cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Прв пат на гинеколог

clock-img

06.10.2010, 10:55

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

Верувам дека форумов го читаат многу млади девојки кои од срам или страв до сега не пошле на гинеколог. Застрашувачки е колкав е бројот на тие девојки. Тој страв се јавува од непознатото, не знаат што ги чека, како изгледа еден гинеколошки преглед...Ајде сите ние да им помогнеме на тие девојки со нашите искуства.
Како се чувствувавте вие кога прв пат појдовте на гинеколог?
Како се одвиваше прегледот?
Какво чувство имавте кога ја напуштивте ординацијата?


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

06.10.2010, 11:42

clock-img

Idna mamica

pencil-img

161

Првпат отидов на гинеколог на 23 год.Многу ќе се чудат дека е прилично доцна за тие години,но јас до тогаш не бев сексуално активна и немав проблеми со циклусот,се додека не ја изгубив невиноста.Ми беше прилично страв(среќа што отидов кај жена-гинеколог),и имав трема но сето тоа не било толку страшно како што си мислев.Сега пак како да ми се надокнадува тоа што не одев како девојка,поради проблемот со стерилитетот одам многу честоuser posted image
Одењето на гинеколог не е ништо страшно,срамно или чудно.Тоа е грижа за сопственото здравје,утре таа млада девојка треба да има деца,затоа е многу битно да се подготвува организмот за бременост,да се направат испитувања и да се санира нешто ако не е како што треба.


< Поракaта ја уредил Idna mamica -- 6.10.2010 11:45:56 >

clock-img

06.10.2010, 12:07

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Прв пат отидов на гинеколог некаде на 18 години по инсистирање на мајка ми, иако не бев сексуално активна и немав некои проблеми со циклусот, туку бев чисто на контрола. Но не продолжов редовно да одам, повторно отидов некаде после 2 години, па после 2 пак се така до некаде 23 години, кога ја сватив сериозно работата и почнав редовно да одам. Е тогаш веќе имав некоја инфекција која ми рекоа дека е стара..а тоа веќе претставува проблем. А причината зошто не одев редовно како помала беше зошто никоја од моите другарки и познанички не одеа, и иако мајка ми ми викаше јас не ја слушав и се каам зарди тоа. Плус никаква едукација на младите немаше у тоа време за тоа..страшно. Им препорачувам на сите девојки и жени гинеколошкиот преглед да го сватат како една обавезна контрола на нивното репродуктивно здравје оти може подоцна многу да ги кошта.

clock-img

06.10.2010, 12:16

clock-img

Mamicka3

pencil-img

755

auuu kako se cuvstvuvav si velev zemjo otvori se i goltni me,imav 22 god i samo sto ostanav bremena plus na toa ginekolog-maz lele sto da vi kazam no posle toa koga i da odev si bese se najnormalno razgovaravme kako bliski prijateli a toj si ja rabotese svojata rabota nemase veke sram. a za kotek sum odam od bremenost na bremenost

_____________________________

Децата се најголемо богатство
Марио 31.10.2002
Ана Марија 01.11.2005
Трајче 20.09.2009

clock-img

06.10.2010, 13:35

clock-img

blue_blue

pencil-img

893

Мислев дека во живот нема да одам никогаш кај маж гинеколог. Ама пошто маката ме натера да морам да одам кај Лазаревски, а после и кај Петановски ич не ми беше гајле што се мажи ниту ми беше непријатно. Првиот пат кога влегов кај Лазаревски мислам во земја ќе пропаднев, ама тој е толку смирен и љубезен човек да  не може непријатно да се осеќате. А, па за Петановски да не зборам - стомак ќе те заболи од смешки што ти прави дур те прегледува, кај може кај него во ординација да ти е непријатно...Инаку одам еднаш годишно на редовен преглед од кога се породив. Пред тоа бев повеќе на гинеколог отколку дома user posted image  така што не ги доживував гинеколозите како некои страшни ниту пак нивните ординации како непријатно место. Мене многу понепријатно ми беше да седам пред ординација и да чекам, тоа исчекување ме убиваше оти не знаев кога ќе влезам внатре што ќе биде следно...Мислам дека е многу важно да се оди на редовен преглед а еднаш годишно и брисеви и ПАП да се прави  - тоа е грижа за себе исто како што одиш на забар или на очно. Важно е да ти е пријатен докторот и да му веруваш, дали е маж или жена барем мене веќе одамна не ми е важно. А за млади девојки мислам дека треба добро да се информираат пред да станат сексуално активни. Жално е колку не знаат ништо за СПБ, за начини на кој се пренесува ХИВ вирусот и за забременување. Сите мислат - тоа мене нема да ми се случи...

clock-img

06.10.2010, 16:01

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

и прв и стоти пат на гинеколог е исто!!! Три деца родив, што чепатење удрив, остарев веќе, па пак ми е ооооодвратнооооо!user posted image
Ама што се море не е тешко.
Инаку, сметам дека секоја девојка некаде 6 месеци по првата менструација треба да појде прв пат на гин. Мене ми се случи многу непријатна работа - така испадна - јас да бидам таа која ќе ја однесе девојката на син ми прв пат на гин.
Што ти е свеки, а?user posted image

clock-img

25.10.2010, 01:41

clock-img

nena lonley

pencil-img

97

 prv pat na ginekolog otidov na 16 godini poradi toa sto seuste nemav ciklus...i ottogas redovno odam, a za custvoto user posted image voopsto ne mi bese neprijatno zatoa sto predhodno moze da se rece izrasnav kaj ortoped...pa isto e covek vo bel mantil user posted image .

clock-img

25.10.2010, 07:14

clock-img

veckasr

pencil-img

642

jas prvpat otidov na ginekolog na 15 godini bidejki mio kasnese menstruacijata a bevnevina menstruacijata mi kasnese poradi vodna cista koja pukna i ciklusot si dojde najnormalno  na pocetokot   mi bese sram no sega se otpustiv i cesto odam na ginekolog  poradi sterilitetot 

clock-img

25.10.2010, 08:45

clock-img

Glück90

pencil-img

333

prv pat otidov na 19 godini i mi bese neobicno i bev so doza strav.Vtor pat bev vo mart bidejki morav ovde da napravam pap test i sega ke odam sega ovaa nedela.Mnogu mi e prijatno sega bidejki i samiot ginekolog e super kazuva smeski a sto e najbitno ke te islusa do kraj i dava super objasnuvanje za seuser posted image

_____________________________

When you focus on problems, you will have more problems. When you focus on possibilities, you will have more opportunities. Dream. Wish. Make it happen.

Последни статии

article-img