Со помош на биоритамски број можете да дознаете какви се вашите сексуални апетити, како и апетитите на вашиот партнер. Биоритамскиот број се добива така што се собираат броевите од денот и месецот на раѓање. Така на пример, ако сте родени на 14.12.1981, вашиот биоритамски број е: 1+4+1+2=8. Доколку збирот е поголем од девет на пример ако сте родени на 17.07.1985 собирате се додека не добиете едноцифрен број: 1+7+7=15, односно добиениот збир 15 го разложувате на 1+5=6.
ЕДЕН
Жена:Оваа жена е страствена и уште од својата младост е во потрага по вистинска љубов. Таа е огнена, но полна со соништа и идеали. Има развиена интуиција и знае како да му угоди на партнерот. Живее за љубов, а не за авантура.
Маж: Ужива во сексот и склон е кон перверзии кои ги оправдува со тоа дека има развиена фантазија. Кога ќе почне да лови, не се повлекува додека не го освои својот плен. Сака да доминира во сексот.
Бројот 1 најдобро се согласува со 8, 6 и 3. Треба да ги избегнува 2 и 9.
ДВА
Жена: Можеби не ужива многу во сексот, но не се предава лесно. За неа тоа е должност која мора покорно да ја заврши. Сепак, рано се впушта во сексуални односи.
Маж: Романтичен, непостојан и не многу вешт љубовник, кој иницијативата и ја препушта на жената. Бидејќи е многу неодговорен, на жените им се препорачува самите да се погрижат за заштитата, за да не останат трудни.
Бројот 2 се согласува со 6 и 8, а не се согласува со 3 и 7.
ТРИ
Жена: Целото нејзино тело е ерогена зона. Бидејќи секогаш се наоѓа во фаза на потрага по нови идеали, често менува партнери. Кај овие жени се присутни два екстремни случаи односно или се целосно незаинтересирани или се промискуитетни.
Маж: Ова е вистински љубовник кој ако најде жена која ќе му ги исполни желбите поврзани со еротиката, ќе има секс до болка.
Бројот 3 се сложува со 6 и 5, но не и со 2 и 9.
ЧЕТИРИ
Жена: Скриен оган, води директно во екстаза и е газда во креветот. Таа е онаа која ќе преземе иницијатива и ќе ве полуди бидејќи е извонредна љубовница.
Маж: Станува збор за издржлив љубовник, сака маратонско водење љубов, но е себичен.
Бројот 4 одлично се согласува со 8, 6 и 5, а треба да ги избегнува 2 и 1.
ПЕТ
Жена: Лесно се заситува од својот љубовен партнер. Кога нема иновации, го напушта партнерот, но кога навистина сака е подготвена да ја исполни секоја сексуална потреба.
Маж: Француска школа, исклучително потентен маж, кој се возбудува на убавината на женското тело.
Бројот 5 се сложува со 8, 2 и 3, но не и си 6 и 9.
ШЕСТ
Жена и маж: Нема голема разлика помеѓу мажите и жените родени под бројот шест. Сексот го сфаќаат како уживање и имаат силен сексуален апетит, но истовремено бараат нежност и комплименти. Предиграта секогаш е долга и полна со возбуда.
Бројот 6 се согласува со 1, 2, 3, 4, а не треба да се впушта во врска со 5 и 9.
СЕДУМ
Жена: Оваа жена е мистична, но ја води играта, менува пози и диктира темпо.
Маж: Тој е полн со фантазија и оригиналност. Ги негува техниките на Далечниот Исток. Сексот со седмиците се возбудливо возење, каде последната станица е врвниот оргазам.
Бројот 7 одговара со броевите 2, 7 и 6, но не и со 1и 5.
ОСУМ
Жена: Од мажот бара да и исполни се што ќе и дојде на ум. Станува збор за сексуално ослободена личност, која го бара невозможното и сака да менува партнери.
Маж: Брз, потентен едноставно вистинска секс машина.
Бројот 8 има идеален однос со броевите 5, 2 и 8, а лош со 6 и 1.
ДЕВЕТ
Жена: Сексот го сфаќа како нешто убаво и возбудливо. Склона е кон класични пози, но кога ќе проработат емоциите знае да биде полна со фантазија.
Маж: Овој маж можете само да го фалите како поради неговата машкост, така и поради преостанатите квалитети.
Бројот 9 добро се согласува со 8 и 1, но не и со 6 и 2.
_____________________________
Биди тоа што си