ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
Сте имале вакво искуство?
Ги гледате ли во очи своите соговорници?
Што со оние кои вас не ве гледаат во очи?
Навистина чудно Ники. Посебно тоа што ова било случај со интервју. Не ми се случило вакво нешто досега. Личноста која не гледа во соговорникот додека зборува делува незаинтересирано, себеси се прикажува како несериозна, неодговорна личност.
Мене за време на интервју кое го вршеа 3 типки постари од мене ми се случи нешто слично. Поставуваа прашања, т.е. 1 од нив, јас одговарав, а останатите 2 се смееја
Не знам што им беше смешно. Најверојатно тоа што бев водена, врнеше снег тој ден, пред да влезам паднав, па бев зацрвенета од студот. Потоа не ми се јавија (не само мене, и на друга кандидатка за работното место, моја колешка и пријателка), но не ни очекував од такви лица после тоа, и да ми понудеа работа немаше да прифатам. Едноставно некои луѓе не знаат за бон-тон. Со нивното однесување делуваат смешно, незрело и простачки.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...