за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Отсекогаш сум и се дивела на принцезата Ранија... колку само прекрасно изгледа, нејзиниот лик ми делува смирувачки, како да сака да каже "се ќе биде во ред, ти само не се откажувај од своите соништа, гледај ме мене, се може да се постигне"... има 4 деца (две машки, две женски, како по каталог), го шета светот како хуманист и тоа гооолем хуманист, стана најпочитувана женска икона во арапскиот машки свет... треба ли да набројувам уште?
< Поракaта ја уредил Viktori RR -- 15.1.2012 16:04:34 >
_____________________________
There are no strangers, just friends you haven''t met yet!
15.01.2012, 14:49
Pepelaska *
3820
Не ме инспирира ниедна мајка/жена , едноставно не можам да поверувам дека успеваат се сами да направат покрај толку обврски и да изгледаат толку свежи, наспани одморени и убави,
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
15.01.2012, 15:07
AnnaMolly RR
6409
Принцезата Ранија (како и сите други богати мајки) дефинитивно не успеваат се сами. Кога човек има доволно пари и луѓе коишто прават се за нив, лесно може да се постигне што ќе посака. Нормално дека принцеза ќе има 4, па и 40 деца кога со неа живеат десетици луѓе коишто секогаш и се при рака.
А за убава и привлечна не одрекувам. Повторно, со толку пари нормало дека така ќе изгледа. И јас да можам да одам секојдневно на третмани за кожа, коса, тело, лице, да купувам најубава и најскапа облека, да имам цел тим луѓе што ќе се грижат за мене, и јас како Ранија ќе изгледам
_____________________________
Live and let live
15.01.2012, 15:12
Tanjat7880
1256
Ja pozdravuvam i jas Princezata Raina,ima pari,ima status ima harizma i kako najgolem kapital decata.Pocituvana i sakana vo cel svet.Srbite velat: -Nije samo imati nego i umeti!!! E takva e Princezata
15.01.2012, 15:17
Ikana
3780
Se voshituvam na i me inspirira mojata baba. Dvete babi vprocem Izgledale 3 generacii deca, zavrsile fakulteti, ednata bese duri i shef na katedra po biohemija na Medicinski fakultet, zboruvase 3 jazici, izgledase besprekorno, gotvese najslatko, bese grizliva majka i izvonredna sopruga i bese najneznata i velikodusnata licnost sto ja poznavam. Seto toa bez timot na Ranija
15.01.2012, 19:51
Yummy Mammy
1690
Lele, Pepelaska i AnnaMolly, bidete malku popozitivni... fakt e deka sekoja princeza ima cela ceta posluga okolu nea ama ne e se do pomosta, ima nesto i vo harizmata i vo zelbata da se bide. Ne sekoja princeza e Rania, ubavo Tanja ja spomna: Nije samo imati, nego i umeti. Na kraj kraeva, ne mora da e poznata licnost...
_____________________________
There are no strangers, just friends you haven''t met yet!
15.01.2012, 20:04
bocence
161
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana
Se voshituvam na i me inspirira mojata baba. Dvete babi vprocem Izgledale 3 generacii deca, zavrsile fakulteti, ednata bese duri i shef na katedra po biohemija na Medicinski fakultet, zboruvase 3 jazici, izgledase besprekorno, gotvese najslatko, bese grizliva majka i izvonredna sopruga i bese najneznata i velikodusnata licnost sto ja poznavam. Seto toa bez timot na Ranija
za tvoite babi jas prosto ne znam kako uspevale uste ednas jas od ova zvercevo do 12 sum vo pizami
27.01.2012, 16:11
JovanaJ
911
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###
Не ме инспирира ниедна мајка/жена , едноставно не можам да поверувам дека успеваат се сами да направат покрај толку обврски и да изгледаат толку свежи, наспани одморени и убави,
E ova go pomisliv uste pred da se otvori temata. Kako jas da sum go napisala....
27.01.2012, 18:39
Pepelaska *
3820
ИЗВОРНА ПОРАКА: Yummy Mammy
Lele, Pepelaska i AnnaMolly, bidete malku popozitivni...
Абе не дека ние не сме позитивни,јас мислев темава е за јавни личности ама не била.Еве еден пример, гледав едно интервју на една наша водителка еднаш , изјави дека таа била самохрана мајка која дома готви ,чисти пери и не посетува козметички салони.После една година истата водителка кажа сосема спротивно од ова, како да заборавила што изјавила пред една година.Е затоа не ме инспирира ниедна мајка јавна личност.А ме инспирираат жени кои се насмеани пред се , ведри , кога им е најтешко имаат сила за децата и сопрузите, имаат волја за дотерување и сл.Искрено да не се фалам јас кога сакам кога ми е денот погоден денот се ќе направам и ќе се дотерам ама има денови во кои сум катастрофа за се .Малку забегав ама интересна е темава а
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
27.01.2012, 19:58
Yummy Mammy
1690
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###
А ме инспирираат жени кои се насмеани пред се , ведри , кога им е најтешко имаат сила за децата и сопрузите, имаат волја за дотерување и сл.
Токму ова ми беше поентата. Сите ние знаеме жени кои инспирираат, дали е мајката, или бабата, тетката, комшиката... поентата ми беше да споделиме најразлични животни приказни кои инспирираат и влеваат позитивна енергија. Можеби грешно почнав, требаше да ја чувам Ранија за подоцна,
_____________________________
There are no strangers, just friends you haven''t met yet!
28.01.2012, 09:38
SkCura77
430
Ме инспирира една тетка на ММ. Има три сина и сопруг јавна личност, а таа самата работи како директорка на голема фирма. Кога и да се видиме, таа секогаш е посветена мајка и жена, голема домаќинка, приземна и нормална, зрачи од љубов, а умот и бизнис идеите си ги штеди за работното место. Сама 4 мажи ги пере, им готви, чисти за нив и нормално дека малку ќе подвикне кога ќе види дека пак станот е лом. Ама со 4 мажи дома не може се да е под ред.