cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Очајна состојба во прилепските градинки

clock-img

07.09.2012, 11:17

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Последниве два месеци се трудам да ја запишам ќерка ми во една од прилепските градинки. Ме информираа дека нема место, дека ќе биде на листа за чекање и не се знае кога и дали ќе биде примена. Групите беа полни со по 20 деца во група и се надевав дека некое ќе се откажи, па да се обидеме и ние.
Но во септември ситуацијата стана многу комплицирана. Групите се наполнија со двојно повеќе деца од предвиденото , две деца на столче, две деца во креветче, значи 40 деца во група. И сега се чудам како кога пред два месеци рекоа дека капацитетите се полни, а примија уште двојно повеќе деца?
Ми велат – фати врски кај Градоначалникот, ќе го примат и твоето дете.
???
Да биде 41? Па воспитувачките нема да можат да ги избројат децата, а не да ги воспитуваат, учат, проверат дали имаат температура....
Не знам кој е виновен за ситуацијава и дали постои решение, но сакам проблемот да се искаже и јавно, бидејќи навистина во Прилеп е хаос во градинките,посебно во Тризла и Бончејца.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

07.09.2012, 11:38

clock-img

majmunce

pencil-img

257

za ova si vopravo vo gupata na matej ima 18 deca site krevetcinja se polni ima i dosta bebinja ucielkite gi drzat v race i pogolemite placat i ne si igraat nema koj da mu pokaze so kako epten se prezafatenii ne mu e ubavo na decata nema vospituvanje nema igranje samo slekuvanje oblekuvanje i hranenje mnogu deca se.jas vrski fativ epten bliskii go primija od 1 avgust inaku se molam od 11.2010g,
Za ovoj problem (nema mesto) se obrativ do ministerstvo za trud i socijala i mi odgovorija deka za formiranjeto na grupi i prostorot vo gradinkite treba upravniot odbor na gradinkata da dostavi baranje do opstinata deka ima pregolema zainteresiranost za zgizuvanje na decata sto e isklucitelna obvrska sekoe dete da bide zgrizeno bez razlika dali roditelite se vraboteni ili ne, zaradi nivno vospituvanje razvoj i socijalizacija, i opstinata da dade odobrenie da se izgradi drug prostor i i da se vrabotat uste pedagozi i sociolozi i negovatelki....
i plus detalno mu objasniv deka postoi kapacitet i deca za zgizuvanje neli gradinkata kaj tutunski stoi taka i nekoj prostor imalo kaj industrisko za gradinka ama ne se iskoristeni..... cela tocila cel varos nema gradinka a bre aloooooooo kako taka kolku deca ima zamisli dve naselbi ima kompletno uste edna gradinka a jas go nosam trizla koja epten e natrupana a kolku amjki se zalaat nemozat da gi zapisat ja sgo izgubiv moeto rab mesto zaradi toa si nemozev da gopiknam v gradinka HAOS EJ ragajte zeni deca pa ke gi pustime da prosat na ulica ........... uffffffffff problemov epten me zasega i plus detevo nemoze da se privikni bidejki mnogu deca se ne mu se posvetuva dovolno vnimanie za da mu bide ubavo.........zboruvam za jasli a vcera jasli malata grupa bese nadvor izlezena ej kolku deca bea luge sigurni 23-5 deca mnogu se kaj mozis da gi sredis site......... obrati se so molba do kaj gradonalcalnikot ako treba podrska idam da se otvori pod itno drugava gradinka

_____________________________

И кога ти е најтешко не покажувај слабост. Има лоши луѓе кои од рушевините на твојата среќа ќе изградат споменик на нивната победа!

clock-img

07.09.2012, 11:42

clock-img

majmunce

pencil-img

257

snowhite pomagaj be za paleska urgiraj ajde

_____________________________

И кога ти е најтешко не покажувај слабост. Има лоши луѓе кои од рушевините на твојата среќа ќе изградат споменик на нивната победа!

clock-img

07.09.2012, 13:52

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Не, па не сакам да ја пуштам во таква средина, каков квалитет ќе има времето поминато таму?
Само сакам да апелирам до надлежните дека нешто треба да се преземе.
Само 13% од децата кои се запишани се примени user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

07.09.2012, 16:33

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Па јас и кажав на Палешка во друга тема ако има потреба за ургирање слободно нека каже за во која градинка сака.
Инаку свекрва ми кога ќе си дојди од работа не знае главата кај и е, 17 - 18 деца, сите на сабајле да ги прими, да ги преслечи, да ги среди, се чудам вика како ќе запамтам кој ранец од кое е, кое шише од кое дете е. Јас цело време и велам дека треба нешто да превземат, да се отвори уште групи, да се вработат уште воспитувачки, посекако има еден куп кадар кој се невработени, ама вика директорката не можела ништо, од Скопје зависело.
Јас потслушнав од други извори дека се планирало да се отвори уште една градинка во Точила, е сега колку е вистина не знам.
Инаку да само во Тризла и Бончејаца, посебно за Тризла имало најголем инерес, а во Гоце Делчев најмалку

< Поракaта ја уредил Snowhite RR -- 7.9.2012 16:34:35 >

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

11.09.2012, 10:41

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Ситуацијата е исто толку очајна во 90% од градинките во Македонија. Според едно неофицијално истражување, мислам дека беше на Европска Комисија, македонските градинки покриваат само 13% од вкупната бројка на деца кои се на возраст да посетуваат градинака, односно од 9 месеци до 5 години. Тоа истражување беше за лани, ама верувам дека и оваа година е иста ситуацијата со бројките. Скоро во сите грасдинки има над 25 деца, скоро во сите јасли има исто над 20 деца а законот за заштита на децата дозволува 8-10 деца во јасли на пример. Тие учителки физички не можат да постигнат да ги пресоблечат, наранат и да ги занимаваат сите деца. Јас кривицата не ја гледам кај нив туку во малиот број на градинки. Не да ургираме и да фаќаме врски да го запишеме детето во и така преполнетите градинки, туку да бараме да ни изградат нови. Јас планиран тоа да го направам Сега во септември во Општина Аеродром каде јас живам ќе има форумска сесија со граѓаните каде ние ќе можеме да ги искажеме нашите потреби. Јас ќе одам..бујрум, сите загрижени родители нека ми се придружат.

clock-img

11.09.2012, 14:52

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Каде и кога ќе се одржи таа сесија Везилка? Ако треба префрли пост во нова тема, имаме многу РР-јки од општина Аеродром, верувам ќе сакаат да присуствуваат. Еве,и јас би сакала да појдам и присуствувам user posted image

< Поракaта ја уредил sandriana -- 11.9.2012 14:53:25 >

clock-img

11.09.2012, 14:57

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Општина Аеродром ќе го реализира проектот „Буџетски форуми“, што значи дека преку неколку форумски сесии, буџетот во висина од околу пет милиони денари ќе биде донесен во соработка со граѓаните. Форумските сесии се така замислени да на нив граѓаните треба да ги искажат своите потреби и буџетот да се потроши во согласност со тие потреби. Форумските сесии ќе почнат да се одржуваат од 19 септември. Точниот час сеуште не го знам но, штом дознаам ќе пишам.

clock-img

22.09.2012, 11:38

clock-img

liberta

pencil-img

20

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Јас цело време и велам дека треба нешто да превземат, да се отвори уште групи, да се вработат уште воспитувачки, посекако има еден куп кадар кој се невработени, ама вика директорката не можела ништо, од Скопје зависело.
Јас потслушнав од други извори дека се планирало да се отвори уште една градинка во Точила, е сега колку е вистина не знам.

snowhite svekrva ti e vo pravo. direktorkata na gradinkite so site sili se bori ,podava baranja do ministerstvo za otvaranje na novi grupi, primanje na novi vospitackii, restartiranje na gradinkata Tutunski kombinat..... no nisto ne i se odobruva.
namesto toa ke se gradat gradinki vo ruralnite sredini.
ne sum protiv toa, no smetam deka prvo vo gradovite treba da se zgolemat kapacitetite pa posle cekor po cekor da se odi ponatamu.
vcera koga si go zemav moeto dete od gradinka bas edna majka izrevoltirana rece :" neka otvorat gradinki vo selata i tamu ke go nosam moeto dete. barem inventarot ke bide nov i grupite ke bidat pomali od desetina deca a ne ovde 40 deca se vo grupata."
gi zalam i decinjata sto vo zanimalnite nemaat ni vozduh za dishenje, pa kamo li prostor za igra i obrazovanie.
gi zalam i novite ambiciozni ucitelki , koi se zelni za rabota, da se dokazat ....a ne mozat so tolku mnogu deca vo grupa

clock-img

04.09.2013, 18:20

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Да споделам само едни податоци кои денес на родителската ни ги кажаа. Градинката има капацитет за 160 деца, моментално примени се 200, а 80 се на листа на чекање. Па добро е, јас очекував дупло повеќе дека има примено.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

04.09.2013, 18:28

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Да споделам само едни податоци кои денес на родителската ни ги кажаа. Градинката има капацитет за 160 деца, моментално примени се 200, а 80 се на листа на чекање. Па добро е, јас очекував дупло повеќе дека има примено.user posted image

ах Фели па вие сте супер,кај нас се 400 деца на листа на чекање user posted image и сеуште никој да не се свести дека низ градов треба да се прават градинки,а не коњи user posted image

clock-img

05.09.2013, 00:06

clock-img

Bilence2

pencil-img

727

ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Да споделам само едни податоци кои денес на родителската ни ги кажаа. Градинката има капацитет за 160 деца, моментално примени се 200, а 80 се на листа на чекање. Па добро е, јас очекував дупло повеќе дека има примено.user posted image

ах Фели па вие сте супер,кај нас се 400 деца на листа на чекање user posted image и сеуште никој да не се свести дека низ градов треба да се прават градинки,а не коњи user posted image

Potpis za postov!!!

_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

Последни статии

article-img