cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Заеми / долгови

clock-img

01.07.2010, 14:49

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Сите ние сме се нашле во ситуација да позајмиме нешто - предмет или пари и обратно - некој позајмил нешто од нас. Нормално и хумано е да се помогне некому, секако. Но, се има граници, па и ова.

Ми се случило за завршена услуга да не ми плати жена. Доаѓаше девојчето на часови една учебна година. Дозволено му беше се, и играње на компјутер и тоа не се сметаше во времето за учење и не се наплаќаше. Со мајка му бевме договорени дека не мора да ми плаќа за секој час, може на крајот од месецот. Но, си зеде таква слобода што ниту на крајот од месецот не ми плаќаше. Девојчето доаѓаше само, му велев да и каже на мајка му, но ни п од пари немаше. Помина 1,5 година, само велеше ќе плати и тоа откако ќе ја сретнев и и речев, сама никако. Се правеше како ништо да не должи, ме поздравуваше кога ќе ме видеше и наместо таа да се срами и да го крие лицето, јас посакував да и ја свртам главата - да не и зборнам. И реков дека нема потреба да ми враќа, не сум дојдена до нејзините пари (не живеев од нив), нека си ги чува. Само криво ми е што одвојував време и тоа повеќе отколку што требаше, услуга им правев (често ќе дојдеше мајката во оној момент кога ќе имаа некое задолжение од училиште, сама, ја услужував и не и го наплаќав тоа и многу други работи), си скратував од моето време за некоја без трошка срам и чувство.

Дали навреме си ги враќате заемите и се раздолжувате или заборавате / чекате да ви биде побарано да го вратите она што сте го зеле?
Дали се извинувате ако доцните со враќањето на долгот?
Дали ги потсетувате оние кои зеле нешто од вас да ви вратат или чекате сами да се сетат на тоа (да кажат ако им треба уште некое време) и да вратат?
Колку толерирате временски? Како реагирате ако човекот кој ви должи абер нема од враќање?


< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 1.7.2010 15:13:09 >


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

01.07.2010, 15:17

clock-img

beki RR

pencil-img

511

Е така ти  е тоа Битолчанке.
Јас пак кога држев часови, на некои деца не им земав воопшто пари ,затоа што јас така сакав и тоа е друга работа, но штом некој си нарачал услуга треба д аси плати.За жал луѓето немаат срам.

На заем сум давал и предмети и пари.За жал има и јас искуство со заеми кои и до ден денес не се вратени.На заем скоро и никогаш не барам ништо.
Затоа решив веќе никому да не давам пари на заем.

clock-img

01.07.2010, 15:22

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Да, Беки, така е. Колку си подобар, на глава ти се качуваат. Но затоа подалеку од такви лица (и непознати, а уште повеќе од познати). Купуваш - плаќаш. Услужуваш - ти плаќаат, може и пред услугата.
Инаку не позајмувам никогаш, освен кога не сум приморана од х - причини. За долг од 5 денари не молам, а некои и тоа го прават.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

01.07.2010, 15:35

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342




4 години дури студирав живеев со цимерки и позајмувањето ни беше секојдневие, но имаше многу девојки кои забораваат тоа што земале и го враќаат буквално никогаш...На сите им позајмував и пари и гардероба, чевли, чизми, чанти, накит, книги, храна...се !!! Не барав да ми се врати ништо, па заедно живееме, се е тоа за почитувањето, другарството...Се додека не се случи случка што ми го пукна филмот и конечно решив на никој ништо да не давам !!!
Беше недела и не можев да извадам пари од банка, а во понеделник во 8 часот имав испит (банката отвара во 8 исто така), а јас останав без денар. Не можев да си купам испитна тетратка и пријава за на испитuser posted image user posted image Побарав од сите оние кои ги услужував, ама замислете баш од никоја не можев да добијам 100 денари...Збеснавuser posted image user posted image Утредента пари за испитна зедов од професорката и истиот ден и ги вратив...
Сега ниту барам на заем (Ќе се снајдам некако, ако треба ќе си скратам од нешто да има за другоuser posted image ), а со тоа давам на знаење дека ниту позајмувам...
Нормално има исклучоци, па бирам со кој ќе разменуваме услугиuser posted image user posted image user posted image



< Поракaта ја уредил Тања -- 1.7.2010 22:37:35 >


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

01.07.2010, 15:36

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

еј зошто вака ми излез постот??? нешто погрешно притиснав изгледаuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

01.07.2010, 21:46

clock-img

Viktori

pencil-img

5329

Давам на тие што ми дале или пак на некои блиски мои или пак на пример и дадов на една другарка пари на заем, ама знаев дека ќе нема од каде да ми ги врати некој период. И се простив од нив. И ми ги врати user posted image

Порано кога сме излегувале, плаќал кој имал. Можело да се случи јас 5 пати по ред, можело некој друг. Не се жалам, ниту пак бунам.

Инаку за часови и такви работи не знам што да кажам. Бизнис на црно е ризик. И на бело е, ама ова е бетер.

Инаку гледам да не позајмам, а ако морам тоа е од некој близок што можам да му вратам и по месец. Не префрлам. Мислам, никој не те тера да дадеш, па после да мрчиш. Јес и да некои треба осет да имаат ама тоа ти е.


< Поракaта ја уредил виктори -- 1.7.2010 21:52:48 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




clock-img

01.07.2010, 23:43

clock-img

niki

pencil-img

4299

Сум тип на човек што не сака да зајми ништо, од никого, никогаш, а и мм е таков. А кога ќе ми побараат не знам да кажам не, и мм е таков. Пари очекувам да ми ги вратат и тука нема правење „на Тошо“ секојпат прашувам кога ќе можат и под кои услови, за да не му ја мислам и да не се туфкам. А јас досега пари немам позајмено од никого и се надевам така ќе остане.
За предмети и услуги оставам на честа на луѓето, криво ми е што не им текнува, но никогаш не спомнувам па и да не ми вратат никогаш.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

02.07.2010, 12:48

clock-img

vesna1

pencil-img

345

I mene mi se sluci nesto slicno. Davam casovi matematika i cel mesec spremav eden ucenik go ostavile na polaganje. Ucevme sekoj den 2-3 casa. So majka mu se dogovorivme da mi plati na kraj na mesec i toa im dadov golem popust. I zamislete ispitot go polozi i taa begase od mene kako od cuma, ne dobiv ni 10 denari.
Ke mi bese podobro da mi kazese nemam pari ke ti platam pokasno. Ama i jas  racunav na tie pari i mi e zal za vremeto ke si go pominev so moeto dete mesto da tupam mozok so nekoj.
Isto taka imam na dva pati pozajmeno pari na prijateli i ne mi gi vratile. Poveke na nikogo ne pozajmuvam pari pogotovo. Edinstven isklucok e tatko mi na koj ne mu stiga penzijata i sekogas mi gi vraka.

clock-img

02.07.2010, 18:06

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Сосема те разбирам Весна. Оваа, мојата должничка наместо за 5 часа ќе ми платеше за 1, но знам дека сама си бев крива - си премолчував наместо да и речам. (Фактор, не можам да речам причина, беше и мајка ми - се познаваа, и ќе речеше - ако, намали и). Кога ќе и спомнев, ќе си го побарав моето, само велеше: "Ќе ти платам штом земам плата, штом се врати мажот ми од пат ... секогаш." Искрено да ти кажам, на почеток се нервирав, но потоа не. Дознав дека и на други истото им го правела, должела, не се раздолжувала. Сепак искуство ми беше со подучување дете, а нејзиното нечовечко однесување не ми донесе мене некоја голема штета (не беа којзнае какви пари во прашање), таа треба да се срами (ако има некоја грижа на совест). На никој не сум му враќала мило за драго, само се тргам од таквите лица. Има кој да им врати на сите за заслуженото, има кој да им суди - БОГ. Од НЕГО никој не може да побегне.
Секое искуство е + за нас и лекција за во иднина. Секое лошо за добро е user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

02.07.2010, 21:14

clock-img

Bogdancanka

pencil-img

5422

eve za vakvi raboti jas sekogas vikam nedavam na nikoj nisto,ama koga nekoj ke pobara nesto od mene nemam srce da odbijam,a za pari koga se raboti nekolku pati imam davano i uste nemozam da si gi zemam,gi baram preku sms, za moi pari mene mi stram da gi baram...stram mi e da im odgovoram,isto taka i za drugi raboti sto sum davala veke se prostiv od niv sto da gi baram koga ne se svesni...mi se slucilo da pobaram nesto nemozam da kazam ne ali ako kazam utre go vrakam mora da go vratam....a za pari fala bogu dosega jas nemam zimano od nikoj i ako epten dojdam na zort bi pobarala od sestra mi ili brat mi od drugi nema sansi...neznam ni kako bi prasala...ali boze moj nikogas ne se znae sto moze da se sluci taka da nikogas neveli nikogas....

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

clock-img

30.11.2013, 10:43

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

jas sum od onoj tip sto ne baram ama ne sakam ni da mi baraat na zaem od pricina sto imalo situacii koga sum pozajmuvala pa lugeto se zaboravile da vratat a mene mi e nezgodno da im spomnam ili da im recam da mi gi vratat..samo od taa pricina ne sakam da pozajmuvam pari
Do sega osven na moite i toa nesto sitno ne sum barala pari na zaem od drugi rodnini ili prijateli,a i koga nemalo od koj sum se snaogala nekako dali od dete pozajmuvam dali od karticka i taka sme gurale...
Imav edna drugarka,sekogas koga idev kaj nea na gosti ke mi se javese po pat i ke mi kazese aj kupimi cigari,kupi kafe ,ili ej mi snema uloski ke ti dadam pari...nekolku pati taka i imam noseno doma a od pari ni P...a jas jadna glupo da i kazam da mi dade pari...i si rekov od sega ako se sluci takvo nesto ke kazam deka ne sum ponela pariuser posted image ..ama stvarno bez oset

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

Последни статии

article-img