за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Морав да ви отворам нова тема и да ви раскажам за роденденот на кој бевме вчера. Имено, синчето на мојот газда полнеше 1 годинка. Роденденот беше во игротеката Dreamland, но во Ѓорче, во СП Планет. Игротеката е убава, широка со интересни реквизити. Алсу(мајката на славеникот) направила низ фотографии објаснување во кој месец како се развивал Данил (славеникот) онака залепени фотографии и објаснување одоздола, потоа имаше лични пораки од мама и тато до нивното синче и на крај дојдоа игрите. Значи децата си се забавуваа во нивниот дел а постарите во нивниот. Имаше 5 игри и за секој победник од игрите имаше подарок воведот беше во знак да се потсетиме како ни било кога сме биле деца. А игрите беа следниве 1. облечи го бебето- значи од пелена до капче,кој побрзо 2. Кој подалеку ке ја плукне цуцлата 3. секој доброволец доби по една кашичка за која требаше да ја проба и да погоди од што е 4. пиење шампањско од шише со цуцла 5. хранење со заврзани очи Игрите беа смешни, особено што во нив учествуваа и луѓе од по 50-60 години а за подарок добиваа пиштол со топчиња, лажички за јадење, боички и сл ова е прв роденден на кој гледам вакво нешто, а што е многу нормално за во Русија, но на следниот дефинитивно ке направам нешто вакво
< Поракaта ја уредил AnnaMolly -- 25.6.2011 18:51:15 >
13.08.2009, 11:33
big_mama817
1331
bas interesno mami sigurno dobro ste se zabavuvale
< Поракaта ја уредил AnnaMolly -- 25.6.2011 18:51:26 >
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
13.08.2009, 11:34
mami
8680
леле многу беше интересно. Мислам замисли 55годишен чичко со цуцла во уста и плука во далечина или искусен татко и неженет фраер како се натпреваруваат во облекување кукла
13.08.2009, 13:22
natasha
430
bravo!!!!!!!sekoja cest za roditelite,a sekoja cest za mojata koleska sto otvori tolku ubava igroteka eve mami da ti kazam deka jas rodendenot na LUKA ovaa god go proslaviv so pravenje na PINATA(toa e topka koja se pravi od eden kup vesnici se pravi lepak od brasno i voda i na naduvan balon ili topka se oformuva kalap kade sto se ostava mal otvor,potoa so raznovidna hartija se previtkuva celata topka se ostava da se isusi i vo samiot otvor se stavva bonboni i i sitni igracki,na slvenikot mu se zatvaraat ocite i so palka se obiduva da ja mavne pinatata,ako ne uspee prodolzuvaat dr decinja i na kraj taa se raspaga i pagaa se sto e vo nea|)mn e interesno,mozes da probas i ti.Luka ima 4god i od lanskata god pa navamu mu go pravam rodendenot neobicen i site deca so dusa cekaat so ke izvadi teta Natasa do godina
13.08.2009, 13:24
big_mama817
1331
bravo natasa za tebe i tvoite kreativni idei
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
25.09.2009, 11:29
mami
8680
тоа би било нешто вака нели? :))) богами за следниот може нешто вакво да се проба
12.12.2009, 14:47
mami
8680
Ајде поделете некое искуство од некој интересен роденден, нешто необично, дајте некоја идеа за да се разубави роденденот
12.12.2009, 15:15
Весна
771
Еве како ми кажуваше братучед ми кој живее во Германија. Таму немаат како кај нас иди ми дојди ми. Најчест начин на прославување роденден (преку лето) е пикник во некој парк. Си прават разни игри, а братучед ми направил мапи со скриено богатство и сите деца бараат по нешто,а секако славеникот така си го наоѓа најголемиот роденденски подарок. Еее, каков предизвик е тоа за децата!!! Што збудалени фацички имаше :))) сонциња.
< Поракaта ја уредил AnnaMolly -- 25.6.2011 18:51:45 >
12.12.2009, 21:23
Anushka
1392
родена сум во септември и мајка ми кога бев малечка ми ги славеше родендените во двор. На дрвјата ми ги закачуваше сите играчки, со многу балони. Ми доаѓаа деца од цело маало, а со оглед дека живеевме во мешана населба, тоа беше многу забавно. Секогаш имаше и лотарија. Вакви родендени и јас продолжив да им правам на моите деца. Сепак, кога потпораснаа, сфатив дека само џабе си ги фрлам парите за едни те исти родендени. Па така, роденденот го славевме по желба на славеникот: на двапати бевме во Софија Ленд лунапаркот и на прошетка низ Софија. Еднаш ги носев во Белград, во зоолошката... верувајте, за исти пари 100 х повеќе задоволство и доживувања.
< Поракaта ја уредил AnnaMolly -- 25.6.2011 18:52:53 >
13.07.2012, 15:38
Pepelaska *
3820
Нас ни се ближи 2 роденден, малку рано е ама јас почнав да си планирам . На сите родендени што сум била некако како да не се во предност децата туку возрасните ( освен секако во некои игротеки кае ги занимаваат но кај нас се ретки ), а нели за децата е роденденот. Сакам дома да правиме ( имаме простор ) и баш сакам нешто интересно да биде ,да уживаат децата да се изнаиграат па макар и јас би ги занимавала.Ќе имаме малку луѓе ептен најблиски , ајде давајте идеи :)
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
13.07.2012, 16:17
Annet
2404
мозеш кловнови нешто така да си викнеш и дома,ако се повеке дечиња ќе биде интресно.и јас тоа сега размислував роденденот е за детето,а ние коа ке се наредиме на столевите,па јади скари,ајдееееее,а децата?????? колку ради-реда а? незнам баш е убава темава ,ме натера да размислувам -)))
13.07.2012, 17:51
amateuress
253
мислам дека и куклен театар е убава идеја за дечиња, а не бара многу средства за реализација.
кога бевме мали со сите братучеди (јас сум најстара, 4 години постара од следната братучетка) јас им правев така на малите, и ко омаени гледаа, глас не им се слушаше по цел саат. други убави идеи се маскенбал, пижама-парти, тепање со перници - овие од амер, филмови :)
14.07.2012, 15:26
Maca25
7558
Куклен театар е супер, но не за таа возраст. Нема шанси деца на 2 години да ти седат и да гледаат куклена пртстава. Ние имавме за вториот роденден на Н. и беше тотална утка. Ај што се мали, па не разбираат, стануваа, викаа, пееја...да не набројувам. И девојката ја прекина претставата порано Кај внук ми на роденден пред неколку дена дојде Џери (од Том и Џери) Иако внук ми има 1 година и се прерадува кога го виде, имаше деца од 2 до 10 години и сите се радуваа и сакаа да го гушнат. Иаше и такви што го држеа за опашка и не го пуштаа да си оди. Е ова беше маска од игротеката, за секој роденден прашуваат дали сакате некој да ги посети дечињата и да се сликаат со него.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
14.07.2012, 15:31
Pepelaska *
3820
Е да Маца добра идеја е тоа, и јас мислам дека се мали за куклен театар , нив им треба нешто кај што може да се изнатрчаат .Туку убаво ме потсети со Џери, прашав во темата Каде да најдам кај се купуваат такви костими , да си бидам јас Џери па може и ке ми затреба ако ја отворам некогаш игротеката
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !