cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Писмо до непознато другарче

clock-img

11.06.2013, 09:47

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Дали како деца се допишувавте со некое другарче од друг град?

Јас се допишував со едно девојче од Тетово, мислам дека Билјана се викаше, редовно си пишувавме и писмата уште ги чувам кај мајка ми. Не знам зошто престанавме да се допишуваме

clock-img

11.06.2013, 09:57

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

И јас имав 2 другарки од Битола, и двете се викаа Александра, едната Христова, другата Ристовска мислам беше. И двете ми имаа пишано писмо до непознато другарче, во 3то и 4то одделение беше тоа. Се допишувавме 2-3 години, и после некако ни се разијдоа патиштата.
Баш би сакала да ги најдам повторно user posted image

clock-img

11.06.2013, 10:06

clock-img

Calypso

pencil-img

1386

Имав другарче, Наташа од Кочани. Не знам каде е, не можам на ФБ да ја најдам, знам дека млада се омажи. Се видовме еднаш или два пати, дојде во Охрид на летување организирано од школо. Супер ми беа тие денови кога чекав писмо, па кога ќе го добиев, многу се радував.

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

clock-img

11.06.2013, 10:31

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

И јас имав во второ, трето..не се чавам баш. Си пишавме неколку пати и толку. Ама ич не се сеќавам како се викаше и од каде беше. Мајка ми сигурно ги чува писмата, таа чува се. Никогаш не ми текнало да ги препрочитам. Ама се сеќавам кога дојде еден ден учителката и рече има писмо од непознато другарче за број шест во дневник..

clock-img

11.06.2013, 11:20

clock-img

mnm1986

pencil-img

101

Имав и јас дописничка, девојчето се викаше Гордана од Гостивар,си разменивме неколку писма а потоа и преку маил си пишувавме. Но сега немам контакт со неа,за жал.

clock-img

11.06.2013, 11:32

clock-img

Gardenia

pencil-img

682

Се допишував со една Кристина од Прилеп,Наталија од Штип,но Билјана од Струга ми беше првото непознато другарче и од четврто одделение па до ден денес останавме пријателки доаѓаше и она кај мене,јас кај неа,знаевме двете една за друга повеќе од најблиските дугарки,сега се омажи во Белград и контактираме поретко најчесто преку фб,а писмата ги чувам сите во една кутија и понекогаш си ги читам,ми будат убави спомени од детството

Последни статии

article-img