cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Исхрана на децата во лето

clock-img

08.07.2009, 19:27

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Со оглед на тоа дека во летото мора да се примаат многу повеќе течности, дали им го менувате начинот на исхрана кај вашето дете и што најмногу форсирате? Дали им купувате горова храна, или овој период малку повеќе внимавате поради квалитетот, бидејќи е премногу топло, па храната брзо и се расипува?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

08.07.2009, 20:28

clock-img

mami

pencil-img

8680

па со оглед на тоа дека лани форсиравме само млеко овој периодuser posted image user posted image user posted image user posted image годинава го користиме да ги проба сите овошја и зеленчуци во сирова форма колку што е можно...јаде полесна храна како и ние, ама дека нешто особено му менувам не, а и нема што да менувам, дури сега факаме некој ритам за јадење

clock-img

27.08.2009, 10:16

clock-img

mami

pencil-img

8680

син ми е заљубен во дињи и праски..луѓе се тресе кога ке ги види, и ако не му дадеш почнува да хистеришаuser posted image user posted image user posted image user posted image во состојба е да изеде две праски и три резанки диња во една порција
и после нормално пелената тежи еден тонuser posted image user posted image user posted image

clock-img

25.06.2012, 21:45

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Незнам дали му е од жешково или којзнае ама ич не ми јаде како што треба.
Што им давате вие на дечињата на возсраст од околу 2 години во овие жештини ??
Моето одбива секакво овошје, за разлика од лани кога само овошје јадеше?user posted image

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

26.06.2012, 02:15

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

Пепелашке,големи се разбираат и почнуваат да прибираат јадење.Еве и Л е тука некаде со М,исто прибира јадење не толку многу ама сепак нејаде мнгколичински за разлика што јадеше кога беше поладно.Башка избегавај често да се заситува со грицки.

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

clock-img

26.06.2012, 13:58

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Ние зголемивме на течности. Конечно детево почна да пие!! Додека не фатија жештиниве Никола освен млекото, друго течности скоро и да не внесуваше, вода па никако. Сега пие ладен чај скоро 300 мл. дневно плус 150мл. вода и некогаш уште толку сокче. Со количината на храната не сум приметила некоја разлика. Инаку да, сега почна да прави разлика што му се свиѓа, а што не user posted image

clock-img

26.06.2012, 14:05

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Eh nie so tecnosti nemame nikakvi problemi,denot so cajce ni zapocnuva,preku den sokcinja,voda so isceden limon ,a popladne obavezno svezo isceden sok,i mleko se razbira...
Okolu jadenjeto ne sum i smenila nisto,pak si terame so isto temno,za rucek zelencuk so meso,vecera lepce so nesto namackano.Ovie nekolku dena mi se budese preku nokj i mi barase voda,izgleda od zeskovo i zedna stanuvase...

clock-img

26.06.2012, 14:10

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

Vo ishranata nemam mnogu promeneto, a tecnosti pie premnogu se slucuva da ispie i po 1,5 l voda dnevno sokovi izbegnuvam da mu davam.

_____________________________

Биди тоа што си

clock-img

26.06.2012, 14:27

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Ние јадиме многу повеќе свежо овошје и зеленчук.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

20.06.2013, 21:55

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Дали ја прочитавјте вчерашната статија за исхрана на децата во лето. КЛИК
Ние пиеме многу вода, јадеме помали а почести оброци, повеќе овошје и сега за сега немаме проблем со јадењето...

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

21.06.2013, 12:13

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

И ние немаме променето многу во исхраната... Овошје секојдневно внесува, е сега ни е проблем свежи салати да јаде, ептен јаде кога на него му кликне да јаде. Знае да поједе пример цел патлиџан, исечен на коцки, а утредента кога му понудам сврти глава за друга страна и нејќе и нејќе. Вода пие нон-стоп, тоа му е единствена течност. И јас плус нонстоп го потсетувам сега во овие денови, пиј вода, пиј вода!
До сега не приметив дека има влијание жешково на јадењето, периодов има апетит, се надевам и ќе остане така.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

22.06.2013, 13:15

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

М општо многу пие вода, а јаде и зеленчук и овошје, немам многу променето во исхраната, освен што го нудам со повеќе салати и овошје, вчера на пример се изнајаде тартатур, а инаку млеко и млечни производи не сака, а краставици можеш да го закопаш во нив и ќе излезеuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

22.06.2013, 13:38

clock-img

mila28

pencil-img

1052

Исто и кај моето(18 м) нема некоја драстична промена во однос на јадењето, апетитот е тој. Шопска обожава user posted image му сецкам краставичка, домат без лушпа, пиперка и моцарела на парчиња со малку маслиново и ужива да ги боцка со виљувче , најверојатно дека не гледа нас, ние горе доле секој ден јадеме шопска или рендан морков со цвекло. Исто овошни салати сака, што и да е само да го оставиш сам да јаде ќе јаде, ако пробам јас да му дадам нема шанси. Сега ни се фаворит цреши и праски user posted image Е да и сладолед одвреме навреме давам обичен млечен сладолед на стапче. Сокови природно цедени редовно пие и зимно и летно време нема некоја промена. Вода исто ни е незаменлива(му стиснувам по неколку капки лимон или портокал) Од секогаш пиел многу вода, а сега со горештиниве уште повеќе. Избегавам да му давам пржена и зачинета храна, гледам јогурт секој ден да пие(млеко не пие) месо 2-3 пати неделно-телешко и риба лосос исто 1-2 пати недлно обавезно, Супи варам 2-3 пати неделно или со мешан зеленчук или пак со кнедли со гриз и јајца, бидејќи е 300 на саат и огладнува на секој 1:30-2 саати па постојано мора да имам нешто брзо а здраво.

_____________________________

Your children will become what you are; so be what you want them to be

clock-img

22.06.2013, 14:16

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Па кога ќе видиш и ние немаме сменеро многу во исхраната. Мене само не ми јасно како детево издржува со толку малку течности во жештиниве. Абе не пропи вода никако. Цел ден сум со шишето вода и го прашувам нон стоп, а тој една голтка две ќе шмркне и толку.

clock-img

22.06.2013, 14:32

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

Во жештиниве бебушко(10 мес.) го покачи апетитот за вода,сега пие по две шишенца вода (вкупно 250мл) и многу сака да јаде јогурт дробено со лебче,овошни јогурти,цреши додека кашичките со месо почна да ги избегнува,најверојатно не му одговараат на времевоuser posted image .Исто така млекото почна поретко да го пие,само наутро и на вечер,а измеѓу сме со секаква храна.
Пред некој ден и лубеница си ручкаше ,убаво си се освежиuser posted image

< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 22.6.2013 14:33:22 >


_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

Последни статии

article-img