cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Рака на помирување...

clock-img

19.05.2010, 10:04

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505


Најдобриот пријател ве изневерил. Некогаш сте се дружеле и дење и ноќе, но со еден потег или збор сето тоа пропаѓа во вода.

Дали би ја покажале својата доблест и први би пружиле рака на помирување?
Дали силно би ја стегнале раката на оној што сте му погрешиле во знак на простување?
Дали би ја прифатиле раката на оној кој ве повредил, во знак на простување?


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

19.05.2010, 10:07

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Да си кажам јас прва. Кога ќе се скарам со некого тука веќе завршува се. Затоа и толку се трудам да бидам во добри односи со пријателите. Ниту подавам, ниту пак прифаќам рака на помирување. Знам дека ова е малку тврд став, можеби од член од фамилијата би прифатила, но од пријател кој ме изневерил - не!

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

19.05.2010, 10:10

clock-img

Viktori

pencil-img

5329

Да!
Животот е краток за да го трошам на омраза или нетрпеливост спрема кого и да е, дотолку повеќе ако се работи за најдобар пријател.
Никогаш не би свртела поглед, секогаш ќе прифатам пружена рака или пак ќе бидам иницијатор за помирување. Peace!

а бе зошто не ми излегуваше сликата???user posted image



< Поракaта ја уредил виктори -- 19.5.2010 10:12:30 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




clock-img

19.05.2010, 10:17

clock-img

big_mama817

pencil-img

1331

знаете како виката фамилијата не си ја бираме додека пријателите ги бираме рака на помирвање би пружила само на членови на фамилија а за пријатели незнам еден колега на работа толку ме изреволтира за една работа скоро што верувајте не го очекуваав тоа од него и сега ни здраво не му викам

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

clock-img

19.05.2010, 10:18

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Мене ми се има случено кавга со пријател ама кога бев помала, некаде во средно. таа ми беше најдобра другарка од дете, живеевме на иста улица, бевме неразделни и не знам ни сама зошто се скаравме и не зборувавме 10 години. Сега и двете возрасни, со деца, се сретнавме и почнавме муабет, па кафе од време на време, прошетка со децата и сл. Се заборавија и кавгите и се и воопшто не ни спомнуваме дека сме биле скарани толку време.
Но тоа се детски кавги да речам. Сега некој пријател да ме изневери така, не знам што би правела. Знам да бидам многу попустлива некогаш, а некогаш водам страшен инает. Не би сакала кавги со пријатели. Живееме во време кога ретко кој може да се пофали со тоа дека има вистински пријатели, не оние од корист или забава, или да ни поплнат празнина и мислам дека не треба да ги губиме.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

19.05.2010, 10:19

clock-img

amelbebe

pencil-img

1105

jas sum miroljubiva licnost taka ne se zamaram mnogu,a znam da se odalecam od se i sesto pa i najblizok da e

clock-img

19.05.2010, 10:40

clock-img

niki

pencil-img

4299

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

Мене ми се има случено кавга со пријател ама кога бев помала, некаде во средно. таа ми беше најдобра другарка од дете, живеевме на иста улица, бевме неразделни и не знам ни сама зошто се скаравме и не зборувавме .



Ова ми се има случено и мене со таа разлика што патиштата не одведова на различни страни, па не сме се ни сретнале случајно, а сега ако се сретнеме којзнае дали и ќе се препознаеме.
Сега имам малку пријатели, со кои односите ми се такви да нема за што да се замерам бидејки ништо и не очекувам од нив. Во принцип ако ми побараат помош, што се случува ретко, помагам ако можам, исто за се се трудам сама да си решам и да не барам од никого ништо. Така имаме чисти сметки и долга љубов и веројатно никојпат не ќе се најдеме во ситуација да треба да си подаваме рака.
А со семејството неможеш ни да се скараш, тие се тие, какви ми се такви ми се мои ми се и така да и да се замериме нешто денес, утре пак мораме заедно без оглед на се.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

19.05.2010, 10:59

clock-img

Rossana

pencil-img

1239

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

Мене ми се има случено кавга со пријател ама кога бев помала, некаде во средно.



Jas vo sredno se skarav so edna zenska osoba na koja sto nikogas ne sakam da i go spomnam imeto. Mi bese najdobra drugarka, mi bese poveke od sestra se delev so nea a i taa so mene. No nekogas koga ke te povredat tolku silno i tolku jako kako ona mene, nikogas nema poveke da veruvas na druga. Svativ deka podobro e da imas masko za drugar odkolku zensko, zenskite se obiduvaat da ti nastetat, kako sto ima vo edna drugarka ljubomora ni vo edno masko nema. Ako jas sum vinovna, togas pruzam raka i se izvinuvam. No ne prifakam sekakvo izvinuvanje, zavisi za kakvo se raboti. Ne prostuvam na nikogo. Jas na x clen od pobliskoto semejstvo ne mu zboram veke 5 godini a ne planiram nikogas ni da prezboram, a kamoli pa da prostam na nekoja sto mi bila drugarka. he "drugarka" bila pa pominala.user posted image user posted image user posted image

clock-img

19.05.2010, 11:53

clock-img

melody

pencil-img

743

Samo ednas se imam do sega skarano so mojata najdobra drugarka i ne zborevme godina dena poradi taa karanica.Taa bese  kriva i toa poradi nejziniot maz za nasata kavga i duri nemozev ni da ja gledam, tolku mnogu me povredi.Posle godina dena od kavgata slucajno se sretnavme na rekord i ne mozev ni jas ,a ni taa da izdrzime da ne si se nasmeeme edna na druga i da si se gusneme.user posted image

clock-img

19.05.2010, 12:10

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

Човечки е да се простува...Му простувам на човек (штом дошол за прошка, значи му значам и се покајал), но тоа не значи дека нашиот однос ќе биде по старо...Абе се зависи од ситуацијата...

Цели 20 години имав сестра, така ја чувствував, беше многу повеќе од другарка за мене, но ете излезе недоразбирање и таа со другите другарки (бевме цимерки, живеевме под ќирија додека студиравме) ме избркаа на улица во испитна сесија, во непознат град, во момент кога прекинав долгогодишна врска, едноставно немав никој, останав сама...
После некое време кога се видовме таа ми прозбори и јас и возвратив (во меѓувреме изгледа сфатила што направила)...Нејзината глава беше наведната, не мојата...Јас и простив и сега многу ретко, но сепак комуницираме..Таа се срами..Јас заборавив на горчината (можи и воопшто не ја почувствував)..
Човечки е да се простува...



_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

19.05.2010, 12:57

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

Covecki e da se prostuva . A od greskata koja mi ja ima napraveno ke zavisi anseto ponatamosno druzenje dali ke bide kako sto bilo ili na distanca
Luge sme gresime nekogas svesno nekogas nesvesno

_____________________________

Биди тоа што си

clock-img

19.05.2010, 13:31

clock-img

Saturn

pencil-img

208

Научив со време да простувам, всушност од секогаш сум била склона кон помирување. После тоа се чувствувам супер, кога ќе го средам односот со блиска личност. Е сега ако не ми е некој омилен лик, ако не ми е нешто посебно близок нема да се потепам да подадам рака. Но ако е некој од „моите“ луѓе не сум мирна дур не се смириме. И да, прифаќам рака за помирување. Ми се случило да бидам изневерена и излажана од мои блиски, сум мислела дека после тоа ништо веќе нема да биде како порано, но некои од тие односи дури и се подобриле после долг и искрен разговор (повеќе разговори). Никој не е совршен, луѓето имаат мани, слабости, некако знам да ги разберам и да простам. И на мене ми простувале user posted image

clock-img

19.05.2010, 14:11

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Ах, да ми се има ова случено пред десетина години. Имав еден другар, не се дружевме долго време, околу 5 години, но за тоа време станавме како брат и сестра. Секој ден се гледавме, се слушавме, си ги знаевме сите тајни, си помагавме еден на друг, покрај нас и фамилиите ни се запознаа и се здужија. Се беше супер, дури и започн врска со една моја пријателка и јас мислев дека се е совршено. Но во еден момент, не знам од која причина и тоа баш во моментот кога одлучиле да се венчаат, мене ме заборавија. Буквално се криеа од мене. Во тој период, набрзина за еден месец се венчаа. Кога мајка му разбра дека не знам дека се оженил, жената се расплака..Јас бев спремна да му простам само ако ми ја кажеше причината заради која го снема. Тој се јави после пола година и повеќе да ми каже дека има ќерка и ми рече да дојдам тој ден додека жена му сеуште беше во болница. Тогаш сватив дека причината е жена му. Некои луѓе не можат да го сватат пријателството меѓу маж и жена и крај. Тоа беше и крај за мене..такво нешто не можам да простам. Значи спремна сум да простам и спремна сум на компромис, но не можам се да простам. И мислам дека кога ќе се одалечиш со некого дури и да продолжи дружбата..никогаш нема да биде исто..Скршената стомна се лепи, но никогаш нема пак да биде цела..

clock-img

19.05.2010, 17:20

clock-img

nadica

pencil-img

4381

.Скршената стомна се лепи, но никогаш нема пак да биде цела..



колку убаво кажано
јас по природа сум избувлива со краток фитил, силна експлозија, а минимална штета user posted image user posted image user posted image
така да ако некој ми згреши а потоа се извини ќе му простам а тоа колку пак ќе му се доверам е друга приказна и да, нема да му дозволам пак да ми се доближи доволно близу за да ме повреди се на дистанца за да знае а пак ако јас згрешам се извинувам до бескрај за да ми се прости

сепак се зависи од ситуацијата во која се наоѓам и се е до моментот

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

19.05.2010, 18:46

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461


ИЗВОРНА ПОРАКА: Saturn

Научив со време да простувам, всушност од секогаш сум била склона кон помирување. После тоа се чувствувам супер, кога ќе го средам односот со блиска личност. Е сега ако не ми е некој омилен лик, ако не ми е нешто посебно близок нема да се потепам да подадам рака. Но ако е некој од „моите“ луѓе не сум мирна дур не се смириме. И да, прифаќам рака за помирување. Никој не е совршен, луѓето имаат мани, слабости, некако знам да ги разберам и да простам. И на мене ми простувале user posted image



Простувам, прифаќам извинување, подавам рака кога ми е пуштена речиси во сите случаи (секако се' што е можно да се прости, заборави и премине преку тоа)) кога знам дека лицето навистина се кае, тешко ми е, се чувствува и забележува тоа.
Ми се случило и мене со сосетка, другарка од средношколските години да се скарам и замерам и по извесно време да се смириме и тоа неколку пати. Се повтори тоа неколку пати, но повторно истите работи - крај. Кога ќе се сретнеме се поздравуваме, но остана само на тоа - секоја од нас има свој живот, различен пат, различен карактер е, поинаква визија за животот има.
Многу толерирам, но кога ќе се прелие чашата ... Едноставно некои луѓе не се менуваат, не знаат дека често "несвесно" повредуваат други, не ценат што некој направил за нив, брзо забораваат дека некој бил тука 24 часа дневно за нив, со тек на време те забораваат (ако дошле било како едно скалило погоре од претходно)... Сфаќаш дека не можеш да бидеш пријател со нив и се повлекуваш. Ќе си речеш не мора да е дружењето како порано, може и на дистанца, но не е баш така... Или се дружиш или не - не е можно привидно пријателство. Како што кажа Везилка - кога еднаш нешто ќе се скрши тешко се лепи, а па со постојано кршење и лепење ...
Често се случува другар/ка од детството да ти сврти грб, а другар/ка кој/а си ја/го запознал подоцна и го знаеш пократко време да ти биде поголем пријател - неразделен.
Примам и простувам, но ако човек не се променил пак и истото го повторува - се повлекувам.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

19.05.2010, 19:04

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

Некои луѓе не можат да го сватат пријателството меѓу маж и жена и крај. Тоа беше и крај за мене..такво нешто не можам да простам.




Пријателке пријателство меѓу маж и жена - да, но во границите. Не мислам конкретно за тебе, но има пријателство меѓу омажена жена/оженет маж и другарот во врска, на пример, при што едниот од нив не знае до каде да оди. Жената заборава дека другарот веќе не е слободен како претходно - има девојка (во врска е) и не може другарството да биде исто како дотогаш. Повици во ниедно време, разговори на телефон, интернет, љубоморни сцени, следење, префрлување ... Некогаш луѓето одат предалеку. Лесно е да осудуваме друго лице, но убаво би било претходно да се запрашаме - што всушност правиме самите ние, да се ставиме во туѓата кожа - на местото од другиот, да се обидеме да го разбереме. Сигурно и нас не би ни било сеедно партнерот да се дружи премногу со некоја негова блиска другарка, на секој можен начин.
Друга е темата, но не зборувам напразно, од искуство кажувам.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

19.05.2010, 21:53

clock-img

Bogdancanka

pencil-img

5422

зависи кој што ми згрешил,многу пати имам простувано и ќе простувам али се си има граници...еве јас имам другарка кој многу ја сакав,ми значеше заедно пораснавме али се падна во вода...неколку пати ме имаше изневерено али ок имаше некоја граница поминував преку тоа....али сега ова последното што ми го направи,реков дека никогаш,баш никогаш нема да и го заборавам ниту ќе и простам,јас кога ќе кажам дека некој е избришан од мене и тоа е крај...затоа што ако можеш на човек помогни му не врти грб биди другар како што си бил....а она излезе другар само јас кога и требав а она кога требаше да ми помогне каде бешеuser posted image Зашто наместо вистината ми редеше куп лагиuser posted image Кого лажеше мене ли самата себе?Мислам никогаш не би дозволила да прават будала од мене,затоа за секој што ја поминал границата никогаш нема да му биде простено или да ми биде другар.НЕДОЗВОЛУВАМ!

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

clock-img

12.06.2014, 01:05

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

Ако јас сум причината за кавгата и нетрпеливоста и ако јас со некој мој гест или однесување сум придонела за тоа секако дека сум спремна да подадам рака во знак на помирување и тоа без размислување.Едноставно јас сум личност што секогаш е спремна да си ги признае своите грешки и да побарам прошка од личноста на која што сум и згрешила.Ако пак ми понудат рака во знак на помирување,па што знам сето тоа си зависи и од тоа на кој начин ме повредила личноста и колку таа мене ми значела.Ме не не ме интересира воопшто дали се работи за роднина или за пријателка.Едноставно ако се работи за нанесена болка од страна на личност што сум ја сметала за сестра и најдобра другарка,ако таа личност ја изиграла мојата доверба многу тешко дека би прифатила помирување.Ама ако забележем дека личноста која што ми понудила рака искрено се кае за се тогаш сум спрема да простам но никако и да заборавам.Би и рекла на таа личност едно здраво и готово.Никогаш повеќе не би го имала истиот однос со неа како претходно што сум го имала.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

clock-img

12.06.2014, 10:28

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Да си кажам јас прва. Кога ќе се скарам со некого тука веќе завршува се. Затоа и толку се трудам да бидам во добри односи со пријателите. Ниту подавам, ниту пак прифаќам рака на помирување. Знам дека ова е малку тврд став, можеби од член од фамилијата би прифатила, но од пријател кој ме изневерил - не!



Не сум се променила на подобро, ниту на полошо од 2010 кога сум го пишала ова. Таква сум сеуште.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

27.11.2014, 10:34

clock-img

caciana

pencil-img

863

Koga ke Se skaram so nekoja licnosti,togas zavrsuva Se! Mozebi ke se kaam,no nemam obicaj da se pokoram da pobaram proska.Dokolku nedaj boze toa e nekoja moja bliska licnost ,mozebi ke probam da ja smiram rabotata,no kaj podalecni luge Ne Se pokoruvam.Mozebi poradi ova retko Se razdeluvam od lugeto,do posledno GI odrzuvam dobrite vrski.

Последни статии

article-img