за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Република Македонија и официјално доби препорака за старт на преговорите со Европската унија, иако и според сите досегашни нацрт верзии и дипломатски извори, беше речиси извесно дека Македонија ќе добие неусловена препорака за почеток за преговорите.„Препорачано е отворање на преговори за членство на Македонија во Европската унија. Земјата оствари уверлив напредок и суштински се осврна на клучните приоритетите, кои во нивниот жаргон се нарекуваат 8 + 1 одредница“, рече Оли Рен, еврокомесар за прошурување.„ЕК смета дека земјата ги задоволува политичките критериуми од Копенхаген и затоа препорача старт на преговорите. Верувам дека Владата во Скопје ќе го сфати ова како мошне силен поттик, охрабрување, конечно да го разреши прашањето на името, кое е тука веќе 18 години“, додаде Рен.Претходно А1 дозна дека Европската комисија признава дека Македонија остварила напредок во европските интеграции, но сепак во извештајот има сериозни критики за независноста на судството, за имплементација на реформата за јавната администрација, критики за полициското насилство.Не изостанаа ни критиката за етничките смени во училиштата, особено инцидентите во Струга.Брисел исто така не е задоволен и од реформите за антидискриминација, последен акцент е ставен на правата на хомосексуалците.Европската комисија упатува критики до Владата и медиумските сопственици, Брисел е загрижен и за автоцензурата на новинарите и недостатокот од слободата на изразување, особено кај печатените медиуми.Не се поштедени ниту владините реклами. Медиумските бизниси остануваат легло за корупција, оценува ЕК.Во извештајот влегоа и притисоците врз Уставниот суд по скандалот со веронауката. Брисел бара дополнителен напор во обезбедувањето независно судство.Останува исто така да се види дали и како Брисел годинава ќе се осврне на проблемот со Грција.
14.10.2009, 14:26
Сани
136
ај со среќа нека ни е!
14.10.2009, 14:30
mother 29
4405
колку ке е позитивно- толку негативно!еве ја бг. не можат да се оправат...по европски цени,а исти плати.. ај во контекс на ова ,ако би направиле анкета дали сте за или против влез во ЕУ,како би се изјасниле?
14.10.2009, 14:35
nadica
4381
Република Македонија и официјално доби препорака за старт на преговорите со Европската унија, иако и според сите досегашни нацрт верзии и дипломатски извори, беше речиси извесно дека Македонија ќе добие неусловена препорака за почеток за преговорите.
да доби препорака за старт
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
14.10.2009, 14:57
Enika
1480
so nashava ekonosmak sostojba use tie ceni ni falat:Dtreba da se poraboti na mevrabotenosta i goleminata na platite...a nie samo toneme ekonosmki a ke ni lupnat evropski ceni:(