за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Незнам дали правилно ја сместив темата но ако е неправилно сместена или веќе има тема со слична содржина корегирајте ме. Бев инспирирана од приказната на нашите пријатели. Тие имаат две деца од 2 и 5 години. Е ова поголемото пред некој ден ги уплашило многу. Наеднаш рекло дека не гледа со едното око и тие се избезумиле и отишле во клиника и таму цела вечер го испитувале. После рекло дека не гледа и со другото око. Татко му му рекол дали го гледа и тој рекол дека не го гледа и покажал со прст накај мајка му и рекол дека и неа не ја гледа . Е тогаш сватиле дека овој мал мангуп се зезал со нив. Е сега незнам дали ова го направил да му се обрати внимание зашто има помала сестра па се осетил запоставено ама како и да е многу е лоша ситуацијата. Се прашувам до каде се можат да одат овие палавковци и почнав да се плашам што ке биде понатаму ако ми се деси истото и мене. Како да препознаам дека станува збор за невкусна шега која би ме коштала и време и нерви и пари секако. Или како да се спречи воопшто таква ситуација? Дали сте биле и вие некогаш жртва на таква невкусна шега и како би изреагирале во моментот?
21.02.2014, 12:14
Bethany
4534
Ni se sluci slicno neodamna, so sinot (2 i pol godini) koga cel eden den ne ubedi deka ima problem so nogata. Duri i na maticen otidovme da go pregleda vo slucaj da treba upat za ortoped. Na kraj se ispostavi deka go najverovatno nesto zdobolelo na kratko, ama toj ostanal vo toj "film" i sam se ubedil deka go boli se uste Dali e primetil vnimanie, pa mu bilo interesno (mada da vnimanie ne mu nedostiga nitu od dvajcata) ili ete si razvil nekoe filmce vo toa detskoto glavice, sto znam ... Ednostavno taka mu se razvila nekoja idea vo momentot i tolku.
Znam samo deka mnogu me zagrizil toj den, i mene i mm, i znam deka ako se najdes vo situacijata (nedaj Boze) nema da mislis dali ti odzemal vreme i pari, ke bides srekna sto sepak se e vo red Eve jas da ti kazam voopsto , ama voopsto ne mozev da provalim vo sto e rabotata, toj bese ubedliv i uporen. Na kraj (veke koga dojdovme doma od doktor) i jas skontav kroz igra deka na nego nekoja zicka vo glavata mu se zapletkala i trebase malku da go opustam A utredenta imase na momenti pak obidi za istoto, ama mu podviknev da ne se folira , pa go minese vednas.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
21.02.2014, 12:48
Defne90 RR
1991
За среќе се уште М не ми прирдил таква невкусна шега и се надевам дека нема да се случи тоа ни во иднина.Инаку така знае да се зеза со нас демек грло го боли,кога не сака да јаде,демек децата го тепаат во градинка кога не му се оди но во таква крајност фала богу нема отидено.Иако веќе ништо не ме чуди
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
21.02.2014, 15:51
elenak
2004
Е уште не е толку големо текнувало ама ако личи на мајка и нема да ме чуди. Јас како мала сум се правела дека не слушам, изгледа ми било интересно да се правам ,,на удрена,, и моите испаничени ме однеле на преглед каде им рекле дека се е во ред. И така уште некое време пробале да ме тестираат, звонат на врата, на телефон (на што секогаш децата први реагираат нели) и ништо. Ама кога почнале да си шушкаат дека ќе излегуваат негде сами и ќе ме остават мене дома сум срипала и заборавила на оглувеноста. А во 3-4 одделение пак се правев дека не гледам, една другарка од клас носеше наочари со розеви врвки и мене толку ми беа убави, сакав и јас. И пак почнав да глумам (на ова веќе се сеќавам, голема бев), дури и на систематски намерно ги грешев оние буквите и бројки од табла за преглед. Ја викнаа мајка ми и рекоа дека треба да направиме доплнителни прегледи ама таа веќе со искуство им рекла на тетките да ми кажат дека морам некои инекции прво да примам и така од страв морав да признаам дека не е до очите туку до врвките. Значи жени прво проверувајте со финти дали е шега или не, оти овие мали мозочиња спремни се на се.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
22.02.2014, 20:06
Yummy Mammy
1690
Naslovov na temava na nesto drugo me potseti. Pred mesec dena kerka mi kazuva kako vo gradinka razgovarale zasto tepanjeto ne e dobro, gi prasuvale dali doma se tepaat so brakata i sestrite.... i mojava rekla: -neeee, jas nikogas ne se karam i tepam so sestra mi, toa ne e ubavo, samo tato ja pleska mama po gazeto
Inace kako sto nekoi mazi si gi baknuvaat zenite vo obraz, taka mm ima navika da me slapne onaka slatko otpozadi koga i da pominuva pokraj mene, dur gotvam, dur se sminkam... Jas se isplasiv da ne pomislat vo gradinka deka doma se mlatime, ama eve uste ne me viknale na razgovor
_____________________________
There are no strangers, just friends you haven''t met yet!