за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Зонското паркирање зема се поголеми размери во Македонијава. Се прошири и низ другите градови освен Скопје. Еве сеганајавуваат повторно проширување во Скопје со нови населби, Карпош, Автокоманда, Ѓорче, Кисела Вода, Ново Лисиче. Мене искрено ова ми иде на живци. Којае целта за зонското паркирање? Да се стави ред на паркирањето или да заработи градот? Се ми личи дека е да заработи градот, оти во Автокоманда, или Ново Лисиче нема хаос во паркирање. Целта би требало е да се намали гужвата од автомобили во централното градско подрачје. Ама не. И што најмногу ме вади од такт,кога за зонско паркирање одбележуваат тротоари!!!! Мислам стварно катастрофа!
14.03.2014, 22:53
mommy_angels RR
1543
Е и јас го мразам.Ај кај што можед а се плати со телефон ок,ама она низ Дебар маало ме вади од кожа.Се утепуваш од одење за да дојдеш до тоа апаратот И са согласувам,нема врска,каков ред во паркирањето,за тоа треба повеќе паркинг места,не да се наплаќаат и оние малкуте што постојат.Ова е само за профит на градските власти и ништо повеќе
14.03.2014, 23:13
Палешка РР
7505
Кај нас цел град е паркинг зона. Ќе почнат и за пред порта што ни стои колата да наплаќаат Разбирам за време на Пиво Фест, ама бре не разбирам да ти наплатат паркинг додека пазариш во маркет
< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 14.3.2014 23:14:26 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
15.03.2014, 21:15
sandriana RR
2924
Ај кај што можед а се плати со телефон ок,ама она низ Дебар маало ме вади од кожа.Се утепуваш од одење за да дојдеш до тоа апаратот
Mommy, а бе и таму се плаќа преку телефон, ако мислиш на апаратите за уплата, во зона 2, Дебар Маало кај Грчки конзулат, и од другата страна на Илинденска, кај кафиќите. Има табла со инструкции: број на зона(pr. 2)_рег.возило_број на часови колку ќе се паркираш (пр.1, за 1 час). Ако не сум те разбрала, ако мислиш на друго, sorry за лекцијава . Колку да се знае - мразам зонско паркирање - ајде, кај што мораше во централно градско подрачје, ок, мораше решение. Ама низ населбиве бре - да не можеш на гости да појдеш
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
15.03.2014, 23:03
mommy_angels RR
1543
Mommy, а бе и таму се плаќа преку телефон, ако мислиш на апаратите за уплата, во зона 2, Дебар Маало кај Грчки конзулат, и од другата страна на Илинденска, кај кафиќите. Има табла со инструкции: број на зона(pr. 2)_рег.возило_број на часови колку ќе се паркираш (пр.1, за 1 час).
Ваљда за истото мислиме ,ама јас ќорава табла не видов во близина,а нели иако се наплаќа,едвај место се наоѓа,па поблиску ми наиде тоа апаратот,од било која табла,како и да е ги мразам