cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Дислексија и дисграфија

clock-img

14.01.2014, 09:54

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Дислексија е состојба која се јавува кај детето во која постојат тешкотии при читањето и разбирање на прочитаното. Децата кои страдаат од оваа болест, имаат тешкотии и при интерпретацијата на визуелните симболи. Иако имаат нормален вид и слух, како и навики за пишување, тие имаат тешкотии при пишувањето на букви или зборови по саканиот редослед или некогаш ги мешаат некои букви, така на пример како б и д или п и н.
Често мешаат и блиски зборови, не обрнуваат внимание на интерпункцијата и читаат со монотон глас. Многу често ги пишуваат зборовите како што и ги изговараат.
Децата кои страдаат од дислексија, не заостануваат во менталниот развој од своите врсници па дури и во некои случаи ги надминуваат. Но, ако дијагнозата не се постави на време и не се спроведе потребното лекување, детето ќе заостанува во училишните активности и ќе почне да пројавува отстапувања во однесувањето.

Дисграфија пак, е состоја при која детето се соочува со тешкотии при пишувањето.
Вообичаено, децата кои имаат ваков проблем, имаат неуреден ракопис, лошо поставен простор меѓу зборовите (некои зборови ги спојуваат), ги мешаат буквите, не знаат кога треба да напишат мала, а кога голема буква, при пишување некои зборови не ги довршуваат и мошне бавно пишуваат.

Дислексијата и дисграфијата не се болести, туку потешкотии кои се јавуваат кај детето. Не претставуваат пречки во менталниот развој или било какви оштетувања на слухот и видот.

Психолозите и дефектолозите се единствени кога велат дека децата со вакви нарушувања често се и натпросечно интелигентни. Kако примери ги посочуваат: Алберт Ајнштајн, Томас Едисон, Леонардо да Винчи, Пабло Пикасо, Волт Дизни, Агата Kристи, Џон Ленон и многу други значајни личности од уметноста, естрадата и од политиката.

Поради специфичните тешкотии, сите тие научиле да развиваат поинаков стил на размислување и визуализација. Но, некои родители не сакаат да соработуваат со стручните лица, најчесто поради стравувањата дека нивното дете на тој начин ќе биде „одбележано“ во средината како неспособно.

Се претпоставува дека секој десетти ученик страда од дислексија и дисграфија, кои кај децата најчесто се манифестираат со чудни грешки во пишувањето, проблеми кај препишувањето од табла, необично решавање на математичките задачи. Без оглед на распространетоста на овој проблем, во Македонија нема ниту едно училиште во кое е ангажиран логопед за да им помогне при учењето на децата со вакви нарушувања.

Во склоп училишта нема логопед ни за лек, а според некои медицински претпоставки (во отсуство на соодветно истражување), секое десетто дете страда од нарушување во читањето и пишувањето. Во училиштата се ангажирани само дефектолози, по еден за сите училишта во општината. Според нивните искуства, бројот на децата што имаат дислексија и дисграфија (неспособност за успешно совладување на вештините за читање и за пишување) е сè поголем но, како што велат, проблемот сè уште не се сфаќа сериозно.

Како родителите се/да се снаоѓаат во вакви услови?

Последни статии

article-img