за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Една студија во Фиренца, покажала дека црното вино поволно влијае на сексуалноста на жените. Во истражувањето учествувале 789 жени на возраст од 18 до 50 години. Жените одговориле на прашалникот фокусиран на 6 аспекти. Во прашалните имало прашања за зачестеност на желбата, возбудата, оргазмот и болката за време на сексуалниот однос и степенот на задоволување во текот на последните четири седмици.
Жените кои дневно пијат по една до две чаши црно вино покажале значително подобри резултати во смисла на поголема возбуда и задоволување со помала болка.
Црното вино е корисно и за мажите
Малку постаро истражување, покажало дека виното поволно влијае на сексуалноста на мажите. Во умерени количини, до три чаши дневно, би требало поволно да влијаат на траењето на ерекцијата, а пред се на можноста за подоцна ерекција.
< Поракaта ја уредил AnnaMolly -- 28.6.2011 8:35:45 >
16.06.2009, 10:33
mami
8680
значи, мои дами и господо набавете винце дома
16.06.2009, 10:40
Еца
6692
одма се напив една чашка, сака некој? А не, не вие сте на работа, а јас дома, мене ми е дозволено
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
16.06.2009, 10:42
mami
8680
аа така со препишување не играме..ние на работа што??? да пукнеме од мака уф како би си отишла дома, да си отвориме едно винце со мм и да уживаме во тишината и самотијата, барем до 16ч
23.06.2009, 19:25
mami
8680
ете јас за вечер решив да отворам едно винце и да уживам со мојот сакан...
23.06.2009, 21:39
Еца
6692
и јас би сакала, но кај нас дома е лудница па нема шанси ни вино ни со вино, а за секс па да не правам муабет кога ќе си останеме самички еднаш...некогаш и негде
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
23.06.2009, 21:43
mami
8680
знаеш Анушка некаде напиша дека ја користела гаражата на помош, па најдете алтернатива, ако веќе се појави желбата
23.06.2009, 21:50
Еца
6692
Мами мислам беше кај нас виде каде е гаражата ,на паркинг, мислам до таму уште не сме стигнале...ама како оди може еден ден
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
24.06.2009, 08:14
mami
8680
аааа немој така на паркинг, мила, не си до таму сеуште..еве ке ви ја позајмам нашата ако сакате
24.06.2009, 08:32
Еца
6692
Фала, фала мами, инаку вие како поминавте со виното и останатиот дел Вчера малку ти позавидов, ама ќе дојдат и моите минути
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
24.06.2009, 08:41
mami
8680
еее мила, ништо не си пропуштила...си облеков едно убаво црно чипкано комплетче, земав две чаши за вино и вино нормално, седнав до него и му викам- Сакаш да испиеш некое вино со мене, а тој- Не, и продолжи да си гледа во лаптопот, го бакнував а тој ништо...едно време само се заврте и ме гледаше, без никако да изреагира, ги оставив чашите и реков Ако ме сакаш таму сум- и си отидов во спална...Колку ужасно глупаво се чувствував..си облеков пижами и си легнав. Кога си легнал незнам, заспав
24.06.2009, 08:51
Еца
6692
аууууууууу мами, што не си му дала една воспитна. Леле јас еднаш одамна така ми се случи со мојот сакан, ама толку сум се изнервирала зошто тогаш уште си бев некако повлечена и иницијативите беа повеќе негови. ќе го изедев, прв пат да не се контролирам кога се зборовите во прашање. И така повеќе никогаш не се повтори.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
24.06.2009, 08:55
mami
8680
не сакам веќе а расправам...ако сака ок, ако нејке негово право..само да ми каже до кога ке тераме вака, до кога нешто друго ке биде поважно од мене, зошто ми недостига, навистина ми недостига да ме
10.08.2009, 09:38
mami
8680
Жените кои пијат вино имаат подобар сексуален живот
На благодатите на црното им нема крај. Најновото истражувања кое е спроведено во Италија откри дека кои уживаат во црното вино имаат подобар сексуален живот.
Истражувањето кое го направија научници во Тоскана откри дека една или две чашки црно вино дневно водат до поисполнет живот во спалната соба. Научниците од универзитетот во Фиренца испитуваа 800 жени на возраст од 18 до 50 години. Тие дојдоа до докази дека жените кои секојдневно пијат мало количество на црно вино повеќе уживаат во сексот од оние кои не пијат.
Научниците во текот на испитувањето обратиле внимание на сексуалниот апетит на жените, оргазмите и задоволството. Жените кои пијат две чашки црно вино дошле до 27,3 бодови, додека оние кои пиеле само по една чашка 25,9 бодови, а оние кои не пијат 24,4 бодови.
- Историски гледно уште од античка Грција се знае дека помеѓу виното и сексуалноста има голема поврзаност. Жените кои пијат умерено вино имаат подобар и посреќен сексуален живот. Сепак не е доволно истражено и ќе се трудиме да одиме во тој правец, да видиме дали навистина има голема поврзаност помеѓу виното и сексот, изјави др. Никола Мондани.
Интересно е дека за време на истражувањето откриено е дека постарите жени имаат поисполнет сексуален живот од младите.
10.08.2009, 23:44
mami
8680
Ники, за вечер- грабај го и Виното, без него ништо..ајде малку романтика
10.08.2009, 23:50
niki
4299
Vikas, ako nisto drugo ke se napieme bar
10.08.2009, 23:51
niki
4299
I zedna sum, moze ne e loso da pocnam bez nego ... so vinoto...
10.08.2009, 23:52
mami
8680
хахахах само немој да претераш па да му заспиеш пред да дојде
11.08.2009, 08:59
mami
8680
НИки...немој да ми избегунуваш извештај ајде кажувај како помина синока???
11.08.2009, 09:05
niki
4299
Da imase nesto zurka ke pravev, si dojde umoren, me izguska, mi rece izvini sto i ti patis pokraj mene. Mi veti ke si kupel vijagra i taka si zaspavme. Aj moze vecerva......
11.08.2009, 09:08
mami
8680
види и тоа е напредок...значи дека е свесен за тоа и почнал да размислува на темата...значи- не застанувај тука..изненадувај го постојано и ке видиш ке се среди, мора да се среди
11.08.2009, 09:12
niki
4299
Pa iskreno se nadevam, oti vaka ne go biva nikako
11.08.2009, 09:49
Палешка РР
7505
Ники, и тоа е чекор напред.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
05.03.2010, 12:23
mami
8680
Како делува виното на вас? Ја буди желбата или ве тера на спиење?
05.03.2010, 12:25
matushka
510
Pa zavisi od kolicinata... ako e do pola litro ja budi epten, ama ako e poveke ... e togas veke me zaspiva