cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Костени

clock-img

30.10.2012, 16:41

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Костенот е драгоцено овошје со двојна обвивка што го штити од пропаѓање, а тој го штити човековото здравје. Има голема калорична и енергетска вредност и се препорачува како додаток во детската исхрана, кај повозрасните лица и за сите што се изложени на поголем физички и интелектуален напор. Комбинацијата од калциум и фосфор ги зајакнува забите и коските, а питомиот костен е добар за нервниот систем.

Варениот костен има многу минерални состојки, додека печениот костен има поголема енергетска вредност, белковини, како и двојно повеќе јаглехидрати. Дивиот костен, односно неговиот плод и кората наоѓаат широка примена во алтернативната медицина. Тој се користи за лечење ревматизам, се применува како диуретик, за намалување отоци и разни воспаленија. Особено е застапен и во составот на многу козметички препарати за нега на косата и лицето, поради неговиот смирувачки ефект врз организмот.

„Костенот треба да се користи при лекување анемија, физичка и интелектуална истоштеност, но одличен е и за лицата кои имаат проблеми со проширени вени и хемороиди“, велат нутриционистите.

Научно е докажано дека овој плод има антисептично и антианемично дејство. Спаѓа во групата овошја со висока енергетска вредност.
Може да се јаде, печен, варен, пржен, подготвен како пире, но може да се користи и како брашно за слатки. Треба да се користи само кога целосно е зрел, добро варен или печен. Нутриционистите препорачуваат костенот да не го јадете во комбинација со друга храна, пред се поради фактот што ова овошје потешко се вари во желудникот.

Лекарите ги советуваат дијабетичарите да го избегнуваат костенот.

Извор:идивиди и мноого.мк

user posted image

< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 30.10.2012 16:46:32 >


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

30.10.2012, 16:43

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Бидејќи е време на костени, варени, печени, мх , мх , какви и да се јас ги обожавам и можам да јадам по цело тенџереuser posted image .Како дете многу сум јадела а и сега кога имам време да сварам и купам.

Колку користите костени во вашата и исхраната на вашите деца?

Според мене а и по некои информации што ги најдов подобро е да му дадеш за ужина костени отколку некои грицки.
Лани јадеше МАртин кога имавме а годинава еднаш само сварив и не сакаше се надевам ке јаде следен пат

< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 30.10.2012 16:47:40 >


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

31.10.2012, 09:02

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Mmmm kolku gi sakam,peceni,i toa kupeni od plostad i prosetka pa gric gric....da jademe ,jas gi obozavam,a lani pocnav i na M da i davam vareni i gi sakase si gi jadese....se nadevam deka i ovaa godina ke i se zasladat pa ke si kasne,da ne mi napravi slucajno kako tikvata,lani se tepase da izede ovaa godina i svariv pa ne ja ni probauser posted image

clock-img

31.10.2012, 12:29

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Уф, костените се супер храна. ЈАс ги сакам печени, ама и варени не се лоши. Лани не ми дадов на НИкола оти некаде прочитав дека се за над две години. Годинава секако ќе му дадам..ако има убави костени, оти коштанџиите се жалеа дека нема убав род годинава. user posted image

clock-img

31.10.2012, 13:46

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Причини зошто да јадете костени



Овој есенски плод, чија миризба веќе со седмици се шири низ улиците, гарантира вистинска забава и уживање. Богат со витамин Ц и мал процент на масти и уште многу други причини зошто овој плод би требало да се најде на вашето мени...

1. Богат е со витамин Ц, карактеристика која го издвојува од останатите плодови - припадници на ова семејство овошја. Костенот имено, содржи помалку од 70 калории на 30 грама, што го прави намирница - идеална за слабеење.

2. Нетипичен го прават и фолатите со кои изобилува, поточно витаминот Б9, кој најчесто се наоѓа во лиснат зеленчук, а не во лушпестите плодови. Инаку корисен за еритропоеза и синтеза на ДНК.

3. Костенот е извор на влакна, кои помагаат во намалување на нивото на холестерол. За да ги задоволите дневните потреби, препорачливо е да внесувате 85 грама. Јадејќи костен, внесувате фосфор и магнезиум, кои се важни за метаболизмот кај коските, како и калиум кој го балансира нивото на натриум, пулсот и крвниот притисок.

4. Не содржи глутен - што го прави популарна намирница во безглутенската исхрана. По својот состав има најголем процент на скроб, што го прави сличен на пченката и компирот. Брашното од костен се користи при подготовка на колачи, сладолед, супа и сосови.

5. Дивиот костен не е за јадење, но има лековити својства. Чајот од костен ги ублажува симптомите на астма и бронхитис. Како состојка на козметичките креми се покажал ефикасен во борбата со проширени вени и целулит.

clock-img

03.11.2012, 20:56

clock-img

SkCura77

pencil-img

430

Обожавам костени, варени, печени, а сум јадела и колач од брашно од костени, пита со костени и други овошја, а највкусно ми било телешко печено месо со костени и зеленчук, а бе да утепаш сите наоколу и да си изедеш све сам. user posted image
Ич не знам рецепти за јадењава, зашто сите сум ги пробала на гости, по некои слави, родендени и сл.
Ако знаете / имате некои рецепти за јадења со костени, обавезно пуштете во соодветна тема.
Син ми има 15 месеци, не знам дали смее да проба.

clock-img

03.11.2012, 21:11

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Сите тројца дома обожаваме костени. Кај нас кога се варат костени, се варат по 2 кг. - да има за сите.
Баш деновиве јас и Н. сами си шетаме навечер на Плоштад и секоја вечер си купуваме печени костени и тоа си вечераме.

Имам слушнато, не знам колку е вистина, дека костени треба да се јадат пред оброк, а не после оброк затоа што после оброк создавале киселини? Точно/неточно? Знае некој?

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

03.11.2012, 22:04

clock-img

Barbicki2

pencil-img

434

Maca mislam samiot kosten deka e tezok za zeludnik,pravi kiselini kako i da go jades. Jas obozavam peceni,uf epten sakam,baba mu na mm sekoja godina bere,i imame po 3 meseci za jadenje.

_____________________________

TOA STO GO IMAS DENES,SILNO PREGRNI GO,ZOSTO UTRE MOZE DA GO NEMAS!

clock-img

03.11.2012, 23:19

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820


ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR


Имам слушнато, не знам колку е вистина, дека костени треба да се јадат пред оброк, а не после оброк затоа што после оброк создавале киселини? Точно/неточно? Знае некој?



Нутриционистите препорачуваат костенот да не го јадете во комбинација со друга храна, пред се поради фактот што ова овошје потешко се вари во желудникот.
И јас имам слушано за ова, а и општо за секое овошје да не се јаде после оброк, сабајле ке правам торта со костени , ако излезе убава имате рецептuser posted image

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

12.11.2012, 16:23

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Пробав да му дадам костени, не ми ги сака user posted image ДА не има некој примамлив рецењпт со костени да му ги приближам? Кажувајте..

clock-img

12.11.2012, 18:21

clock-img

AndreaS

pencil-img

32

Ако јаде млечна кашичка, можеш да ставиш малку внатре, или пак ако јаде блендирано овошје исто можеш да му смешаш.
Можеш да засладиш со мед, да нарендаш чоколадо одозгора и верувам ќе прифати.

clock-img

01.11.2013, 21:58

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Ако поради нешто сакам есента, тоа ќе биде поради костени!
Значи ги обожавам, печени и варени!
Додуша дома само ги варам, не знам како би можела да изведем да ги испечам, ако знае некој нека пише user posted image

А на Ј ќе му биде жал еден ден бидејќи ќе разбере што е пропуштил user posted image .
Ниту да ги погледне, а камоли да проба, освен да му ставам во нешто како чоколино, друга идеја немам user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

02.11.2013, 22:38

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR

Ако поради нешто сакам есента, тоа ќе биде поради костени!
Значи ги обожавам, печени и варени!
Додуша дома само ги варам, не знам како би можела да изведем да ги испечам, ако знае некој нека пише user posted image

А на Ј ќе му биде жал еден ден бидејќи ќе разбере што е пропуштил user posted image .
Ниту да ги погледне, а камоли да проба, освен да му ставам во нешто како чоколино, друга идеја немам user posted image



Па можеш да му ставиш во некое друго јадење да во чоколно или не знам ако јаде житарици со овошје можеш и во тоа. М смао ме прашува кога ќе купиме и ќе морам да купам добро ме потсети, инаку и јас ги сакам повеќе печени си ги печам на шпорет на дрва, а ако немаш мислам дека можеш и на електричен, малку ќе ги засечиш на краевите, зашто ако не се пресечени пукаат и скокаат од шпоретuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

28.11.2013, 12:45

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Pred nekoj den svariv kosteni...prekrasni bea ,ja ubiv od molenje edno bar da kasne da vidi sto propusta,i na kraj so sila pola kasna i napravi faca deka i se povrakja i go pluknauser posted image user posted image
sledniot pat nema da ja teram,pred nea ke si jadam pa moze ke izrazi zelba da proba

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

clock-img

29.11.2013, 13:54

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Ние годинава напредуваме со костените. Ги печеме, и така каснува по неколку. Не многу, ама каснува.