за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Еве нас летово ни се случи да имаме стомачен вирус и тоа сите, а најдлго траеше кај Миа. Па така маката не научи како да се храниме по ваква една исцрпувачка болест.
Прв ден: 2 часа по престанокот на повраќањето - 1 лажиче чај од нане незасладен, или раствор од електролити - ако не поврати по 5 минути - 2 лажички чај од нане незасладен, или раствор од електролити Потоа дозата постепено се зголемува на секои 10 минути. Ако не поврати во следните два часа се даваат соленки, сто така една по една. - Чај со двопек
2 ден - геврек (извадете го сусамот) - чај од нане - инстант супа од петел (Подравка) со двопек или геврек - варени компири - банана
3 ден - бисквити со чај - банана, компири, супа - јогурт - макарони посни
4 ден + супа од пилешко месо
5 ден + млеко
и понатаму продолжува нормална исхрана.
Ако имате нешто да додадете/измените пишете. Ова беа препораките од Детско одделение во Прилеп.
08.08.2013, 17:55
Bethany
4534
Повраќање, дијареја, температура и сл. се главни причинители за губење на електролити од организмот. Електролитите во организмот се неопходни за работата на нервите и мускулите, за одржување на количество на вода во клетките, како и за одржување на базно-киселинската рамнотежа. Нивниот недостаток може да има тешки последици.
Наидов на еден рецепт за едноставен домашен електролитски напиток, одличен за деца и за трудници, и за сите останати, а ќе помогне да останеме хидрирани.
1/2 чаша свеж сок од потрокал 1/4 чаша свеж сок од лимон 2 чаши филтрирана или прочистена вода 2 лажици мед 1/8 мало лажиче сол
Измешајте ги добро состојките се додека не се раствори медот (можете да употребите и блендер) .
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."