за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Меи Таи е носилка инспирирана од Азиските традиционални носилки. Има можност за носење напред, бочно и на грб – од 6 мес. па 3 год, односно до кога ќе може да го носите. - Убав и интересен дизајн, зафаќа малку место и лесна за користење - Прерамките и делот околу струк се поставени за да носењето биде поудобно - Појачана крагна - Може да се користи од двете страни (шарена и еднобојна)
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
01.06.2010, 00:14
Maca25
7558
Дали користите меи таи? Искрено јас прв пат денес гледам дека постои вакво нешто, знаев само за слинг марамата и кога би имала друго дете одма би купила. Како што прочитав погодна е за деца од 6 месеци до 3 години (ако не е многу буцкасто детето ).
< Поракaта ја уредил Maca25 -- 1.6.2010 0:16:22 >
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
01.06.2010, 00:35
Тања РР
2029
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25
Меи Таи е носилка инспирирана од Азиските традиционални носилки.
Знаете ли дека и ние имаме традиција за носење на децата во оваа положба. Баба ми ми има кажувано дека нејзината баба и мајка на село ги носеле во носилка што ја викале „цедилка“ и ја врзувале на грбот. Изработена е од волна, ткаена ако не се лажам, со рачки во форма на плетенки и се носи многу слично на Меи Таи. Така жените можеле да ги носат своите деца додека оделе за вода или работеле по дома. Јас се сеќавам дека еднаш имам видено една баба како така „заденета“ го носи своето внуче.
Инаку прв пат слушам дека постои модерна верзија на цедилките ама немам некоја посебна желба да си набавам. Ми се чини тешко да го носам детето на грб а и некако ми е терсене бидејки не можам да го гледам
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
01.06.2010, 10:10
Maca25
7558
Тања на некои слики видов дека може и од напред да се носи.
И мене баба ми ми има кажувано дека ги носеле на грб или на колк децата по селата, ама не ми кажа како се викало тоа за носење. Ми објасни дека некоја марама се врзувала за жената и и било полесно така да ги извршува домашните обврски,а детето да и биде до неа цело време.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
01.06.2010, 12:20
Rossana
1239
aaa mene mi e strav vaka da go stavam deteto Ama pa moze i napred da se nosi...
01.06.2010, 12:21
Rossana
1239
За поголеми деца, нема подобра носилка од Mei Tai! Таа е многу практична, едноставна и удобна. Има можност за носење напред, на колк и на грб - од 6 мес до 3 год. Има појачување на рамениците и околу струк за поудобно носење, како и напред за главчето на детето. Може да се користи од двете страни (шарена и еднобојна). Prodavnica:
01.06.2010, 12:23
MamaOhrid
411
Јас вакво нешто видов пред 7 години во Рим. Мајката баш онака како на сликите го носеше детето во метро. Мнооогу ми беше чудно.
01.06.2010, 12:42
Maca25
7558
Мене многу ми се допаѓа. Не е како кенгурот, да те поти летно време, а и детето, не е како слинг марама - таа некако ми е тешка за врзување, а и некако не ми е сигирна (на знам зошто, така ми делува), ова ми изгледа супер. Ние сакавме да купиме ранец за носење дете од Mothercare. кој беше прекрасен, ама и цената му беше `прекрасна`- 9000 ден. А и ранецот тежеше многу повеќе отколку што мислевме.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...