за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
дали сте помислиле нешто такво? дали ве засега воопшто како му е на оној на другата страна од разговорот? како е да се биде таа личност и како би се осеќале на нејзино место?
28.10.2009, 13:35
mother 29
4405
Се трудам да ги ислушам луѓето и да ги разберам но после серија негативни искуства со обиди на „преземање на туѓиот крст„ поставив граница на својата емпатичност бидејќи почнав да се чувствувам лошо. Сега се служам со метода „ можам да замислам„ или пробувам да замислам како би можело да му биде на оној во другата кожа и барам решенија кои би биле корисни и од помош.
Од луѓето кои не „биле во моја кожа„ и не очекувам да ме разберат, а оние кои не се ни трудат да разберат искрено и не трошам енергија на нив.
28.10.2009, 15:00
vezilka RR
4931
Јас се обидувам да се ставам „кожата на другиот“ секогаш кога преземам некои чекори, секогаш помислувам на тоа како јас би се чувствувала кога тоа мене би ми го направиле и во зависност од тоа одговарам на соодветен начин..
28.10.2009, 15:07
arh_diz
7198
Jas sekogas trgam od sebe kako bi mi bilo na mene da mi napravile nesto sto ne go sakam. Sekogas se trudam da gi islusam i dokolku mozam da im pomognam
28.10.2009, 15:38
Bogdancanka
5422
ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz
Jas sekogas trgam od sebe kako bi mi bilo na mene da mi napravile nesto sto ne go sakam. Sekogas se trudam da gi islusam i dokolku mozam da im pomognam
potpisuvam
28.10.2009, 16:20
big_mama817
1331
се сложувам во целост со arh_diz
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
28.10.2009, 17:27
srekna mama
316
пред неколку години бев на семинар во Белград,т.н Дѕшебрижништво-прекрасно искуство.Токму она што мотхер29 го правела т.е земање на крстот на себе е сосема погрешно.напротив секој човек сака да биде сослушан и на проблемот да се даде совет-значи има една линија помеѓу тие 2 особи,која ако се помине значи дека слушателот се “обесува“на рамо на личноста со проблем и заедно такакажано плачат и плачат и на крај ништо....Сослушај внимателно,дај предлог за решавање на проблемот и никогаш туѓите проблеми не ги носи со себе.
28.10.2009, 17:39
Maca25
7558
НЕ сакам да нанесувам штета и не сакам неправди и затоа секогаш гледам да не повредам некго, затоа што не сакам ни јас да бидам повредена. Секогаш гледам како им е на другите околу мене. Можеби не треба ама јас сум таква, сочувствувам со другите.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
12.11.2009, 08:41
profesorica
5709
Во моментот на разговорот не се ставам во тужа кожа а отпосле се преслушувам и некогаш си мислам:зошто воопшто прозборев, не заслужува.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
19.11.2009, 15:50
mother 29
4405
денес сум цел ден во туга кожа и затоа ме стегна главата!
01.07.2010, 22:37
Bitolcanka
2461
Речиси сите добиваме некоја слика за соодветната личност и носиме донесуваме суд по една-две реакции, не оставајќи му простор и време да се покаже. Изненадени сме од нечија постапка, а кога ќе се најдеме во истата ситуација или кога би го имале нејзиното минато, нејзиниот живот и ние исто би реагирале. Се ставам во туѓа кожа кога сакам да си покажам / докажам себеси дека правилно сум постапила и да го разберам другиот спроти мене. Се водам од девизата "Не прави им го на другите тоа што не сакаш да ти го прават тебе".
< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 1.7.2010 22:43:21 >
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
01.07.2010, 22:46
tereza
784
ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz
Jas sekogas trgam od sebe kako bi mi bilo na mene da mi napravile nesto sto ne go sakam. Sekogas se trudam da gi islusam i dokolku mozam da im pomognam
потпис
01.07.2010, 23:19
niki
4299
Луѓето ги слушам, но не би рекла дека знам да се ставам во туѓа кожа. Совет давам од мој аспект и видување, а тоа дали им помага или не, незнам, сметам дека е секој доволно возрасен од различни совети да го извлече она што нјмоногу нему му одговара да примени во својата ситуација. Од луѓето не очекувам да се стават во моја кожа, бидејќи колку и да се обидувам да го објаснам мојот живот, став, мислење, искуство секогаш останува нешто недоречено.
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
06.12.2013, 17:59
Mihaela 2010
4230
Gi slusam lugeto i mnogu cesto se stavam vo nivna koza. nikogas ne se potsmevam na sudbinite na lugeto bidejki mislam deka se se vrakja. i rabotata mi e takva so posebna grupa na luge komuniciram pa cesto mi doaga da se rasplacam od sudbinata sto ja imaat
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
06.12.2013, 18:04
deluxe
2479
Претежно во животот се водам од мотото:Не преви им го на другите,тоа што несакаш тебе да ти прават. И во ваква ситуација,кога правам некоја постапка што може да го засегне дугиот ,се ставам во негова кожа,и повторно си го повторувам златното правило. Сепак туѓата кожа би ни била претесна на сите,не е возможно да го рабереме туѓиот живот.
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
20.03.2014, 23:45
Defne90 RR
1991
Секој си се соочува во животот со некои текотии или предизвици кои што ние секогаш не можеме да ги разбереме.Не се ставам во туѓа кожа,кога нешто што и се случило на одредена личност јас не можам да го разберам.Значи секој со своите маки и предизвици.Никогаш не можеме да знаеме како се чуваствува некоја личност.Дури и да ни се има случено нешто слично сепак да појдеме од тоа дека секој си се носи на различен начин со тоа.Така да вистината е таа никогаш не можеме да се ставиме во туѓа кожа и со сигурност да кажеме за емотивните состојба на една личност.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!