за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Дали на вашето дете му дозволувате да гледа филмови со насилство или да сака да си игра со пластични пиштоли, какво е вашето мислење за ова?
_____________________________
And this is my beautiful life ...
03.07.2009, 08:16
Палешка РР
7505
Се трудам да има што помалку насилство, преку телевизија и компјутер, во животот на мојот син. Но невозможно е. Скоро сите понови игри за компјутер се со оружје почнувајќи од Counter Strike, една од омилените игри на децата. Секогаш му купувам нови, со цел да му го свтрам вниманието и успевам на неколку дена. Последно му ја купив Tomb Raider, но синоќа гледам и Lara Croft држи пиштол во рака.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
03.07.2009, 08:21
mami
8680
леле тоа колку ме нервира..па мора ли секаде да го има тоа оружје?јас на другарка ми и се налутив зошто го сликала малиот како стои до чичко му и со пушка во рака(ама вистинска) се вратиле од лов и ај да го сликаат..такво нешто нема да дозволам никогаш..е сега она што ми е неизбежно- како компјутерските игри едноставно ке пробам да ги сведам на минимум
13.10.2011, 08:49
AnnaMolly RR
6409
Филип доби една играчка пиштол за родеден и многу се заигруваше со неа, ама се скрши. И тоа пред 2-3 месеци. Ама не ја заборава. Сега ќе фати нешто во рака (на пример коцка или некоја лажица) и само вика Пауу! И прави како да пука кон нас.
А во моево маало (на Кале живеам), децата се нон стоп со пиштоли, пушки и ножеви во рака. Летово ги затекнав вака како си играа: девојчињата беа легнати на земја со рацете зад глава, а машките со пиштоли ги држеа на нишан и им викаа, ама не ги разбирав што зборуваат. Страшно!
_____________________________
Live and let live
07.12.2011, 16:01
JovanaJ
911
Ne mozeme da gi izolirame potpolno od ovie raboti. Se trudam da mu go otrgnam vnimanieto na drugi raboti ama sepak nasilstvo ima nasekade duri i vo crtanite. Ne mi smeta koga ke dobie pistol ili puska na podarok. Smetam deka se sostaven del od igrata i fantazijata na decata. Pa i jas kako devojce se sekavam deka sme igrale "indijanci i kaubojci"....nisto nemase strasno vo toa. Duri naprotiv, smetam deka deteto sogleduva koi se pozitivni koi negativni licnosti, kako zavrsuvaat "losite" na krajaot i sl... Pa nemozeme da se pravime deka ne postojat ovie raboti....
08.12.2011, 22:55
miana
6152
mOjava otkakopocna da gleda Polat so mm,pocna i da puka so pistolki po doma vcera i vika na svekrvami- babo aj umri i puka vo svekrvami
08.12.2011, 23:52
Maca25
7558
Ние се трудиме дома да не гледа на ТВ нешто насилно, со пиштоли, крвишта и тепање. Н. не знаеше што е пиштол до летово. Другар и Лука донел пиштол во градинка и и го дал да го види, фасцинирана од неговата играчка одма побара и она да добие ама не и купивме. Е кога бевме на одмор, не размислувајќи купивме пиштол на вода и се прскавме и Н. си го нарече Пиштолко . Се дружеше едно месец дена со Пиштолко и после го батали. Ама и остана тоа пау пау на нас ако не е нешто по нејзино.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
09.01.2012, 09:48
Felly RR
7977
Кога се работи за филмови, Матеа и сама не ја интересира да гледа ТВ, постојано со нешто друго се занимава. Ама пред некое време од дечињата на едни пријатели (двете се машки) виде како си играат со пиштоли, и сега дома често и текнува почнува да пука - и тоа дека нема пиштол, зема една конусна капа, или ролна тоалетна хартија, или пак една ѕвездичка на стапче, се што ќе и заличи дека може да пука, и пау,пау... Уствари и не знае што е тоа пукање и оружје, ама си прави така пау,пау
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
09.01.2012, 10:17
Yummy Mammy
1690
Jas mnogu se nerviram koga na S. nekoj ke i rece "ostaj go pistolot, toj e za maski". Za mene nema maski i zenski igracki, ima losi i dobri igracki. I devojcinjata smeat da igraat i so bageri i so sleperi ako sakaat, bitno mi e da znaat deka oruzjeto i nasilstvoto ne se dobri. Inace prviot pat koga S. vide puska od nejzinoto drugarce bese fascinirana od nea, ja nuskase kako bebe i pobara ista takva ama rozeva
< Поракaта ја уредил Yummy Mammy -- 9.1.2012 10:18:31 >
_____________________________
There are no strangers, just friends you haven''t met yet!
06.01.2013, 23:33
ivemace
84
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR
Филип доби една играчка пиштол за родеден и многу се заигруваше со неа, ама се скрши. И тоа пред 2-3 месеци. Ама не ја заборава. Сега ќе фати нешто во рака (на пример коцка или некоја лажица) и само вика Пауу! И прави како да пука кон нас.
А во моево маало (на Кале живеам), децата се нон стоп со пиштоли, пушки и ножеви во рака. Летово ги затекнав вака како си играа: девојчињата беа легнати на земја со рацете зад глава, а машките со пиштоли ги држеа на нишан и им викаа, ама не ги разбирав што зборуваат. Страшно!
definitivno i sredinata vliae...nie sme vo sever, i aj sea kazimu deka pishtolot e losh? mislam me svakas?
07.01.2013, 00:12
niki
4299
kerka mi ima barbi pistol koj pravi meuri od sapunica i vodeno pistolce so koe si igrame na plaza ovie dve igracki ne gi smetam za strasni, nitu losi a se vo krajna linija zavisi i do pristapot i nacinot na koj se pretstavuvaat igrackite jas so nea si igram so pistolite no nikogas ne i velam sega ke te ubijam, nitu pak pravam zvuci koi imitiraat vistinsko oruzje obicno pravime mnogu meuri koi dodeka pagaat se obiduvame da gi fatime na dlanka so pistolot na voda se prskame obiduvajki se da pogodime razlicni delovi od teloto vo nejzino prisustvo ne gledame nasilni sceni so oruzje, a ako slucajno i vidi nesto togas i objasnuvame i odgovarame na prasanja ako gi ima, no najcesto se plasi i ne saka nitu da zboruva za toa nitu da gleda
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
18.01.2013, 12:16
vezilka RR
4931
Имаме дома два пиштоли на вода и до скоро со нив си игравме прс, прс. Е од скоро почна да вика пау, пау, те пукам, падни. Богами се зачудив од каде сега ова, и деновиве тоа му е меѓу поинтересните работи. Јас секој ден му викам абе не се праи пау, се праи прс, тој ми вика не, не, се праи пау. Очигледно дека не можам да го убедам дека се праи прс, па решив да му објаснувам дека пау се прави само на лошите чичковци и тетки, иако се прашувам колку тоа моѓе да го свати. А се си мислев дека ова ќе ни дојде на репертоар малку подоцна, ама ете не предвари..
18.01.2013, 12:27
Mihaela 2010
4230
Имаме дома два пиштоли на вода и до скоро со нив си игравме прс, прс. Е од скоро почна да вика пау, пау, те пукам, падни. Богами се зачудив од каде сега ова, и деновиве тоа му е меѓу поинтересните работи. Јас секој ден му викам абе не се праи пау, се праи прс, тој ми вика не, не, се праи пау. Очигледно дека не можам да го убедам дека се праи прс, па решив да му објаснувам дека пау се прави само на лошите чичковци и тетки, иако се прашувам колку тоа моѓе да го свати. А се си мислев дека ова ќе ни дојде на репертоар малку подоцна, ама ете не предвари.
hahah e sega mislete mu ja koga nema da mu se bendisa nekoja tetka ili cicko... Zavcera i M me iznenadi...losi i bile ucitelkive sto i se sega,posto nejzinata e na odmor i ke ja frlela vo kanta i ke zemela noz i ke i go isecela liceto mislam horor...
18.01.2013, 12:35
vezilka RR
4931
Ааа, и ние го имаме моментот со фрлање во канта ако нешто не му е по ќеф или ќе те тепам со стап.
14.05.2013, 13:09
vezilka RR
4931
Еден период само пукаше со нешто, со тие пиштоли на вода, со што му дојдеше до рака. И му купив пиштол пластичен, ама личи баш на пиштол и престана да му биде интересно да пука. Сега се поретко си игра пукање, се надевам скроз ќе забораи. Тууу, да знаев дека тоа е лекот, порано да купев.
15.05.2013, 11:36
Maca25
7558
Колку пати само побарала некој пиштол или пушка или нинџаки и сл оружја. Ама никогаш нема да добие од мене. Единствено што има е 2 пиштолчиња на вода и тие ги вадиме само во лето. Ама многу сака да си игра со машки играчки, си замислува како фрла светлечки бомби, пука со некој пиштол и сл.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
16.05.2013, 17:52
Pepelaska *
3820
Досега не покажал интерес за вакви играчки,може мал е уште ама засега сум среќна.Имаше само една пушка ( поклон) која не му беше интересна ич. Не можам да ја разберам потребата од купување на вакви играчки , а се ежам што на некои деца им е на дофат вистинско оружје.
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !