cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Летни Олимписки игри 2012 - Лондон

clock-img

19.04.2012, 20:55

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Дали ги следите олимписките игри? Кои се вашите омилени дисциплини и кои натпревари најчесто ги следите? Воедно, кои се репрезентативци на Македонија оваа година на Олимписките игри и во кои дисциплини и спортови?

clock-img

19.04.2012, 20:58

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Јас лично многу го сакам периодот кога се случуваат Олимписките игри, а посебно летните, некако имам створено некоја традиција во животот според нив. И секоја година ги следам колку што е можно повеќе, бидејќи се еден глобален спортски настан, натпревар не само меѓу земјите и луѓето, туку и духот. Се надевам дека оваа година, Македонија ќе ја претстават врвни спортисти во повеќе дисциплини и дека ќе успееме да покажеме каков е спортскиот дух на Македонија, како што досега тоа го правеа нашите репрезентации.

< Поракaта ја уредил Ikana -- 19.4.2012 20:59:41 >

clock-img

19.04.2012, 23:12

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Баш денес во еден дневен весник читав за престојниве летни олимписки игри и замислете имаме три учесника засега.И знаете што сите тројца се судии user posted image
Норми нема остварени се чекаат покани ваилд карти.Некои уште се бореле за Б норми во неколку спортови.
Толку посакував годинава да одат и ракометарите и ватерполистите,надеж остана уште во кошаркарите.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

19.04.2012, 23:17

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Ме разочара...на толку успеси Меланија? И никој нема? Ај ќе се најдат, добри се нашиве, кога ќе се активираат!!!

clock-img

19.04.2012, 23:24

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Извор: Канал 5 телевизија


Македонските ватерполисти далеку од Олимписките игри во Лондон


Македонската ватерполо репрезентација не успеа да стане нашиот прв национален тим со извадена виза за учество на олимписките игри во Лондон. Утринава црвено жолтите во решавачкото четвртфинале на квалификацискиот олимписки турнир во Канада загубија од фаворитот Шпанија со 11-7.

Нашите ватерполисти и покрај големата желба не успеаја да го остварат сонот на сите спортисти, учество на едни олимписки игри. Црвено жолтите рано утринава во битката за Лондон загубија од силната Шпанија со 11-7.

Избраниците на Сашо Поповски одлично го отворија решавачкото четвртфинале. По првата четвртина имавме минимална предност од 3-2. Но нашата агонија започна во втората четвртина кога Шпанците направија серија од 3-0, лошата игра македонските ватерполисти ја продолжија и во третиот период, па решавачката делница силните Шпанци ја започнаа со огромни 8-4 предност што популарната црвена фурија знаеше да ја задржи до крајот на мечот.

Во последните 8 минути и покрај добрата игра успеавме само да стигнеме до 3-3 за чесен пораз од големиот фаворит Шпанија од 11-7. Предводник на Шпанија во решавачкото четвртфинале е Гилермо Молина со дури 5 погодоци стрелци на головите за Македонија се Чук, Аксентијевиќ, Ивошевиќ, Летица, Мартиниќ, Чупиќ и Бениќ.

Шпанците патуваат на игрите во Лондон и ќе играат во квалификациското полуфинале, нашата репрезентација против Бразил ќе разигрува за пласман од 5 до 8 место на турнирот во Едмонтон Канада. Покрај Шпанија, олимписка виза денеска обезбедија и селекциите на Црна Гора, Романија и Грција.

Крсте Галевски

< Поракaта ја уредил Ikana -- 19.4.2012 23:27:15 >

clock-img

25.05.2012, 11:50

clock-img

Ring

pencil-img

602

I jas sledam letni olimpiski igri , nekako mi e ubavo i zabavno da gi gledam...ne sledam mnogu sport, ama imam poznavanja i si imam klubovi za koi navivam
nekako mi e ubava atmosferata vo tie mesec dena dodeka ima olimpijada
bas mi e keif sto ovaa godina e vo london pa nemame nekoja golema vremenska razlika i tamn so bebusot dodeka setame niz soba zatoa sto ne s[pie preku den ke si gledame i ke si navivame pred Tv

samo treba da si kupime nov TV...ovoj nekako pocna da ni gi mesa boite, ni se magnetizira od mobilen telefon sto stoese do nego user posted image

clock-img

22.06.2012, 12:29

clock-img

Snow Queen

pencil-img

302

Блажевски и Маринова се првите македонски олимпијци

Пливачите Марко Блажевски и Симона Маринова се првите двајца спортисти кои ќе ја претставуваат Македонија на Летните олимписки игри во Лондон ова лето. Блажевски и Маринова право за настап на најголемиот светски спортски собир, кој се одржува еднаш на секои четири години, добија благодарение на вајлд-картата од организаторот бидејќи двајцата ги немаа исполнето олимписките норми.

Дозвола за настап на ЛОИ пливачите добија и од Пливачката федерација на Македонија и од Македонскиот олимписки комитет. Блажевски во Лондон ќе настап во трката на 400 метри мешано, а Маринова е пријавена за трката на 800 метри слободен стил.
Изворно....


да се надеваме на уште спортисти

_____________________________

07.04.2006........до ден денес со саканиот сме лудо вљубени

clock-img

30.07.2012, 10:28

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Редовно си ги следам сега кога почнаа игрите, омилен спорт ми е пливањето и скоковите во базен.....некогаш одамна во друга земја кога живеев и јас бев спортист, односно пливач и се натпреварував, така што огромно задоволство ми претставува да ги следам сегашните спортисти и да им се восхитувам на храброста и издржливоста.

Сепак има некои кои не успеаа да отидал на ЛОИ, Ивана Рожман, многу ми е жал за неа, и искрено таа е олицетворение на мојата згаденост од македонските институции и некомпетентни тренери која беше и причината поради која јас се откажав од пливањето.


Од друга страна имаше и скандал со една атлетичарка од Грција која беше дисквалификувана поради расистички коментар објавен на Твитер и мислам дека таква личност не треба ни да се доближи до Олимпијада, а камоли да учествува.

< Поракaта ја уредил Ikana -- 30.7.2012 10:30:33 >

Последни статии

article-img