за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Дали своето дете го ограничувате и смирувате поради комшиите?
Дали ви сметаат комшиска деца, те. буката која прават? Пример, изнад вас во станот живее премногу активно и гласно дете и не ве остава на мира, како и дали се справувате?
Знам дека децата се деца, ама кога се живее посебно во станбена зграда, па и опкружен со комшиите ако живеете во куќа, би било убаво кога би имало некои граници. Дали ја имате граница со децата, до каде им дозволувате, или се им е допуштено?
11.06.2013, 17:24
Felly RR
7977
Живееме во куќа, па затоа може не мислам толку на комшиите, ниту пак ми сметаат комшиските деца. Некогаш се и побучни - посебо во лето, кога играат надвор, ама па деца се. Јас се трудам ептен во време за одмор да не бидеме гласни, ама па дете е некогаш може и ќе се расплаче, не можеш секогаш толку многу да го конторлираш во се.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
11.06.2013, 17:28
Bethany
4534
Нормално не мислам на такви ситуации. Пример син ми стане насабје во 6 саатот и почнува да ги фрла играчките по паркетот. Јас го стишувам, некако ми е шубе, како би било на мене сега да сакам да поспијам а некој ми тропа рано сабајле. Му свртам внимание на нешто друго. Ама знам дека кај пријателката комшијата се качуваше горе да и каже да смири нејзино синче кое тогаш имаше 2-3 години.
11.06.2013, 17:35
temjanuska75
770
Nie ziveeme najgore i nema nikoj nad nas. Vnimavam da ne im pravime na komshiite pod nas buka. Na M. ne mu dozvoluvam da igra so topka doma i da pravi pogolema buka.
11.06.2013, 19:05
niki
4299
ziveeme vo pogolema kuka i nemam nikogo nad nas no komsii pod nas imam samo preku leto vnimavame da bide tivko nautro zatoa i obicno kerka mi togas gleda crtani nekade do 10 casot za da ne pravime buka so igracki vrati isl. koga bese mala poveke sme im precele, bidejki imalo mnogu poveke placki i inaetenja, koi ne sekogas sum uspevala da gi smiram, no sekogas sum gledala da najdam nekoja alternativa da vo tie nekoi kriticni saati nautro i popladne da e sto e mozno potivko, taka sto toa vreme se zanimavame so mirni aktivnosti od tipot crtani, citanje knigi, ili setame ako dozvoluva vremeto, no glavno bidejki e edno dete e mirno e koga ke i dojde edna drugarka i mene mi smetaat kolku se bucni no sreka ne e toa cesto pa ne istrpuvaat komsiite, sepak i togas se trudam da ne im dozvolam da preteraat pa malku ke gi smiram, malku ke luduvaat i taka inaku doma ne dozvoluvam, skokanje, igranje so topka, moze muzika da pustime i da igrame polovina cas, nisto poveke od toa komsiski deca ne mi smetaat se dodeka nivnata igra i buka e vo nekoi normalni granici najvazno da ne e iritiracka ednas imav edni deca od komsii vo kukata nasproti nas koi ke zemea topka i udiraa vo nasiot zid, za toa lupanje imam reagirano
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
11.06.2013, 19:09
deluxe
2479
ziveeme vo kuka,i si imame privatnost,nitu smetame nitu da ni smetaat
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
11.06.2013, 19:20
Bethany
4534
Е тука нормално децата не се криви , туку тие кои се грижат за нив. Па не треба ни да се дозволува се под изговор дека ете деца се. И какви стануваат: диви и разгалени во бескрај.
Комшиите на ист спрат немаат деца, ама затоа кога им дојдат некои деца на гости, тоа е ужас. Цела зграда ги слуша. Најлошо е кога веќе одминува 10 навечер и се уште врискаат и се дерат. Па кога тргнат дома се збогуваат пола саат најмалку во ходникот и за сето тоа време децата врескаат а никој не се сети да им каже: потивко, луѓе спијат, не е убаво така! Е тоа ме вади од такт.
И онда се враќаме на почеток од претходните теми во врска со обзирност, ако излезам и им речам веднаш сум јас лошата
11.06.2013, 23:19
vezilka RR
4931
Бидејќи сме во куќа мислам дека не сметаме многу, барем никој не се пожалил. Е сега летно време сме повеќе надвор па може и ссме зааметале понекогаш кога не сме можеле да исконтролираме некоја ситуација. Аама пак,никој не се пожалил. Ниру пак мене ми паднало на памет да се жалам на галама од деца. Детска галама можам да истрпам. Ама ако доаѓа од возрасни, тогаш ми смета.
11.06.2013, 23:31
Snowhite RR
5042
Во комшиите едните се по цел ден на нива, а кај другите има само една баба, а синот не е по цел ден дома, други немам во близина.
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
11.06.2013, 23:41
niki
4299
ima razlika pomegu galama i buka koja se pravi so treskanje igracki, skokanje od krevet/stol na pod, treskanje vrati, duvanje vo pistalki isl. ovie vtorive ne mi se za toleriranje i gi sankcioniram kaj sopstvenoto dete a ne bi mi bilo voopsto prijatno da gi slusam od komsiite nad mene, koga bi gi imala
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
26.08.2013, 22:10
Felly RR
7977
А што правите кога седнувате во двор, и одма ви доаѓа некое комшиско дете, со кое баш и не сакате многу вашето да се дружи?
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
27.08.2013, 17:13
rina13
1147
Јас не би направила ништо, би ги оставила да си поиграат малце под мој надзор и после ќе му речам сега ќе идеме да се бањаме па утре ќе си играте. Инаку во врска со комшии сега немаме проблем живееме во куќа па не сметаме никому. Кога живеевме во зграда ми викаа комшиите ние не ве гледаме ама ве слушаме. Па побогу дете штотуку родено што може да прави освен да јаде, спие и плаче зарем треба со сила да му затнувам уста како можете да му објасните да не плаче. Не ми пречи лупање тропање смеење во доцни часови, гласно зборење во ходник, сме биле подготвени на тоа кога сме решиле да живееме во зграда. Зарем треба на прсти да одат луѓето низ дома кога ние одмараме и обратно. Сепак не е времето на комунизмот кога се знаеше кога се работи кога се руча кога се одмара. Секој има прво да прави во својот дом што сака во нормални граници.
27.08.2013, 17:32
Mihaela 2010
4230
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR
А што правите кога седнувате во двор, и одма ви доаѓа некое комшиско дете, со кое баш и не сакате многу вашето да се дружи?
Off jas nekogas t.e mnogu cesto se naogjam vo vakva situacija,znaci so tie komsii ubavo si ziveeme i decava epten se druzat no ima momenti koga sakam da si ispijam kafe na raat i koga ke mi se tupne komsiskovo dete umiracka mi e.znaci umorna od rabota sakam odmor a toa ete go kaj mene,a sto e naj interesno sto negovite ne ni znaat kade e bukvalno ostaeno samo na sebe,tie spijat odmaraat a jas nemozam moevo od umor da go poglednam a kamo li uste edno dete..ama ima takvi bez oset stio da im pravis
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
27.08.2013, 17:43
vezilka RR
4931
Леле и ние имаме едно такво комшиско дете, малку поголемо од Никола. Додуше не влегува многу често во двор, изгледа го караат дека не смее без прашање, ама ќе почне да го вика Никола на улица. А на Никола толку му треба, веднаш е на улица. Ајде што ќе ме извлечат и мене на улица, ама толку е хиперактицно детево и трча нагоре, надолу по улицата, што јас не можам да ги контролирам, а богами тоа не слуша ни мајка ни баба, а камоли мене. И смрт ми е кога ќе го викне на улица.
27.08.2013, 18:02
Bethany
4534
ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13 RR Не ми пречи лупање тропање смеење во доцни часови, гласно зборење во ходник, сме биле подготвени на тоа кога сме решиле да живееме во зграда. Зарем треба на прсти да одат луѓето низ дома кога ние одмараме и обратно. Сепак не е времето на комунизмот кога се знаеше кога се работи кога се руча кога се одмара. Секој има прво да прави во својот дом што сака во нормални граници.
Да, не е време на комунизмот, ама јас мислам дека пристојното однесување, посебно кога се живее во станбена зграда, не е поврзано со комунизмот, туку со основниот ред и култура. Може исто да се рече дека и ако тие сакале да тропат и да се понашат ко дивјаци, можеби тие не беа доволно подготвени за животот во заедница.
Куќен ред би требало да има, не знам, ама јас одраснав со такво некое неписано правило, не во смисла кога кој јаде или одмара, ама треба да се почитуваат и другите кои живеат тука. Па забога, сега ќе им загорчувам живот затоа што јас ете имам право да правам што сакам во мојот стан. А има, посебно во последното време, толку многу екстремни случаеви, каде што човечката себичност оди многу далеку. Почнувајќи од се повеќе примери на родителите кои баш ги е гајле за други деца на игралиштето кое е јавно, а не па во личниот стан во станбена зграда.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
27.08.2013, 18:04
Felly RR
7977
Па и ова кај нас е баш така, хиперактивно дете, некогаш М од што не е навикната така, само стои и го гледа, не знае дури ни што да направи, или пак почнува да беснее заедно со него. Еднаш дојде, па ајде играа, па му се пиеше вода, и слезе кај свеки долу да се напие, па си седнало детево да гледа ТВ, а ние сите со мајка му седиме во двор. Одвај го наговорила свеки да дојде и тоа надвор.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
28.08.2013, 15:54
eleonorastrumica
196
И моето е хиперактивно дете,среќа голема имам што комшиите под мене имаат и тие малечко поголемо е од моето само неколку месеци,така да немаме проблем,дали оти сме повеќе млади брачни парови во зградата со помали деца секој за секој има разбирање барем за сега
29.08.2013, 10:06
sandriana RR
2924
Се сложувам со Бетани за граници на пристојност и обзири и кон другите, иако многу ретко се почитуваат во последно време, општо земено. И јас пораснав во големо соседство, каде владееше куќен ред, и задолжително се почитуваше. Гледам дека и новите генерации дојдени во истото соседство се трудат да го задржат истиот. Нормално, кога има мали деца/бебиња секој за секого има обзир и трпение ако бебе плаче, но за веќе поголемите деца се воспоставува ред. Сега преминав во куќа, но пак имаме многу блиски соседи, те, куќите се блиску една до друга, но навиките од старо маало си ги донесов со мене, па внимавам Т да не збеснува и да досадува. Ако ја повикаат соседите да ја поиграат од ќеиф, гледам да не биде повеќе од 20тина минути сама кај нив - или им се придружувам уште кратко време, или си ја земам дома. Во близина имаме уште неколку дечиња на приближна возраст колкуТ, но немаме често контакт со нив, па не би можела да коментирам за нивното однесување.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
06.12.2013, 11:00
Mihaela 2010
4230
nekako koga ke dojde ladno,zima,site se zatvaraat po doma i retko se gledame so komsiive,osven vikendi koga cite doagaat na kafe ili nie odime kaj niv,znaci decava se pod nasa kontrola pisuvav i pogore,letno vreme mi e smrt,sami deca si doagaat kaj nas,i ja neznam sto poprvo dali deca da cuvam ili raboti da sreduvam
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
06.12.2013, 12:20
deluxe
2479
Ние живееме во куќа,и никогаш не ги ограничувам децата ,поради комшиите.Ниту им сметаме,ниту ни сметаат.Ќуќата е рај за децата
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
13.02.2014, 19:34
Defne90 RR
1991
И ние живееме во куќа,но куќата е лепенка со комшиите.Нивните деца се веќе големи а плус и не се веќе овде во македонија доаѓаат само налето или преку зима.Додека беа мали се уште живееја овде и тогаш можам да кажам дека беа и гласни и си играа и лудуваа се случувало да играа и до 12 часот по полноќ, но тогаш ние ќе им тропневме по ѕидот и тие ќе се смиреа.Исто се случувало и обратно со нчите да бидат будни пак тие до касно и да тропаат.Ама сепак никогаш си немаме замерено заради тоа затоа што сепак тоа се деца и децата едноставно понекогаш не знаат за зборот мирен.Сега кога отидоа во странство да ви кажам право некако шубе ми е тивко дали дека си навикнавме на галама и бучава.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!