cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Дискриминација

  
clock-img

10.12.2009, 11:49

clock-img

Enika

pencil-img

1480

Сурфајки по интернет налетав на една приказна за девојка од Британија која пред 2 год била брутално тепана до смрт само поради фактот што изгледала различно од другите. Sophie Lancaster и нејзинот дечко Роб биле следбеници на т.н  Goth  култура...фризура со суканици, пирсови на лице, црна облека.

Ме потресе приказната многу...како може некој да биде осудуван само поради различниот изглед, зар начинот на облекување ја искажува нашата внатрешност и интелегенција???

Ме интересира вашето расмилсување за  ова и дали вие некогаш сте осудиле некој или сте имале лошо мислење само поради надворешниот изглед?

Еве и линк за нејзината приказна  КЛИКНИ ОВДЕ

< Поракaта ја уредил Enika -- 10.12.2009 12:20:02 >

clock-img

10.12.2009, 11:58

clock-img

mami

pencil-img

8680

ах...мене ми се случуваше без малку истото во средно. Јас бев единствена од клас која се облекуваше широко, најчесто темна облека, слушав рок и не се замарав дали денес имам розева или бела тангаuser posted image и бидејќи си се дружев најчесто со луѓето од другиот клас со кои и излегував низ мојот клас процури некоја информација дека се дрогирам ( а јас во живот немам запалено цигара а камоли нешто повеќе)и кажале на класната, а таа на мајка ми..и Мајка ми фино се испоизнасмеа и само и рекла- па добро ако се дрогираше немаше да оди на извидници, немаше да води деца, туку ке си бараше начин да обезбеди пари за дрогаuser posted image user posted image user posted image



< Поракaта ја уредил Enika -- 10.12.2009 12:21:14 >

clock-img

10.12.2009, 12:06

clock-img

Enika

pencil-img

1480

токму за тоа зборам...ние од клас бевме 6 девојчиња кои излегуваа на кеј, идеа во мкц, се облакаа во широко, имаа кратки бушави коси, слушаа рок...и бевме наркоманките од клас...страшно

< Поракaта ја уредил Enika -- 10.12.2009 12:21:28 >

clock-img

10.12.2009, 12:06

clock-img

mami

pencil-img

8680

user posted image user posted image user posted image user posted image тажно е какви работи се случуваат по светов, па и кај нас..

< Поракaта ја уредил Enika -- 10.12.2009 12:21:39 >

clock-img

10.12.2009, 12:09

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Дискриминација по основ на изглед и те како е присутна и кај нас и секаде..еве личен пример..јас во средно бев darker, постојано облечена во црно, па тоа ми беше имиџот..и една професорка цело време ми коментираше за тоа на што сум личела, на женско не сум личела, јавно ја искажуваше нетрпеливоста спрема мене заради тоа како сум се облекувала..отиде до таму што еднаш ми рече, добро е знаеш ама пошто многу се правиш паметна со ова облекава, ќе ти ставам помала оценка..и тоа навистина ми се случи..Деновиве во предвечерјето на донесувањето на Закон за антидискриминација постојано се збори за дискриминацијата, ама ниту еднаш не слушнав некој да ја спомене оваа дискриминација..веројатно не ја сметаат за тежок вид на дискриминација..жално..А мислам дека милион пати сум слушнала некој за некого да донесе заклучок по осноав на тоа како изгледа..

< Поракaта ја уредил Enika -- 10.12.2009 12:21:49 >

clock-img

10.12.2009, 12:13

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

ХИХИ КАЈ СЕ НАЈДОВМЕ СVЕ" ДАРКЕРКИ И НАРКОМАНКИ"..ДА НЕ СМЕ СЕ БИРАЛЕuser posted image

< Поракaта ја уредил Enika -- 10.12.2009 12:21:59 >

clock-img

10.12.2009, 12:22

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

еве една кампања....


КЛИКНИ ОВДЕ





< Поракaта ја уредил mother 29 -- 10.12.2009 12:30:09 >

clock-img

10.12.2009, 12:37

clock-img

Enika

pencil-img

1480

Брат ми е висок човек, има суканици, неколку пирса, тетоважа, нене Готика ама слуша хард кор...и има бебе и жена...и сите се чудат на тоа како он од сите има бебе...да разбирам млад е (23 год има), можеби не очекувале сеа и за нас беше шок, ама па на лугево не им е јасно како тоа он сеа со суканици и пирсови расте дете...мислам незнам кај пишува дека суканицита го прави човекот..сум затнала неколку усти такви што мн си дозволиле да коментраат за него!!!демек таков стил па неспособен за дете...страшноuser posted image

clock-img

10.12.2009, 12:37

clock-img

zami

pencil-img

574

Diskriminacija NE, tolerancija DA

Jas sum protiv diskriminiranje po osnov na nacionalnost, rasa, fizicki izgled, nacina na oblekuvanj, seksualna orientacija.

E tuka ke zastanam i ke ve prasam sto e so homoseksualnosta i nasite deca.
Licno nemam protiv necija seksualna orientacija, ama mediumive glasno popagiraat deka da se bide homoseksualec e OK i tie se sekogas fini, simpaticni luge (mislam na filmovite kade glavni likovi se fini i simpaticni homoseksualci).

Kako da gi zastitime i educirame decata sto e dobro i normalno a sto ne?

clock-img

10.12.2009, 18:25

clock-img

Enika

pencil-img

1480

Ни јас нема ништо против хомосексуалноста...и не мислам дека медиумите ке не натераат да станеме одеднаш геј...неможам јас ако сум хетеросексуалец одеднаш да станам геј ако не сум таква одвнатреuser posted image Мене тоа не ми е јасно

што се однесува до нашите деца...хммм на оваа тема баш зборев еднаш со дечко ми и иаме различни мислења...незнам кога ке дојде време може и друго ке мислам ама сеа сметам дека ке го прифатам како таков...ако е тоа што е...не можеме ништо да направиме

clock-img

10.12.2009, 18:40

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

јас сум за дискриминација. Ама само за една раса на луѓе: ЛОШИ.

clock-img

10.12.2009, 18:49

clock-img

Enika

pencil-img

1480

ех....мн луге ќе треба да се елиминираат тогаш...се повеке и повеке ги има

clock-img

10.12.2009, 18:49

clock-img

ripce

pencil-img

2148

јас сум за дискриминација. Ама само за една раса на луѓе: ЛОШИ.



потпис!никогаш не сум ги делела луѓето на сиромашни-богати, христијани-муслимани, црни-бели-жолти... за мене има само една поделба на добри и лоши!


< Поракaта ја уредил ripce -- 10.12.2009 18:51:40 >

clock-img

11.12.2009, 00:09

clock-img

Bogdancanka

pencil-img

5422

потпис!никогаш не сум ги делела луѓето на сиромашни-богати, христијани-муслимани, црни-бели-жолти... за мене има само една поделба на добри и лоши!


< Поракaта ја уредил ripce -- 10.12.2009 18:51:40 >




потпишувамuser posted image

clock-img

11.12.2009, 10:22

clock-img

biljana16

pencil-img

340

Jas imav prilika da zapoznaam mnogu razlini luge od razlicni drzavi i religii i vo potpolnost se slozuvam so vas lugeto bez razlika od kade se se delat na dobri i losi.

clock-img

11.12.2009, 10:28

clock-img

mami

pencil-img

8680

и јас си ги делам така..неможам да сфатам како некои расудуваат по основ на облека или каква музика слуша или во кој бог верува..ми се случило да на зафрканција да кажам- ај пушти ја плавуша е, или види ја каква е, ама јасно ми е дека за човекот можеш да судиш откако ке го запознаеш.

А за хомосексуалноста што пишаа погоре- ке си го прифатам детето какво сака нека е...тоа е негов избор, како моите што ме оставале сама да одлучувам што и како ке правам во мојот живот така и јас ке му дозволувам него- ако сака да е геј, нека биде, ако сака да е би, нека биде...само едно- нека користи кондом

clock-img

11.12.2009, 10:33

clock-img

Bogdancanka

pencil-img

5422

сум имала доста прилики да гледам како ги делат лугето кој од какво семејство е,кој што има,кој како се облекува,кој каква вера е ...........и многу многу други вакви случки јас сум против тоа и се согласувам со сите дека лугето се делат само на лоши и добри.
А што е до мене мене не ми е проблем да зборам со секакви не ми сметаат за мене сите се исти луге кој каков е за него си е,или кој од која вера е мило ми е да имам што поголем круд на пријатели па и не е толку битно од кај се како се носат или од која вера се,само да се добри.

clock-img

11.12.2009, 10:38

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Според мене луѓето кои дискриминираат се луѓе со ограничени размислувања, луѓе кои сметаат дека само нивната вера, нивниот стил на облекувње, нивната националност е добра, а на се останато гледаат со презир, потценување...

Што се однесува до дискриминација според облекувањето, можам да кажам дека кога почнав да излегувам кај нас сеуште девјките на моја возраст не се шминкаа,а јас просто обожавав да се средам и излезам. Зборувам за возраст на 17, 18 год, и не за шминкање на училиште, за тоа бев и сеуште сум против. Но навечер кога требаше да излегуваме јас се шминкав и тоа многу. Не знам зошто тоа некому му пречеше, но поради тоа што секогаш бев средена, нашминкана јас бев озборувана... а сега секоја нашминкана девојка е ок.  Значи без разлика за што се работи, облекување во црно, суканици...се што е ново кај нас најпрвин го гледаат со некоја резерва, со непријатни коментари, дискриминација.

Според мене секој треба да си суди на самиот себе си и своите постапки, а не на другите, но што да правиме таков народ сме.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

11.12.2009, 10:41

clock-img

Bogdancanka

pencil-img

5422

Според мене секој треба да си суди на самиот себе си и своите постапки, а не на другите, но што да правиме таков народ сме.





потполно се согласувам Еца го делам твоето мислење

clock-img

11.12.2009, 10:46

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

не ги дискриминирам луѓето.

а што се однесува за лично осудување, подобро да кажам озборување, па јас сум мета на озборување поради шминкањето, плавата коса, облекувањето, дотерувањето.не ми е јасно зошто некој што да речам се "замара" со изгледот им смета толку на луѓето.

јас сакам да сум секогаш тип топ средена и скоро и да успевам во тоа но имам познанички и пријателки кои воопшто не се замараат и испаѓа јас сум ненормална или незнам што- зошто си поветувам толку внимание на себе си.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

11.12.2009, 10:47

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

Еца, не сме само ние такви. На пр. работев за Британци. Секогаш ми беше „трлано на нос“ дека таа што е убава и дотерана (карминче, штикли, да ја цитирам шефицата "Hair all over you" демек заводничка фризура со локни) мора да е глупа и лесна. Ако си паметна и еманципрана, ти МОРАШ да носиш рамни чевли, широки пантолони, влакна под мишки и торба за на пазар наместо чанта
Една од причините што си заминав од таа работа беше токму дискриминацијата.

clock-img

11.12.2009, 10:49

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198


ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

Еца, не сме само ние такви. На пр. работев за Британци. Секогаш ми беше „трлано на нос“ дека таа што е убава и дотерана (карминче, штикли, да ја цитирам шефицата "Hair all over you" демек заводничка фризура со локни) мора да е глупа и лесна. Ако си паметна и еманципрана, ти МОРАШ да носиш рамни чевли, широки пантолони, влакна под мишки и торба за на пазар наместо чанта
Една од причините што си заминав од таа работа беше токму дискриминацијата.


potpis
i jas bev vo slicna situacija na rabota

clock-img

11.12.2009, 10:51

clock-img

Bogdancanka

pencil-img

5422

Леле а и такви постојат Професорица што им е чудно и средувањето?Пакој сака нека си се средува мене ми е мерак да видам нашминкани средени жени мнада јас не сум тип што е по шминките али има се радувам на средените нашминканите,не дека не се средувам али не сум многу многу по шминкање али мило ми е кога гледам убаво средени и им се водушевувам.
Поздрав за тебе Профиuser posted image user posted image user posted image

clock-img

11.12.2009, 10:53

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bogdancanka

Леле а и такви постојат Професорица што им е чудно и средувањето?Пакој сака нека си се средува мене ми е мерак да видам нашминкани средени жени мнада јас не сум тип што е по шминките али има се радувам на средените нашминканите,не дека не се средувам али не сум многу многу по шминкање али мило ми е кога гледам убаво средени и им се водушевувам.
Поздрав за тебе Профиuser posted image user posted image user posted image



user posted image user posted image user posted image  фала ти, па така е.и јас сакам кога ќе видам средена, облечена тип топ едноставно мерак да ти е да ја гледаш.а не некој ќе те примети дека си средена и ништо нема да рече а после позади грб ќе збори дека си фреек и ќе те оговара.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

11.12.2009, 11:36

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

..проблемот е во тоа што ние често пати и не сме свесни за дискриминацијата што ја правиме, а тоа се случува зарди тоа што некои стереотипи се толку вкоренети во нашата култура, што ние и не ги перцепираме како стреотипи, туку како апсолутни вистини..на пример ќе ги спомнам Ромите, оти дискриминацијата кај нив е најочигледна..па луѓе јас и до ден денес слушам реченици од типот „ќе те дадам на циганот ако си лош“..и тоа дете што тоа го слуша можете да замислите какво мислење ќе има за Ромите..не знам дали ќе ми верувате, ама во основно имавме едно ромче кое седеше со мене, јас во прва клупа оти ниска, а тој висок за во последна, ама мораше со мене да седи оти другите родители доаѓаа во шкило и и викаа на учителката дека не дозволуваа нивното дете да седи со „циганче“, смрдело..па побогу, секој небањат човек мириса.. вицовите за плавуши, евреи и сл. да не ги ни спомнувам колку ги сметаме за нормални..

Последни статии

article-img