за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Вечерва (четврток, 5-ти ноември) започнува актуелново издание на забавно-музичкиот фестивал Макфест 2009, кое годинава по 24-ти пат се одржува во Штип. Фестивалот стартува со дебитанската програма, по што следува првата полуфинална вечер.
Второто полуфинале е закажано за петок (6-ти ноември), а големото финале е во сабота – 7-ми ноември.
На три фестивалски вечери, во Домот на културата Ацо Шопов, ќе бидат исполнети вкупно 37 композиции – 14 во дебитантската и 23 на две полуфинални вечери. Пет најуспешни дебитанти ќе изборат учество во една од двете полуфинални вечери.
Бидејќи првата вечер ќе пеат и дебитантите и полуфиналистите, ќе нема дополнителни активности, но веќе по изведените песни од второто полуфинале (на 6-ти ноември), ревијално ќе настапат 7 софистицирани дами на македонската поп-музика: Тамара, Маја Панчева, Сузана Јовчева, Маја Вукиќевиќ, Александра Пилева, Елена Петреска и Кристина Арнаудова.
Го следите овој фестивал? Има некој кој го има гледано во живо Макфест? Како ви се допаѓа фестивалот?
05.11.2009, 23:25
nadica
4381
го следам на тв а сум била и присутна но како и сите фестивали во мк и макфест е големо наместено случување од кое малкумина имаат корист водителката (немам ништо лично против неа ама) е една иста застарена со излитени фори како deja vu секоја година истото сцената мизерна кај дебитантите однапред се знае победникот ...
но сепак нешто се случува и тие 3 дена е прекрасно во штип кој е во можност треба да отиде
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
06.11.2009, 11:29
mother 29
4405
која е водителката?Вера?ауууууууу
06.11.2009, 11:42
elle
613
И јас сум од Штип и мислам дека не е макфест тоа што беше некогаш но многу ми се допага раздвиженоста низ градот и атмосферата не знам сега како е зошто не сум таму ,а многу си го сакам Штип
07.11.2009, 23:46
ripce
2148
Според мене заслужена победа за Ристо, Дуле и Коки. Песната се издвојуваше од останатите. Добра музика и добар текст, навистина оргинално. Браво! Имаше и други добри песни... иако на големо се шушкаше дека Макфест ова година нема да се одржи сепак во глобала ми се допадна како изгледаше фестивалот.
24.11.2009, 09:14
Еца
6692
Изборот за највртен радиски хит на годината може да започне. Четириесеттина радио-станици ширум Македонија до Центарот за организирање приредби Универзална сала, кој и годинава е организаторот на Македонскиот радиски фестивал МАРС 2009 ги испратија своите листи со најслушани домашни хитови.
Од шестотини селектирани песни од над сто изведувачи, по пат на пристигнатата радио-селекција 15-те најзастапени во македонскиот радиоетер ќе се најдат на финалната вечер на МАРС 2009 во трката за избор на радиски хит на годината.
Петнаесет композиции влегуваат во трката за победник на второто издание на Македонскиот радиски фестивал (МАРС), на кој ќе се избираат најпопуларните радиски хитови во изминатата година, што ќе се одржи вечерва со почеток во 21 часот во Универзалната сала.
Меѓу финалистите се најдоа:
Наде Талевска - Осамени
Роберт Билбилов - Јас те губам
Влатко Илиевски - Најбогат на свет
Адријан Гаџа – Скандали
Браво бенд – Девојко
Паркети и Ања Ветерова - Јас те сакам тебе
Ѓоко Танески - Никогаш доста
Некст тајм - Нешто што ќе остане
Нокаут - Африка
Врчак и ДНК - Пази се од мене
Александар Митевски - За век и векови
Влатко Лозаноски - Блиску до мене
Сања Лефкова - Пауза па плеј
Дарко Илиевски - Ти можеш
Димитар Андоновски - Заробени во сон
Кој споре Вас треба да ја понесе победничката титула? Имате ли Вие ваш фаворит?
< Поракaта ја уредил Еца -- 24.11.2009 9:15:08 >
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
24.11.2009, 09:43
profesorica
5709
Дааааа мој фаворит е Ѓоко Таневски со Никогаш доста, не е очигледно?????
омилена песна ми е, многу го сакам, го обожавам како и песната Никогаш доста.
а тоа е вечерва во Универзална?па баш би сакала да присуствувам ама тешко.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
24.11.2009, 21:36
Еца
6692
еве сега во моментот го следам.Како и да е, сите песни се убави, тешко за која да се одлучам