за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Кој период од историјата ви изгледа најинтересен, во кој би сакале да се вратите..да прошетате..да живеете.. И зошто?
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
30.10.2009, 14:29
vezilka RR
4931
уф, јас би сакала да се вратам во сите периоди по малку, онака да ѕирнам, да видам како навистина се живеело и дали има некаква врска со тоа што го знаеме ние денес, да се сретнам со некои фаци како на пример со Платон, Ван Гог, царица Теодора или Ајнштајн..ама не би се осмелила да живеам во ниеден од нив, особено не како жена, оти жените имале прилично тежок живот до скоро..ако може временската машина да ме однесе во иднината, таму ќе се решам да поживеам..:))
30.10.2009, 14:30
profesorica
5709
Јас би сакала да се вратам во:
Петтиот милениум пред нашата ера во Месопотамија, да прошетам низ градовите-тврдини, да ги видам градините со фонтани полни со ориентални форми и егзотични бои, зигуратите, ѕвездариумите..
Третиот и вториот милениум пред нашата ера во Египет, во времето на Кеопс, Тутмес, Хатшепсут, Аменофис, Ехнатон, Нефертити и Тутанкамон, кога се изградени најубавите градби - од градови, до пирамиди и храмови..
а вие?
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
31.10.2009, 11:05
profesorica
5709
ајде и другите да го чујам (прочитам) вашето мислење????
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
31.10.2009, 11:11
elle
613
Ова прашање е како создадено за мм. Јас ќе одговорам за него сигурно за време на некоја војна или светските или во времето на Наполеон... А јас би сакала да отидам во иднината повеке отколку во минатото...кога би можело...