Како што веќе е напоменато погоре-во орален секс уживаме и ние жените.Еве едно школо за мажи кога се работи за оралниот секс
Терминот за орелен секс над жената е наречен "cunnilingus ".
Зборот потекнува од латинските изрази Cunnus (вулва, женски гениталии) и Lingere (лижење).
Лижењето на женската вулва не е како бакнување на усните.
Основните делови на постапката се прилично едноставни, но, постојат безброј варијации и комбинации кои се базираат на креативност и кои можат да дадат ново значење во ваквиот секс.
Водичот за мажи, кои се желни на своите партнерки да им понудат огромно задоволство се базира на 9 чекори:
1.Запознајте се со основните поими
Женските екстерни гениталии вклучуваат месести надворешни вагинални усни, потенки и розевкасти внатрешни усни, клиторис кој е сместен под клиторичната "хауба" кај горното спојување на вагиналните усни, вагинален отвор и еротски сензитивниот предел меѓу клиторисот и вагината.
Основниот кунилингус вклучува лижење на вулвата од вагиналниот отвор до клиторисот.
Како што жената станува позадоволна од сексуалниот чин, надворешните усни се полнат со крв, се шират и го отвараат просторот на сензитивното ткиво меѓу нив.
2.Сфатете ја разликата
Јазикот е многу помек од прстите. Тоа значи дека неговите движења се многу понежни, што од друга страна на жената и предизвикува поголемо уживање.
3.Кажете и дека сакате да се "спуштите доле"
Ако имате нов партнер кој не знаете дали сака да добие орален секс, најдоброто решение во ваква ситуација е да и дадете на знаење дека планирате да и пружите задоволство.
За оваа цел можете усно да и предложите дека ќе добие кунилингус или пак бакнувајте ја со ваше движење "надолу", од вратот, преку градите и стомакот до колковите.
Може и да ја прашате дале е во ред да продолжите со лижењето "долу".
Целта на овој чекор е да не направите нагло "спуштање" кое може да резултира со одбивање и незгодна ситуација (доколку партнернерката е нова).
4.Пронајдете комфорна позиција
Лежењето меѓу нејзините нозе во позиција кога партнерката е легната на кревет може да ви го исправи вратот. За полесно да пристапите до целта можете да и поставите перница под колковите за да ја поткренете и да си овозможите подобар пристап. Или пак доведете ја до работ од креветот и вие, со колена на подот да го направите својот настап.
Изборот на позата е најчесто најкреативниот дел, па затоа употребете ја својата фантазија.
5.Започнете бавно и многу нежно
Не "гњурете" во кунилингусот одеднаш. Започнете со подлизнување, бакнување и лижење на околните делови на вулвата.
Очекувањето за пристап кон "центарот" на вулвата на жената и прави додатно задоволство во форма на предигра.
Како што ќе се поместувате кон центарот на гениталиите, започнете со лижење на надворешните усни. Движењето на јазикот нека биде во правец нагоре-надолу. Применете ги и усните во овој момент.
Понатаму, пополека движењата нека се насочуваат кон розевките, помали, внатрешни усни.
На крај, циркулирајте со јазикот над вагиналниот отвор и по можност пробајте да го внесете јазикот во него. Наместо јазикот, внатре во вагината можете да навлезете и со еден или два прсти.
6.Пристапете до клиторисот бавно и нежно
Повеќето жени уживаат кога партнерот го поставува јазикот директно над клиторисот. Други пак, директното клиторално лижење го сметаат за интензивно и некомфорно.
Вториот тип на жени повеќе прифаќаат нежно лижење на околината на клиторисот со мали директни допири.
7.Комуницирајте при лижењето
Додека вие ја правите својата работа, комуницирајте со партнерката за ситуацијата. Прашајте дали и е удобно, дали и е интензивно или не.
Комуникацијата ќе ве доведе во зголемено ниво на преферирана стимулација и задоволство. Желбите на партнерката се менуваат, па така може да се смени и начинт на кунилингусот.
8.Бидете трпеливи
Некои жени се чуствуваат непријатно при разговорот за нивните реакции и чувства при вагиналното лижење. Наместо зборови, следете ги нејзините движења на телото. Тие можат да се движат од еден до друг крај, од задоволително испуштање на звук до незадоволително пискање.
За жал, мажите понекогаш погрешно ги интерпретираат сигналите од движењето на телото и мислат дека жената во моментот се наоѓа во неудобна ситуација, иако таа е на врв на своето задоволство. Затoa вербалната комуникција е суштинска.
9.Бидете нежни при оргазмот и потоа
Како што споменавме предходно, некои жени се чувствуваат непријатно при директно лижење на клиторисот и несакаат да бидат допирани таму.
Но ако сакате да направите "последни движења" во моментот на достигнување на оргазмот, проверете кога и каде партнерката сака да биде лижена.
Ако не е клиторисот, можеби е делот на големите усни или вагиналниот отвор. Или, тргнете се од нејзиното меѓуножје и пристапете кон телото со бакнежи, гушкања или било кој друг меод кој и одговара на партнерката.
Останати правила во канилингус ситуацијата:
1.За неа:
Бидете чисти,
Релаксирајте се,
Играјте фер (ако сакате лижење, слободно кажете), Комуницирајте.
2.За него:
Слушајте ги желбите,
Комуницирајте,
Бидете со ентузијазам (жените препознаваат),
Започнете бавно,
Движење на јазик во форма на буква "Z" и "N" се пријатни за жената,
Испуштајте пријатни звуци,
Не престанувајте се до моментот на кулминација.
извор иди-види
< Поракaта ја уредил profesorica -- 4.11.2009 12:39:46 >
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))