за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Претставен е новиот модел на единственото средство против непланирани бремености и сексуално преносливи болести наменет за жената. Новиот кондом наречен “FC2” направен е од синтетичка гума, наместо од полиуретана, што значи дека е поевтин за произведување, а со самото тоа цената му е пониска. Во теков на 2008 година ширум светот дистрибуирани се 35 милиони кондоми за жени што е малку во одност на десет милијарда на машки кондоми. На глобалната промоција од страна на Обединетите Нации и други организации, женскиот кондом не заживеал како популарно средство за контрацепција и заштита. Првата верзија сo два флексибилни прстени преставени се уште во 1993 година. Бившата претседателка а сегашна стратешка советничка на здружението “Female Health Co” Мери Ен Липер кажала дека “FC2” за разлика од стариот модел е поевтин но и едноставен за користење. Исто така, после самиот однос, нема звуци на чкрипење или гужвање, како што е обично за полиутеранската верзија.
Таа додала дека се надева дека тие предности ќе го направат новиот модел попопуларен помеѓу жените, намерно во подрачјата кои бележат голем пораст на бројот на заразени од вирусот ХИВ.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
12.06.2009, 07:56
biba
50
Ова ми се допаѓа, со оглед на тоа дека имам две ќерки и со нив разговарам за се отворено, сакам да бидат информирани за сите опасности од незаштитениот секс.Како и да е убава работа.
05.12.2009, 01:09
mami
8680
е вакво нешто мислам дека никогаш не би ставила
31.03.2010, 14:31
profesorica
5709
Баш читав во бебе магазин, додека го ставам ова отиде моментот
еве како изгледа
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
31.03.2010, 14:34
profesorica
5709
Ризици од користење на женски кондом:во македонија сеуште го нема во продажба!!!
- лесно се кине - се извлекува надвор од вагината - пенисот може да се слизне меѓу вагината и надворешниот дел на женскиот кондом - надворешниот прстен од женскиот кондом навлегува во вагината за време на сексуалниот однос
-не користете женски кондом во исто време со машки или кондом за анален секс
- не користете го повторно истиот кондом
< Поракaта ја уредил profesorica -- 31.3.2010 14:35:05 >
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))