за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Значи... ...дали се каете? Ќе слушнам некој викаат дека никогаш не се каат. Јас неможам да ги сфатам тие луѓе. Дали мислите дека каењето е губење време? Дали ако ви се даде шанса да ги поправите сите грешки во животот, би го направиле тоа? Дали повеќе се каете за работите што сте ги направиле или за работите што не сте ги направиле (заради страв, страм или .... било што)????
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
24.11.2009, 14:03
Bogdancanka
5422
Па ми текнува дека има работи за кои се каам али за тие што поминале џабе ако неможам да ги поправам,а ако ми се прижи прилика за нешто што би можела да поправам а сакам би поправила.А има и доста што не сум направила а сум сакала се каам али то ми е.
24.11.2009, 14:08
nadica
4381
kaко и секоја здрава личност па така и јас се каам за нешто.Почесто за нешто што не сум сторила а ми поминало времето да го сторам, поретко и за нешто што сум сторила а со тоа сум повредила некој близок или самата себеси
како и да е животот продолжува и ни носи нови предизвици а со тоа и поправни испити за да има помалку каење
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
25.11.2009, 10:05
Iva
626
Има мноооогу работи за кои што се каам во животот за што сум ги направила или поточно не сум ги направила и да, ако можам да го вратам времето назад многу работи во животот би променила. Сега сум буквално во таа фаза од животот, во период на каење.
25.11.2009, 10:12
arh_diz
7198
ИЗВОРНА ПОРАКА: Iva
Има мноооогу работи за кои што се каам во животот за што сум ги направила или поточно не сум ги направила и да, ако можам да го вратам времето назад многу работи во животот би променила. Сега сум буквално во таа фаза од животот, во период на каење.
Potpis
06.12.2009, 18:55
Enika
1480
сите правиме работи за кои не сме горди..но мислам дека неа потреба од каење..сме грешеле да, мегутоа се во животот е искуство...е би била тоа што сум денес ако не поминев низ мн раб што су ги направила или сум допуштла да ми ги направат...нема каење само главата горе и учење од грешките да не се повторат!!!
01.07.2010, 14:33
Bitolcanka
2461
Се каам за некои постапки со кои, не сакајќи, ненамерно, сум повредила луѓе, особено блиски. Се каам и за направени и за ненаправени работи. Човечки е да се згреши и да се признае грешката. Секој човек е егоист по природа, лошо е кога егото преовладува и мисли дека е безгрешен.
Човек без сопствени мисли - слепец без стап.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
01.07.2010, 14:55
Viktori
5329
А што е каење? Да се тешиме сеа, ај јас згрешив ама барем се каам, а види ја онаа греши ама не се кае? Да се покаеш за некоја грешка или дело, значи да не го/ја повторуваш веќе! Не поминуваш денови и месеци во каење! Продолжуваш! Се градиш и изградуваш, менуваш. Не знам дали се каам за нешто.. Не можам да кажам со сигурност. Една изрека од една голема жена ми е останата во сеќавање: don''t be humble, you are not that great!
< Поракaта ја уредил виктори -- 1.7.2010 15:00:14 >
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
01.07.2010, 15:08
Bitolcanka
2461
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори
Да се покаеш за некоја грешка или дело, значи да не го/ја повторуваш веќе! Не поминуваш денови и месеци во каење! Продолжуваш! Се градиш и изградуваш, менуваш.
Нормално дека не вреди да минуваш денови и месеци во каење, но има периоди кога се преиспитуваш дали правилно си постапил или не. Каење си е каење - треба некоја дефиниција, појаснување? Пишман - аџија Некои луѓе кажуваат се што им е на јазик, без трошка срам. На пример, можеш да се покаеш за кажан збор (не си помислил на личноста на која зборуваш, но со тоа што си го кажал/а, таа се пронашла и се чувствувала навредено), ненајавена посета на некои лица - кога гледаш дека не е вистинскиот момент. Не мора да е за големи работи.
< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 1.7.2010 15:09:53 >
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
01.07.2010, 15:15
Martins mom
3342
Сум се покајала за многу работи во животот, но сепак си се правдам - во тој момент така сум сметала дека е исправно... Се ти е тоа составен дел од животот Не е убаво да се претерува и со грешките и со каењето потоа..
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
01.07.2010, 15:19
Viktori
5329
Битолчанке, дефиниција е потребна некогаш за да не се збори за 3 различни работи. Да се пишманиш, предомислиш не е исто што и да се каеш за нешто. Каење е подлабоко чувство од упс извини, еј многу ми е криво....
И не, не се каам ако кажам нешто а некој се наоѓа повреден, затоа што многу луѓе сметаат дека светот се врти околу нив, дека тие не се дослушани, доразбрани итн.
< Поракaта ја уредил виктори -- 1.7.2010 15:21:19 >
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
01.07.2010, 15:20
Viktori
5329
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom
Не е убаво да се претерува и со грешките и со каењето потоа..
потпис!!! некако ко да е показател дека нешо не е уреду нели?
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
01.07.2010, 15:26
Bitolcanka
2461
Па Виктори, затоа има доживотно каење и моментално Не значи дека ако за миг си се покајал дека и потоа ќе се каеш, а за блиски и драги личности, кои никогаш со ништо не ти наштетиле вреди и да се покаеш и да им се извиниш. Не зборуваме за вечно каење - секако дека тоа не е во ред
П.С. Не сум креатор на темата инаку би ти дала дефиниција
< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 1.7.2010 15:28:01 >
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
04.07.2010, 22:36
mama26
3977
se kaam za nekoi raboti sto sum gi napravila .ama bilo pominalo.idemo dalje.moze i ponataka vo zivotot ke napravam greska nekoja druga za koja bi se kaela pak.ama toa e.nema bezgresen.ke vidime moze bezgresna ke bidam neli?
04.07.2010, 22:48
Anushka
1392
Ниче рекол дека една од најнепродуктивните работи на човечкиот ум е каењето. Сепак, мислам дека каењето е вредно во случај кога тоа ти носи придобивка за иднината, да не ја повториш исгата грешка, Да те смени кон подобро. Каењето е откровение на висината. и нормално, каењето ти носи откуп пред Бога... Но, премногу каење те води назадм во иста или слична грешка.
16.02.2016, 23:33
majka na eva
309
SE KAAM..sabajle napraviv golema glupost...go sonuvav bifsiot so koj bev pred 6god,i se setiv na negoviot tel br,vikam cekaj ke proveram dali e toj,go najdov na viber istiot broj izleze deka ne e smenet i mu isprativ poraka so tekst ZDRAVO KAKO SI,SAKAS DA S ESLUSNEME ILI SI SREKNO OZENET?(a ozenet e)...i koga po 2-3 minuti mi zazvonuva na viber zatoa sto sme vo razlicni zemji...i razgovaravme okolu 15minuti,mu spomnav kollku sakam da s esretneme povtorno,barem da vidam kako bi reagirale,a toj mi vika ke si kazeme samo zdravo nisto poveke,jas mu velam dobro ako na samo se sretneme sto togas,ako imame sanasa da s epotsetime na minatoto..i toj zamislete mi vika nema da ja izneveram zena mi,jas mu vikam ne bidi tolu siguren,ke napravime da ne doznae nikoj,toa da bide tajna samo megu nas,i mi vika znaes deka sekoja tajna se doznava denes,i taka se kaam zosto razgovarav so nego...hehe
19.02.2016, 10:40
mommy_angels RR
1543
А ти се каеш што се јави или пак ти е жал што те откачил Мене ова второто некако ми е поверојатно