cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Децата од Хаити

clock-img

25.01.2010, 08:53

clock-img

mami

pencil-img

8680

Исчезнатите деца од Хаити на црниот пазар на луѓе
user posted image Не може да се определи точниот број деца за кои се тврди дека ги нема, пишува "Гардијан"
Лондон - Меѓународните хуманитарни организации, ангажирани на Хаити по катастрофалниот земјотрес, предупредуваат дека децата што се исчезнати од локалните болници по потресот, би можело да се прошверцувани на црниот пазар на луѓе, пишува „Гардијан“.

Засега не може да се определи точниот број на децата за кои се тврди дека никаде ги нема и за кои се стравува дека се киднапирани и прошверцувани некаде надвор од Хаити, но хуманитарните работници зборуваат за дваесетина деца. Стравувањето на овие агенции за судбината на малолетниците е поттикнато од досегашното искуство со Хаити, каде и пред земјотресот беше раширена појавата за шверцување и препродавање на деца на западниот пазар.

Лондонскиот весник забележува дека таа појава на Хаити сега би можело да добие нов замав, откако многу тамошни деца по земјотресот останаа сами, без родителите што загинале во урнатините на Порт-о-Пренс. Хуманитарните агенции ги советуваат луѓето во западните држави, што сакаат да посвојат дете, да не избрзуваат со одлуката за посвојување деца од Хаити, затоа што тоа може да биде „прерана и опасна“ одлука, бидејќи повеќето од нив можеби не се сираци, туку се киднапирани.

Некои земји, како САД, Германија и Франција, одлучија да ја скратат процедурата за посвојување, за да го олеснат извлекувањето на децата од трусната зона, но по пријавеното исчезнување на деца од болниците француските власти прекинаа со брзото посвојување, забележува „Гардијан“. (МИА)

clock-img

25.01.2010, 08:56

clock-img

caci20

pencil-img

1049

Хаити како земјотресна туристичка „мека“


Луксузниот „Навигатор на морињата“ се укотви на Хаити
за туристите да може да нуркаат и да јадат скара

ПОРТ-О-ПРЕНС - Додека преживеаните Хаиќани се
тепаат за парче храна, патниците на луксузен
прекуокеански патнички брод во понеделникот
безгрижно ги минуваа деновите во одморалиште
на околу 130 километри оддалеченост од мизеријата
што го запрепасти светот. Огромниот патнички брод
со 3.100 патници „Навигатор на морињата“ на „Ројал
Карибиен“ се укотви на северната плажа на Хаити за
да можат туристите да нуркаат и да јадат скара. Туристите
се истоварија на брегот Лабади, раскошна и добро
обезбедувана приватна плажа изнајмувана од луксузни
патнички компании, каде што патниците скокаат на трамболини,
пијат коктели на висечки лежалки и купуваат предмети од „домородечките пазари“.

clock-img

25.01.2010, 09:01

clock-img

mami

pencil-img

8680

не ми се верува до каде може да оди човечката бесчувствителност и алчност. некој се бори за живот на само неколку метри од нив а тие си уживаат на плажа.

А дечињата? Останале без родители, и.и полошо- ги киднапирале за да заработат на нив.

некогаш се чудам колку е човекот едно арогантно, бесчувствително суштество

clock-img

25.01.2010, 10:57

clock-img

mami

pencil-img

8680

На еден од руските сајтови прочиав дека стравуваат оти родителите ке си ги продаваат децата на црно само за да имаат средства да преживеатuser posted image user posted image user posted image

clock-img

25.01.2010, 11:02

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289


ИЗВОРНА ПОРАКА: mami
родителите ке си ги продаваат децата на црно само за да имаат средства да преживеатuser posted image user posted image user posted image




Ако си ги продаваат децата,не знам ни дали заслужуваат да бидат наречени родители...А пак можеби на овие деца дури и ќе им биде подобро кај луѓе кои имаат љубов и внимание,кое на децата им е потребно...Не знам што да кажам...Сепак,жалосно...

_____________________________

Love is in the air

clock-img

25.01.2010, 11:08

clock-img

niki

pencil-img

4299

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

На еден од руските сајтови прочиав дека стравуваат оти родителите ке си ги продаваат децата на црно само за да имаат средства да преживеатuser posted image user posted image user posted image



Жалосно и страшно, монструозноuser posted image А велиме дека човекот е единствено свесно суштество способно да размислува...но кога делува е полош и од животно


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

25.01.2010, 11:08

clock-img

mami

pencil-img

8680

несреќата ги тера луѓето на чудни работи, вака или онака пак страдаат најневините- дечињата...

clock-img

25.01.2010, 12:04

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

тоа што се случува на Хаити е апокалиптично. Мислам дека многу од родителите од очај, и токму од љубов кон своите деца, се откажуваат од нив, за да им обезбедат барем шанса заподобра иднина.
Мое прашање-дилема: кој родител повеќе си го сака детето - тој што ќе потпише дека никогаш повече нема да го види, а знаејќи дека му обезбедува сигурност и перспекива, или оној, кој ќе го остави детето да ја дели неговата трагична судбиба?
Вакви ситуации како на Хаити, имало долж целата човечка историја (последно слично било за време на војната во Кореа)...

clock-img

25.01.2010, 12:06

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

тоа што се случува на Хаити е апокалиптично. Мислам дека многу од родителите од очај, и токму од љубов кон своите деца, се откажуваат од нив, за да им обезбедат барем шанса заподобра иднина.
Мое прашање-дилема: кој родител повеќе си го сака детето - тој што ќе потпише дека никогаш повече нема да го види, а знаејќи дека му обезбедува сигурност и перспекива, или оној, кој ќе го остави детето да ја дели неговата трагична судбина?м



потпис!!!


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

25.01.2010, 12:09

clock-img

mami

pencil-img

8680

А од каде сигурноста дека тоа дете наме да заврши во некоја од многуте детски армии? или дека нема да влезе во светот на детската порно индустрија?
Јас би да е со мене, колку и да е тешко и мачно

clock-img

25.01.2010, 12:13

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

Aко имаат тие свест да размислат до толку, дека со тоа што ги даваат им обезбедуваат иднина на децата ,таа свест нека ја искористат во планирање на семејствотоuser posted image
инаку мислам дека тоа е безкруполозно,нечовечно .....затоа што тоа го прават само за пари..ништо по напредно  од тоа ДЕКА ДЕЦАТА ГИ ДАВААТ ЗА ПАРИИИИuser posted image
од овие причини не гледам така на работите...туку ги презирам од дното на душата!

clock-img

25.01.2010, 12:15

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

токму тука е и дилемата, Мами... А што ако така му ги скратуваш можностите да преживее?
Кога беше војната во Сараево, паметам слики од вести, каде родителите „буквално“ ги бутаа своите деца во избеглички автобуси и вагони, само да ги спасат од воената агонија... Многу од родителите не знаеја кон која земја се упатени автобусите и дали воопшто ќе стигнат до дестинацијата.

clock-img

28.01.2010, 11:55

clock-img

amelbebe

pencil-img

1105

strasno e luge ne daj boze da sme vo nivna koza

Последни статии

article-img