за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Да и' посакаме добредојде на пролетта, моето омилено годишно време, а можеме и како во училиште, да дадеме краток опис на пролетта во мојот крај
21.03.2010, 17:04
April
1257
надвор е пролет, живи сме
во дворот имам зумбули, кајсијата е преубава, полна со цветови, алиштата ми се сушат надвор улицата е преполна со деца...милина...ја отворивме сезоната на пиење кафе во двор...уживанција...
21.03.2010, 17:09
niki
4299
Јас зумбули имам уште од пред месец дена и фрезии, колку убаво мирисаат. Многу сакам пролет, а овде цела зима повеќе или помалку наликува на пролет.
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
21.03.2010, 17:37
***Lide***
341
da bas e ubavo vo prolet se e zeleno ubavo mirisa ama ke pocnat da izleguvaat insekti e od toa mi e mnogu strav najmnogu od PAJACI i zatoa poveke sakam zima zatoa sto togas nema nikakvi insekti
21.03.2010, 18:35
melody
743
Spored mene najubavo godisno vreme ,a sega kako sto zatopli vo Antalija ahhhh ...ja obozavam proletta so site ubavini sto gi nosi so sebe, a posebno koga malku ke poduvne vetre se cuvstvuva mirizbata na moreto
21.03.2010, 19:33
mami
8680
Го сакам секое годишно време, и секое ми е посебно на свој начин..Пролетта ја обожавам зошто после цела зима затворени внатре, еве два дена ние не сме прибрани дома. И најубаво ми е кога ке бидеме цел ден на планина и кожата ми мириса на сонце и чист воздух..ахх ја сакам зошто се се раздвижува, се пие кафе на тераса, луѓето се порасположени, насмеани...Уживанција
20.03.2012, 15:02
vezilka RR
4931
Пролетта е прекрасен период. Таа доаѓа по зимата, кога сме измрзнати и незадоволни затоа што многу седиме внатре, а ако излегуваме треба да се облекуваме топло. Иако се убави снегот или лизгањето по мразот, поради студенилото редовно сме незадоволни. Но, неминовно по студениот период доаѓа промената. Така е сега - се зголемува траењето на денот, небото е посино, а сонцето свети сé почесто и посилно. Станува сé потопло. Кокиченцата ја најавуваат пролетта веќе и под снегот. Потоа излегуваат и други полски цвеќиња, дрвјата добиваат пупки, а некои веќе се расцутуваат.
Првите цутови ги радуваат сите, бидејќи човекот ја сака убавината, а пролетните прелести се најубавата природна слика. Сé повеќе има зеленило, тревата, џбуновите и дрвјата изгледаат сé поубаво по зимската стиснатост и сивило, сенките не ни пречат, бидејќи покрај нив има силно осветлени големи површини, надвор сé повеќе деца одат со откриени глави и не се завиткани со шалови, домашните животни се раздвижени и ги има сé повеќе по дворовите и улиците, птиците црцорат повесело и насекаде се јавуваат пчели и други инсекти, кои можат да почнат да го бараат нектарот. Волшебната Природа си ги покажува своите сили и ние уживаме во новиот здив на вистинската нова година (затоа старите народи - Римјаните, Кинезите, Словените - Новата година ја славеле во март, кога почнува пролетта).
Да и посакаме добредојде на пролетта!!!!
18.04.2012, 20:45
Snow Queen
302
пролет лето есен...ги сакам, иако сум родена во зиме-ама ич не ја сакам инаку посебно пролетта е рај и мелем за душа после досадната/уморна зима
_____________________________
07.04.2006........до ден денес со саканиот сме лудо вљубени
21.03.2014, 08:46
vezilka RR
4931
Пролет, пролет, дојде пролет. Денес е првиот ден на пролетта. Уф, што убаво. Оваа година нели е во знак на белите рози. Ќе се садат бели рози во Скопје и останатите градови, со цел да разубават, и токму рози, бидејќи имале најголемо абсорбционо својство наметалите од почвата. Хехех ќе не чистат од зимските загадувања. Како и да е, убаво изгледаат, ќе засадам и јас у двор некоја, да ме краси и чисти. .
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
21.03.2014, 08:49
Mihaela 2010
4230
Da da prolet moeto godisno vreme,najubavoto,mnogu si ja sakam proletta,i jas planiram utre zadutre rozi da nasadam vo dvorce
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
21.03.2014, 09:01
Defne90 RR
1991
време кога целата природа се буди.Време кога се почнува одново.Ја сакам и јас ептен пролетта и и се радуваме заедно со децата.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
21.03.2014, 16:49
Felly RR
7977
Ја сакам пролетта, таа е и мое годишно време. Посебно го сакам месецот април, и уживам во пролетните прошетки. Последниве години летата се пеколни, или пак врне, а пролетта е баш за уживање.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.