за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Според некои првиот впечаток е најважен, пресуден, првиот впечаток е тој што останува! Според други првиот впечаток не лаже. Според третти првиот впечаток не е секогаш важен и може да биде и погрешен.
Темава ја отворам делумно поттикната од она што денес ми се денес ми се случи... бевме на вакцина и додека чекавме дојдоа мајка, ќерка (6 месеци) и свекрва. Свекрвата ја носеше. И тие чекаа и баба го држи детето, ја гледам онака целата намуртена (си помислив види ја каква е прав намќор, дури ми помина низ глава, ауу каква лошотија, а жената не кажа ни збор, ниту направи било каква постапка). За по некоја минута да си речам значи како ја проценив... додека го прегледуваа детето таа го држеше, го вакцинираат таа го држи, мајката само стои од страна небаре туѓинка... и кога детето почна да плаче од вакцинирањето оваа бабата го думка, тоа не се смирува мајката и го побара да си го земе да го смири и оваа и вика... НЕ МОЖЕ СЕГА ЈАС ГО ДРЖАМ.. и ја видов нервозата на лицето, само не знам дали таа беше понервозна или јас. Ауу значи каква жена, само што ја видов во првите 5 секунди ја проценив.
Колку според вас е важен првиот впечаток? Дали ви се случило да погрешите околу првиот впечаток за некоја личност?
_____________________________
"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."
10.04.2010, 00:36
Enika
1480
Би рекла дека сите три трвдења држат вода.За мене е важен првиот момент, не ми се десило да се излажам од причина што кога мене првиот впечаток за човек не ми е убав, не ми доага да се зближам со некоја особа и да ја упознаам, едноставно неможам да праам лице ако некој несакам а да глумам лудило, па затоа и вајда не ми се дешава да мислам дека грешам во врска со некој. А за свекрвава неам зборови, би го добила истото мислење како тебе.
_____________________________
What goes around comes back around.
10.04.2010, 00:43
nadica
4381
Според некои првиот впечаток е најважен, пресуден, првиот впечаток е тој што останува! Според други првиот впечаток не лаже. Според третти првиот впечаток не е секогаш важен и може да биде и погрешен.
сето ова во различни ситуации е точно
и јас мислам дека првиот впечаток не е пресуден но останува и мислам дека ретко лаже посебно ако гледаш од страна како твојот пример аница
ако немам добар прв впечаток најверојатно нема да дозволам да имам второ искуство со истата личност можеби грешам но тоа сум јас (освен се разбира за блиски роднини или комшии нив не ги бираме како господ ќе ти ги додели )
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
10.04.2010, 11:41
BILE.F
670
Јас мислам дека од прилика 50% го проценуваш човекот од првата средба, другото го гледаш по некое време дружење!
_____________________________
Пред да скокнеш, кажи оп!
10.04.2010, 21:56
Adrijana
1301
Prviot vpecatok mi e dosta vazen, ama cesto se slucuva i da me izlaze, zatoa mnogu ne se baziram na prviot vpecatok, se trudam malku podobro da gi zapoznaam lugeto, pa da odlucam mi se svigat ili ne.
_____________________________
10.04.2010, 22:10
BEBICA
2014
Kaj mene prviot vpecatok e mnoooogu biten. Znaci 80% ne gresam, do sega malte ne me nema izdadeno intuicijata.Toa znaci ako mi se dopaga na prv pogled proaga ako ne togas dzabe mi e posle se. Taka da moze e loso no prviot vpecatok za mene e presuden.
_____________________________
Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.
10.04.2010, 22:51
mother 29
4405
АУф...мора тогаш да оставам лош впечаток,затоа што секогаш сум директна и резервирана,без разлика дали се работи за прва,втора средба,прв,втор впечаток.Мразам ласкање,умилкување и слично.Се ежам на фрази од типот-маче,еј женска...без разлика дали го кажува машко или женско,особено ако прв пат во живот ме гледа,е тука веќе ...
Првиот впечаток кој го стекнувам за луѓето и покрај онаа маска што ја ставаат е по начинот на кој ги кажуваат работите,се лигават(или не),дали се трудат да се истакнат да зборат повеќе за себе или да сакаат да дознаат нешто за мене и слично,многу откриваат.Многу добро забележувам и најчесто ги провалувам *неранимајковците*,така да првиот впечаток најчесто ми е базиран на она што го чувствувам од другата страна и говорот на телото.Што е најинтересно никогаш не сум погрешила и друга една работа,првиот впечаток никогаш,ама никогаш никој неможе да го смени.Добро,единствено ако се смени навистина личноста.
11.04.2010, 11:02
Natasha5
830
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

ПОТПИС
11.04.2010, 16:17
April
1257
важен, но не и пресуден
знаеме сите дека изгледот може многу да лаже...
11.04.2010, 16:34
Leonida
411
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29
Првиот впечаток кој го стекнувам за луѓето и покрај онаа маска што ја ставаат е по начинот на кој ги кажуваат работите,се лигават(или не),дали се трудат да се истакнат да зборат повеќе за себе или да сакаат да дознаат нешто за мене и слично,многу откриваат.Многу добро забележувам и најчесто ги провалувам *неранимајковците*,така да првиот впечаток најчесто ми е базиран на она што го чувствувам од другата страна и говорот на телото.Што е најинтересно никогаш не сум погрешила и друга една работа,првиот впечаток никогаш,ама никогаш никој неможе да го смени.Добро,единствено ако се смени навистина личноста.
Вака некако е и кај мене. Но би додала уште нешто: секогаш приметувам што носат на нозете (кондури, патики, сандали....) Може ви звучи чудно и смешно, но многу ми кажува тоа за самата личност
12.04.2010, 00:03
melody
743
Pa ne mi se slucilo do sega nekogo pogresno da procenam sto neznaci deka toa i vo idnina ke bide taka.Razni luge,razni karakteri pa moze nekoj i mene ke me prelaze so prviot vpecatok
12.04.2010, 10:32
arh_diz
7198
ИЗВОРНА ПОРАКА: Adrijana
Prviot vpecatok mi e dosta vazen, ama cesto se slucuva i da me izlaze, zatoa mnogu ne se baziram na prviot vpecatok, se trudam malku podobro da gi zapoznaam lugeto, pa da odlucam mi se svigat ili ne.
Potpis
_____________________________
Биди тоа што си
16.06.2014, 14:13
Defne90 RR
1991
Јас воопшто не верувам во првиот впешаток.Скоро секогаш грешам во проценките што ги добивам од него.Многу често ми се случува некоја личност да ми остави впечаток од прв поглед дека е многу добра комуникативна и искрена а всушност да излезе дека е најголемиот лицемер.Исто и обратни ситуации сум имала.Еве на пример кога за прв пат ја запознав мојата најдобра другарка,таа ми осатви впечаток дека е површна и самобендисана личност што е дигната до небо.Ама се излажав во тоа.Кога подобро ја запознав,сватив дека всушност искрена личност и прекрасна пријателка која секогаш е овде за мене кога и да ми треба помош.И затоа јас лично никогаш не се базирам на првиот пвпечаток,секогаш гледам да ги запознаам луѓето убаво па да ги оценам какви се тие всушност.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
16.06.2014, 14:19
LoveableMe RR
5035
Точен 85-90%, со можност за грешка од 10-15% , барем досегашната пракса тоа ми го покажала, а имало и неколку случаи кога не сум била сигурна што да мислам, не сум можела да оформам мислење барем генерално, па со време и средби сум направила проценка што - како.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!