игра и ги сака сигурно ќе може да ги препознае и неговите таленти.

Превземено

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

07.06.2013, 00:08

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Негативни Ефекти од Видео Игри

Најлошите коментари во врска со негативното влијание на видео игрите врз децата се однесуваат на содржините со насилство. Во видео игрите насилството е присутно постојано. Според научната студија на Anderson & Bushman од 2001 година децата кои играат видео игри во кои има насилство имаат агресивни и насилни мисли, чувства и однесување. Кај овие деца намалено е сочуството за другите и потребата да помагаат.

Во многу видео игри, играчот добива награда или оди на повисоко ниво ако е понасилен , на пример ако “убие повеќе непријатели”. Во текот на играта детето постојано гледа насилство, убиства, прободување со ножеви, пукање и слично. Ваквото активно учество во “убиства” и нивно повторување може да стане и вообичаено однесување на детето.

Многу истражувања го потврдуваат ова но, истражувањата на Henry Jenkins од институтот за технологија од Масачусетс (Massachusetts Institute of Technology) покажуваат дека постои намалена стапка на криминал од малолетници во период во кој видео игрите се најпопуларни односно дека видео игрите не се во директна врска со насилството во реалниот живот.

Тој од направените истражувања заклучува дека децата се способни да ги заборават емоционалните ефекти предизвикани од играта. Тие кога ќе престанат да играат ги забораваат истите. Но, има и такви кај кои периодот на интензивно играње видео игри се поклопува со насилно однесување.

Кога децата многу време поминуваат играјќи видео игри може да се случи да се изолираат од врсниците, да ја намалат комуникацијата со родителите, браќата и сестрите.Исто така може да ги намалат другите активности како што се домашни задачи, спорт и интересот за училиштето. Тоа би бил добар знак за родителите дека нешто не е во ред и дека е време нешто да се превземе.

Видео игрите помалите деца може да ги збунат односно да ја изгубат границата меѓу реалноста и фантазијата. Исто така често пати видео игрите имаат пораки со погрешни вредности. Затоа што се наградува насилството, како на пример колку непријатели се убиени. Насилното однесување е единствената опција. Нема можност конфликтот да се реши со преговори или други мирољубиви начини.

Резултатите од едно истражување направено од Argosy University‘s Minnesota School on Professional Psychology полажуваат дека зависниците од видео игри се расправаат со своите наставници, се караат со своите пријатели и имаат слаби оценки во школо. Исто така се утврдило дека учениците кои многу играат видео игри отсуствуваат од училиште токму поради тоа. Многу ученици и сами изјавиле дека слабите оцени се резултат на нивната зависност од видео игри.

И покрај тоа што некои научници тврдат дека кај децата се подобрува концентрацијата, сепак игрите можат да го намалат вниманието и да ја намалат способноста за концентрација на подолг рок.

Видео игрите, заради долготрајното седење може да има лоши ефекти и врз здравјето како што е дебелина, видео напади, оштетувања на рбетот,синдром на карпален тунел.

Истражувањата на National Institute for Media and the Family Minneapolis велат дека децатa можат да станат зависни од видео игри и поради тоа да станат депресивни и анксиозни и да покажуваат социјални фобии.

Од сите овие набројани негативни и во предходниот пост, позитивни ефекти од видео игрите врз воспитувањето и развојот на децата, родителите се ставени пред донесување на една многу внимателно проценета одлука. Произлегува дека родителите не треба да им ги збранат игрите на своите деца и со еден одречен збор “не може” да го реши проблемот.

Напротив денешните деца се родени во светот на компјутерите и тие се дел од нивниот живот и не е добро да им се одземе правото да живеат во него. Но, родителите имаат одговорност и обврска да го надгледуваат своето дете не само колку игра видео игри туку и колку и што гледа на телевизија, на ДВД, какви филмови итн.

Скоро во сите истражувања се истакнува дека агресивните деца потекнуваат од дисфункционални семејства, деца кои се воспитуваат со казни од агресивни родители без љубов и внимание.

Педијатрите од The American Academy of Pediatrics препорачуваат родителите на децата да им понудат и други видови забава па така детето нема да биде зависник од една. Но тоа бара од родителите поголема посветеност кон своите деца, повеќе време проведено со нив, разговор, разбирање и почит. Американската академија за педијатрија препорачува децата да не поминуваат повеќе од 1-2 часа дневно гледајќи телевизија, ДВД, видео игри и сите други електронски медиуми.

Најважно е да се следи однесувањето на детето, какво е влијанието на видео игрите врз неговото однесување. Секое дете не реагира подеднакво. Ако детето станува агресивно према своите браќа и сестри или спрема врсниците тогаш треба да се спречи да игра. Меѓутоа ако се заинтересира на пример за историја или прашува за тоа како се прават видео игрите тогаш тие се корисни за него.

Како да изберете видео игра?

Најважно е да размислите и така да одлучите што е најдобро за вашето дете. Ако мислите дека не треба да игра насилни игри тогаш треба да му објасните зашто тоа би било лошо за него.

При купување да се провери рејтингот на играта. Обрнете внимание на насловот и сликите на опаковката. Можете да ги прочитате критиките за играта на интернет. Понекогаш се случува насилниот дел од играта да се наоѓа во повисоките нивоа. Затоа постојано надгледувајте го своето дете.

Пред да купите видео игра размислете за психолошката и емоционалната зрелост на детето.

При изборот на игрите треба да се води сметка не само за содржината на насилство и вулгарност туку и за тоа колкав ментален ангажман бара играта. Недоволната психичка и ментална зрелост на детето може да има негативни долгорочни ефекти.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

14.01.2014, 14:56

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Пред некој ден бевме на роденден во игротека и таму нели меѓу другото има и видео игри. Никола за прв пат ги запримети и скоро цело време стоеше до децата кои играа. Тој нели не знае што е тоа, не му беше баш јасно, мислам дека мислеше оти гледаат цртан, ама пак нешто се сомневаше, Потоа ме прашуваше каков цртан е тоа и што правеле дцата со тоа што го држеле во рацете. Некао се обидио да му објаснам дека тоа е играчка за поголеми деца, ама никако не ја заборава, еве секој ден ме прашува кога тој ќе пораснел за да си игра така, хе, хе синкир за еден ден се растело. Некако не ми се пушта игри од сега, ќе видиме колку ќе напнува..

clock-img

14.01.2014, 16:31

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

Za video igri sto da kazam postojano igra,ako ne gleda crtani togas igra video igri.Znam za negativnoto vlijanie na video igrite no nema sto da pravam.Zapocna navidum kako samo koga jade moze da igra no poleka poleka toa se pretvori vo negovo sekojdnevie.Ne znam poveke sto da izmisluvam za da go nateram da ne igra tolku igri.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

Последни статии

article-img