cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Мавиле-свадбарски обичај

clock-img

13.01.2010, 14:51

clock-img

m@gic

pencil-img

49

мислам дека само во велес се прави Мавиле барем на други свадби немам приметено
тоа ми е најјак момент на свадбата
момакот и невестата седнуваат на столчиња на среде сала гостите околу нив клечат и музикантот почнува да кажува
Кумот годинава венчаваше па догодина да крштеа а ние ќе речеме ( и сите викаат )
Мааааавиииииииииилееееееееее и сите стануваат а момакот и невестата ги креваат на столевите и треба да се пољубат
па ги спуштаат и сите пак клекнуваат и одново музикантот кажува нешто во стилот добар живот убав брак многу дечиња .... и пак ние ќе речеме мааавииииле мавилееееееееееее
и така 3 пати

ич не знам од кај е обичајов едино на сексот и градот видов дека шарлот кога се венчаваше нешто слично правеа па би требало да има некои еврејски корени Само интересно би ми било некој од 120 кг како ќе го креваат на стол user posted image user posted image user posted image

_____________________________

живеј од денес за утре

clock-img

13.01.2010, 15:06

clock-img

Матеа

pencil-img

180

Е ова ни на DISCOVERY го немам виденоuser posted image user posted image user posted image нитѕ пак имам слушнато за вакво нешто а мм има роднини во Велес ама и тој нема слушнато за ова, инаку забавно ми звучи, можи ќе си го примениме на свадбата со мм user posted image

clock-img

13.01.2010, 15:42

clock-img

m@gic

pencil-img

49

збучи доста интересно нелиuser posted image

дали некој од вас видел нешто слично на свадба и што мислите за овој обичај??


_____________________________

живеј од денес за утре

clock-img

13.01.2010, 15:45

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

Interesen obicaj . Dobro e dokolku dvajcata mladenci se soglasuvaat da se podrzuva obicajot

_____________________________

Биди тоа што си

clock-img

13.01.2010, 15:47

clock-img

m@gic

pencil-img

49

јас кај што бев дечкото имаше добри 100 кила може и више 7 души го креваа
невестата 3цаuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

живеј од денес за утре

clock-img

13.01.2010, 15:48

clock-img

Bogdancanka

pencil-img

5422

prv pat slusam ali zvuci interesnouser posted image

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

clock-img

13.01.2010, 15:50

clock-img

m@gic

pencil-img

49

имаме ли некој член од велес па да ни каже нешто повеќе ако знае?

user posted image user posted image user posted image


_____________________________

живеј од денес за утре

clock-img

13.01.2010, 17:11

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Дефинитивно многу интересно..а немам видено до сега. Може да води потекло од некои стари еврејски корени..зборот мавиле звучи така:)))))

clock-img

19.02.2010, 01:01

clock-img

pretty

pencil-img

1

Pa i nie vo Veles ne znaeme tocno od kade poteknuva samo znaeme deka se primenuva mnogu odamna
Drugo nesto e sto vo poodminatite godini se peese na turski jazik mislam a potoa se pocna nekoja verzija na makedonski user posted image
Inace jas na moeto mavili na svadbata padnav od stolot no nisto strasno pravo nanoze

clock-img

19.02.2010, 07:56

clock-img

BILE.F

pencil-img

670

Јас имам многу роднини во Велес, и ова ми е еден од најинтересните обичаи! На друго место не сум видела вакво нешто!
П.С А морам да кажам дека таму сум ја поминала најинтересната свадба. Братучетка ми кога се мажеше , зашто таа одеше на играорна,  имаше еден куп играорци на свадбата! Поубаво оро не сум видела ни на ТВ.

_____________________________

Пред да скокнеш, кажи оп!

clock-img

15.05.2010, 22:34

clock-img

Annet

pencil-img

2404

хаха еве јас сум од Велес,ќе ви кажам....многумина се чудат што е тоа Мавиле и јас не го знам точното значење.
стара традиција во Велес на велешките свадби.песна со благослов за мн деца итн....
јас за мојата свадба се мислев дали да се прави или не и во последен момент се одлучи да се прави.мн се плашев да не не испуштат,ама ние дека слабички и супер беше.мм се качи на стол исправен на 2 нозе и така излезе мн убаво.за гостите од др градови беше доживување ,навистина е убав обичај.малку е непријатно ,седиш на стол и неколку мажи ги држат на ногарките од столот и наеднаш те креваат нагоре(опасни морници лазат) а другите сите клечат и сите наеднаш стануваат аххахахаха

неможам сега да го исецкам тоа парче од мојата свадба .ама еве еден линк па видете ,макар што нашето мавиле беше мн мн убавоuser posted image ,ама ова е од you tube.... и од тел user posted image



http://www.youtube.com/watch?v=dxSbITbHRrM

clock-img

16.05.2010, 01:33

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Јас сум била на велешка свадба, но овој обичај го немаше. Може зата што невестата беше малце трудничка user posted image . Инаку изгледа интересно!

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

16.05.2010, 11:54

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Интересен обичај, навистина user posted image Првпат слушам. Го видов клипчето user posted image Ај можеби ќе го применам на мојата свадба user posted image user posted image user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

16.05.2010, 15:24

clock-img

Annet

pencil-img

2404

интересно е, ама во последно време секој не го профаќа и во Велес.индивидуално е се....ама сепак е интересно.се прави убава атмосфера на свадбатаuser posted image

clock-img

16.05.2010, 16:28

clock-img

niki

pencil-img

4299


Сега го гледав клипчето, вистинска акробација, не за џабе невестата цело време се држи за столица.
Многу се интересни автентичните свадбарски обичаи, но се помалку ги има на нашите свадби, а се повеќе се превземаат некои обичаи од западниот свет и тоа не ми се допаѓа воопшто.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

20.06.2010, 19:24

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

Мене лично мавилето ми е бљак...кога ја слушам музиката ме лазат морници, не ми воопшто убаво ни за очи, ни за уши...
Немам ништо против ама лично мене не ми се допаѓа овој адет, кој многу ме потсеќа на турски


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

01.11.2011, 20:45

clock-img

Snow Queen

pencil-img

302

Тато и цела фамилија на татко ми е од Велес, така да многу пати сум била и видела Мавиле. Многу е убаво и интересно.Поготово кога некој од младенците ќе се качи на столчето исправен на двете нозе.user posted image

clock-img

23.02.2013, 23:51

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Сум била на една велешка свадба и стварно ми беше интересно ова, невидено.
Исто и кога влегоа младенците им се поклонија на кумовите и родителите на главната маса три пати па и тоа ми беше ново и некако убаво ми дојде па си украдов идеја за мојата свадба и стварно ги изненадивме нашитеuser posted image Келнерот таман притрча со шампањот јас го бутнав како ,,чекај малку ќе се клањаме,, user posted image
Ама ова денес што го слушнав е врв. Младоженецот со голем стап присуствувал на венчавката во црква а и во матично (значи од стапот не се одвоил ни за миг) user posted image Не ми е јасно што е финтава со стапот? Сте чуле, виделе негде нешто вакво? Оти го прашале зошто му е ама не сакал да каже... А стварно ме копка... За адет не е, таков адет немаме, ама што ли еuser posted image



_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

02.12.2014, 00:29

clock-img

caciana

pencil-img

863

Koga go vidov ova cudo na svadba Vo Veles,mislam deka srceto ke mi zaprese Od strav koga vidov Kako GI krevaat Vo vozduh mladencite na stolici,a tie ladni tushuser posted image

Последни статии

article-img