за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Јас порано не можев да си го замислам почетокот на денот без весник у рака додека пијам кафе. Сега тоа ми го замени комјутерот. И тоа читам филтрирани вести, како куп вести од различни медиуми на едно место. А шафица вика ја не можам така да читам бре, сакам да лижнам прсте и да завртам страница, инаку ко да не сум прочитала ништо. А списанија никогаш не сум ни купувала многу, многу. Купувам само понекогаш Граѓански и Фокус.
Дали купувате дневни весници и списанија? Што најчето читате?
14.02.2013, 09:46
sandriana RR
2924
Јас до ден денес сум зависна од печатен медиум- те, од дневен весник. Останата ми е навика од дете - дедо ми купуваше секое сабајле и си читаше раатски по саат-два. Откако почина, традицијата продолжи и натаму, само се смени весникот. И кај мм ја имаат истата навика (нали, у заедница сме), па редовно дома има дневен печат. Што се тиче списанија- како тинејџерка купував редовно неделни или месечни списанија, ама после буџетот се насочи на друга страна, и ги баталив. Сега, коа ќе одам кај мама ми паѓа по некое трач списание-неделник у рака, па се занимавам пола саат . Електронскиве форми на списание не ми се мој фах, и јас сакам да ми шушне хартија, па и да однесам накај тоалет занимација . Ако ми падне во очи некој линк објавен на социјалниве мрежи од некој портал, тогаш знам и така да читнам. Сепак сум зависник од дневен печат, во опиплива форма .
14.02.2013, 09:59
Mihaela 2010
4230
Porano sekoj den kupuvavme doma dvevni pecati,ama bev nevrabotena i najcesto gi citav iglasite.... Sega retko skoro ic ne kupuvame ,osven jas znam da kupam Moe Bebe,ili nekoe spisanie nameneto za deca... Ama sekojdnevno sledam vesti ,nastani na net... Isto kupuvam od ovie modnive,Tea moderna i sl
14.02.2013, 10:18
vezilka RR
4931
Деновиве на раbота спремаме некоја кампања и треба нешто да излезе и по веснициве. Па така се занимавав со нев некое време и сватив дека тиражот им е ептен, ама ептен намален од добрите стри времиња. Закучокот е дека нема купувачи. Е сега прашањето е дали луѓето престанаа да читаат весници, или читаат on-line.
12.03.2013, 15:30
vezilka RR
4931
Ете во саботата си купив весник, Фокус, дневниот весник, чинки си имавме подлисток во него посветен на март, месец на жените. Ќе си купувам секоја сабота до крајот на март..можеби ова ќеми биде единсвената кариера на новинар, хе, хе..а можеби и не
12.03.2013, 15:31
Ikana
3780
Јас не ни читам вести веќе ме депримираат...ептен непто ако ме интересира на нет ќе си го најдам
12.03.2013, 15:32
Tanjicka
475
gi citam samo na internet i toa vo kafe pauzata
10.04.2013, 09:46
Luci
2250
Сабајлево се запрепастив од веста....Што ти прави алкохол......
Скопјанец си го убил другарот откако тој му упатувал закани и барал да има сексуален однос со неговата сопруга.
Убиството се случило околу 2 часот по полноќ, во куќата на 46-годишниот скопјанец С.Б. на улицата „Охридска“.
Откако претходно двајцата консумирале алкохол, 50-годишниот Н.Х. му се заканил на С.Б. и барал да има секс со неговата сопруга.
Под дејство на алкохол и изнервиран од барањето на пријателот, С.Б. со тврд предмет неколку пати по главата го удрил Н.Х. по што истиот починал.
С.Б. за убиството сам се пријавил во полициска станица, по што е приведен.
Извор: Курир.мк
_____________________________
Рани куче да те лае!!!
08.06.2014, 00:36
Defne90 RR
1991
Јас не купувам дневни весници воопшто.Значи на интернет си ги имам сите новости и не ми се потребни само да ми зафаќаат место по дома и да ми прават ѓубре.А од списанија купувам само Храна и вино затоа што сметам дека сепак тоа си е ептен корисно и затоа што понекогаш не можам да се сетам на страната каде што сум нашла некој рецепт,а така секогаш си ги имам и си ги листам.Инаку и од интернет кога и да најдам нешто веднаш го запишувам во тетратка.А други списаниија не купувам,значи на тие интернет страните како боза и многу други има многу такви информации било за убавината или за модата или музиката во светски размери така да немам потреба од списанија.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
01.12.2014, 20:55
scared RR
1349
Ретко купувам весници, а кога ќе купам тоа е само Вест, некако најбогат ми е, најбогата содржина ми има. И баш знам да се релаксирам читајќи некоја рубрика
01.12.2014, 21:27
caciana
863
Ne kupuvam vesnici zatoa sto sega se ima na internet . Porano cesto kupuvav Taa , Tea moderna i Svet. A sega se imame na internet taka da zaboravivme kakvo bese cuvstvoto da se prelstuva vesnik. Edinstvena hartija koja mi e zanimacija e sudoku sto tatko mi mi go nabavuva
14.11.2015, 19:21
marchi
948
au...jas ne mozam nautro da ispijam kafe ako vo raka nemam nekoj vesnik ili spisanie.pretezno e spisanie