cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Костим за капење за дете

clock-img

03.08.2013, 20:45

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Дали сте за костим за капење за мало дете или пак го оставате голо на плажа? И до која возраст сметате дека е во ред да биде голо?
Ние и лани имавме костим за капење, и оваа година - ама сепак не го носевме цело време. Обично на плажа беше со гаќички, а плус и пошто е многу бела поголем дел од времето носеше и некоја маичка. Е сега, ако ги изводенеше сите 4-5 пара што и ги носев за преслекување, тогаш си седеше и гола, ама главно гледав да не биде така.
Како беше кај вас?

clock-img

03.08.2013, 21:48

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Син ми нема уште две години, ама и ова лето и минатото не седеше гол. Ептен ретко и кратко се случуваше.
Како прво, од хигиенски причини сметам дека не е добро да е гол и да седнува со голо газе секаде нели, ама и едноставно не ми е убаво. Луѓето викаат тоа е мало дете и се тоа во ред, ама јас лично и мм не сме за тоа да биде гол.
Оваа година не му земав купаќи, бидејќи се уште е со пелени, така да кога беше без пелена, му облекував памучни гаќички и ги менував.
Ама па и тој воопшто не сакаше гол, дури и кога требаше да му сменам пелена, тој се бунеше за тие неколку секунди што ќе биде гол. Се срами детето user posted image
Ама здравје, следна година обавезно купаќи.

Немам против кога некој родител си го соблече детето, ама ако е мало дете, ама годинава имам видено поголеми деца, па некои и 6 години имаа, без купаќи гаќички или костим. Многу е ружно. Настрана тоа дека не знаеме какви се педофили имаат околу нас, ама инаку не личи. Толкаво дете а голо. user posted image

< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 3.8.2013 21:50:50 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

03.08.2013, 23:40

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Е тоа и мене ми е некако безвезе, голо дете на плажа а веќе големо. Јас лани и носев купаќи ама колку 6 месечно бебе може да ги искористи, ниту седеше во песок ниту пак многу и седевме на плажа. Ама годинава имаме 3 пара па планирам да и ги облекувам за надвор, за во вода не. Додуша таа уште и пелени носи ама ете, за мерак ќе ги облечеме неколку пати.



_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

04.08.2013, 08:14

clock-img

rina13

pencil-img

1147

Купаќи секако планирам да носи.Да има 2 години,ама искрено не гледам ниту една причина зошто не би носела.Дома можеме како сакаме да се облекуваме или да се шетаме без облечиња.Плажа сепак е јавно место кај што секој може да помине а секако и од хигиенски причини не би и дозволила да седнува со газето насекаде.

clock-img

04.08.2013, 16:36

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Јас и лани и годинава му облекував купаќи и за во вода и за на плажа, првенствено заради хигиенски причини. Јас пак баш размислувац на темава и заклучив дека некои родители баш претеруваат со терање мода на плажа. Имаше едно девојченце па некаде околу годинката беше, не само шро му ставаа купаќи, па и горен дел, дуеи имаше и целосен костим, абе сирото сигурно вриеше. Мислам јас разбирам да сакаш да си го дотераш детето, ама што е претерано, претерано е.

clock-img

04.08.2013, 17:08

clock-img

masa

pencil-img

473

Првата година купивме од оние водоотпорни памперси и ги користевме само за капење во базен.Минатата година и оваа носевме купаќи.Намерно и купив само со долен дел,имаше многу и со горен но некако не ми беше баш практично,а и не ми депаѓа толку дотерување.Годинава ќе купев и со горен,но немаше број од тие што ми се допаѓаа.Е сега што ни се случуваше на плажа,особено лани,ќе се натопи и веднаш се соблекуваше,годинава малку повеќе бевме облечени,т.е. ретко седеше гола,но ете се случуваше.Дури последните денови и некоја игра измислија ги соблекуваа купаќите во вода и ги фрлаа.Наредна година ќе биде поголема и можеби ќе почне да се срами па ќе седи цело време облечена.

clock-img

04.08.2013, 20:06

clock-img

miana

pencil-img

6152

jas za kerkami 1,5 godinka imam samo dolen den kupaki,ama ke si nosi i pampers. Za vo voda ke ja banjkam gola..Pogolemoto dete mi ima 3 para dolni bez goren del,ima dva para so goren del ( ke go nosi gorniot ako saka ) i ima dva ednodelni kupaci od zolvami koga bila mala od lisca i zamislete uste se kako novi..Nosam povceke para za da i gi menuvam koga ke izleze od voda ,da ne sedi so mokri kupaci.

clock-img

05.08.2013, 09:44

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Jas na M i stavam samo dolen del ama gledam pocesto da e gola
I uzasno me nerviraat koga ke vidam mali devojcinja so goren del a za ednodelen ne pravam muabetuser posted image

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

clock-img

05.08.2013, 10:05

clock-img

JovanaJ

pencil-img

911

Isklucivo vo kostim za kapenje! Ne sakam koga se goli decata na plaza, od razni pricni, a i iskreno ne mi izgleda ubavo. Iako se deca treba da si nosat kostimi za na plaza. Isklucok mozebi bi napravila ako se raboti za mnogu malo dete (bebe).

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

clock-img

05.08.2013, 10:16

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Категорично сум ЗА костим за капење - соодветен на возраста на детето, што ќе рече доволно е долен дел - гаќички за капење, без разлика на полот. Пред се од хигиенски причини, па и етички, веднаш потоа.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

05.08.2013, 22:10

clock-img

Bonzitka

pencil-img

17

E nie sme od tie so golen del kupaci. Ne izleguva na plaza bez goren del posto vise pocnale da i rastat c... Kaj cula neznam ama na site im go zbori toa, koga ke porasne ke imala golemi cicki " eve gledaj vise pocnaa". E toa si vikam faza e pa ke pomine,dobro e pocna da sepka vise koa zbori za toa posto ja karam deka e sramota. Inace za eden mesec polnime 4

clock-img

13.08.2013, 00:12

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

И јас никогаш не сум сакала кога ќе видам голи деца на плажа без разлика на возраста. Е сега лани ние не стасавме да купиме од овде, па мајка ми ми даде некои од брат ми кога бил мал, па реков со нив ќе поминеме, ама му беа големи, па првите 2-3 дена беше гол, ама ми беше невкусно, неубаво и исто нехигиенски и купивме оттаму и годинава си ги носеше истите му чинеа уште зашто се со врзување па се подесуваат.
Инаку и јас како мала иако рамна ко штица носев и горен дел, моите ми велеа да го слечам, а јас не, срамота билоuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

15.11.2013, 18:38

clock-img

marchi

pencil-img

948

i jas sum ZA upotreba na kostimi za kapenje,ako ne drug barem dolen del obavezno

Последни статии

article-img