за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Дали сте авантурист? Дали сакате да запознавате нови места и култури? Дали би тргнале на патување околу светот, со цел да запознаете што повеќе луѓе и култури, како и начини на живот? Дали сметате дека тоа претставува еден вид на богатство?
19.04.2012, 21:10
Ikana
3780
Лично, многу сакам да патувам. Едноставно имам некоја потреба од движење, што ја задоволувам со патување два до три па и повеќе пати во годината. Нови луѓе и култури секогаш се стремам да запознаам, тоа е тоа што ме просветлува, од најблискиот град па натаму. Од соседот до жителот на некое гратче сместено во некоја далечна земја. И не само тоа. Се трудам да ги разберам нивните обичаи, нивните легенди, нивните верувања и нивните односи. Буквално како од Нешнл Џеографикс Јапонците ми се дефинитивно една од омилените култури во Азија, како и Французите во Европа. Грчката митологија ми е премногу фасцинантна и секогаш уживам читајќи ги старите легенди и дела на Хомер, па и холивудските прикази за истите не се лоши
< Поракaта ја уредил Ikana -- 19.4.2012 21:12:23 >
20.04.2012, 11:19
Pepelaska *
3820
Уф, ова е мојата животна желба ,само се надевам дека можеби некогаш ќе ми се оствари, може кога ќе бидеме пензионери со мм ќе удриме на шетање. Јас би сакала многу култури да запознаам, индиската, кинеската, и особено онаа на земјите од Истокот,имам многу книги прочитано за тоа и баш би сакала да го доживеам тоа.
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
20.04.2012, 15:58
mamicki
1111
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana
Лично, многу сакам да патувам. Едноставно имам некоја потреба од движење, што ја задоволувам со патување два до три па и повеќе пати во годината. Нови луѓе и култури секогаш се стремам да запознаам, тоа е тоа што ме просветлува, од најблискиот град па натаму. Од соседот до жителот на некое гратче сместено во некоја далечна земја. И не само тоа. Се трудам да ги разберам нивните обичаи, нивните легенди, нивните верувања и нивните односи. Буквално како од Нешнл Џеографикс Јапонците ми се дефинитивно една од омилените култури во Азија, како и Французите во Европа. Грчката митологија ми е премногу фасцинантна и секогаш уживам читајќи ги старите легенди и дела на Хомер, па и холивудските прикази за истите не се лоши
Ова како јас да сум го напишала Сакаме да шеткаме и јас и мм но не поради удобност и излежување туку точно за да се сретнеме со нови луѓе и култури. Сите наши годишни одмори се активни никако не подразбираат лежење на плажа. Не знам само летово кој крај да фатиме со , да можеме да го кланкаме и него лево- десно, да не му е прежешко. И морам да кажам- мит е дека патувањата се скапи може човек за пристојни пари, не мн. солени, чудо шетање да отепа.