за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Веќе имаме тема Бебешки рецепти, каде се работи за бебиња до 1 година кои не може да јадат буквално се. Затоа во оваа тема сакам да си пишуваме рецепти за поголеми дечиња, кои имаат повеќе производи во исхраната.
_____________________________
Live and let live
13.02.2013, 13:09
AnnaMolly RR
6409
Пред некој ден го правев ова и Филип слатко се најаде, па си реков да го споделам со вас.
Солени мафини со маслинки
15 лажици брашно 5 јајца 1 пециво 100 мл јогурт/кисело млеко 100 мл зејтин сечкани маслинки, сирење, варени моркови сечени на коцки (ова е по желба, може и со кисели краставички наместо маслинки)
Состојките одеднаш се ставаат во сад и се мешаат со миксер додека не се соедини смесата, потоа се додаваат маслинките, сирењето и варените моркови и се меша со лажица.
Смесата се става во калапи за мафини, ама претходно се подмачкува со путер и брашно. Се печат 20 минути на 200 степени.
Се сервира со кисело млеко или јогурт и е многу вкусно.
< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 13.2.2013 13:10:11 >
_____________________________
Live and let live
13.02.2013, 13:12
Mihaela 2010
4230
Ajde bas ke probame...a mora da se kalapi za mafini??ili moze vo tavce primer ko za proja sto si praam??
13.02.2013, 13:29
AnnaMolly RR
6409
Не, не мора во калапи. Може и во тавче најобично.
_____________________________
Live and let live
13.02.2013, 13:48
vezilka RR
4931
Супер е рецептов и јас го правам само малку е различен, брашното е пола/пола со пченкарно и 4 јајца. Јас зејтин ставам помалку од рецептот оти ми е многу мрсно инаку.
19.02.2013, 13:28
Calypso
1386
Јас викендов правев вакви мафини со моркови, маслинки и сирење, синко се изнајаде. Сакав да споделам еден рецепт кој го направив денес, готов ми е веќе, го пробав, ептен е вкусно. Вака, сварив супа (имав сварено телешко месо со коска), во водата ставив морков, грашок, пашканат, месото исечкано на ситни парчиња и малку лукче колку за мирис (го извадив). Значи баш супа сварив, зачинив со малку зачин (од Храна и вино го користам понекогаш) и наместо фиде додадов палента. Откако се свари убаво, во тавче подмачкано со маалку путер го истурив сето ова и го потпеков. Ептен дојде вкусно. За мерки не ме прашувајте, од око направив, ама помала количина оти готвам само за мене и син ми - додуша тој е оној што ќе јаде повеќе, јас не морам толку
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
19.02.2013, 23:44
elenak
2004
Еве еден брз колач, за мали деца ама и за мајки и татковци 500 гр. мелени бисквити 200 гр. шеќер во прав 500 мл јогурт Во калапче се става смесата како подлога. Одозгора се ставаат парченца овошје (банана и вишни ми е пробано) и на крај еден шлаг. Е јас го прилагодив за Ј со помали мерки колку за еден оброк (со 50 гр.плазма) и без шлаг пена па беше многу вкусно.Пробајте
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
04.09.2013, 15:02
AnnaMolly RR
6409
Ајде споделете некој рецепт за поголеми дечиња, веќе немам идеи што да му правам на детево нешто интересно, се ми се чини како едно те исто да јаде. За појадок и вечера идеи давајте, за ручек си јаде разни манџи и слично.
_____________________________
Live and let live
04.09.2013, 22:07
Bethany
4534
Јас ќе напишам еден , на прв поглед, многу чуден рецепт, не ми се смејте. Ама јас го прочитав на еден форум одамна, и чат-пат му правам на син ми. Прво да се разбереме, многу е вкусен а е прав бучкуриш Кога го прочитав, се згрозив, ама го направив и ми се виде вкусно, а е многу јак доручек, за силни деца (Мислам дека е за над една годинка).
Значи се вари палента со млекото, пред крај се додава едно матено јајце (јас ставам само жолчка), па се тоа се свари. Потоа се додава (по оригиналниот рецепт) 2 лажици мелена плазма, 1 лажица житарки (корнфлекс), неко овошје, најдобро банана и на крајот лажица мед.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
23.09.2013, 15:52
bebuska123
7
Znaci majka, sekoja cest za receptot! Mojot sin palenta nesaka ni da pomirisa ama vaka ja jade so slast! I isprobav i bez jajce i vo kombinacija so drugo ovosje(praska, krusa). Vistinski hit!
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR
Јас ќе напишам еден , на прв поглед, многу чуден рецепт, не ми се смејте. Ама јас го прочитав на еден форум одамна, и чат-пат му правам на син ми. Прво да се разбереме, многу е вкусен а е прав бучкуриш Кога го прочитав, се згрозив, ама го направив и ми се виде вкусно, а е многу јак доручек, за силни деца (Мислам дека е за над една годинка).
Значи се вари палента со млекото, пред крај се додава едно матено јајце (јас ставам само жолчка), па се тоа се свари. Потоа се додава (по оригиналниот рецепт) 2 лажици мелена плазма, 1 лажица житарки (корнфлекс), неко овошје, најдобро банана и на крајот лажица мед.
go ovosje(krusa, praska). Vistinski hit!
23.09.2013, 19:00
Bethany
4534
Бебушка123, е баш ми е мило да му се допаѓа на твоето детенце. И браво што беше храбра да го пробаш рецептот, мене ми требаше некое време, бидејќи на првиот впечаток ми беше многу чудна комбинација.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
29.09.2013, 14:09
bebuska123
7
Еве еден рецепт од менито на мојот син: 1 компир, неколку цвета брокула, морков, 2 топчиња моцарела, 1 јајце и половина мала павлака. Компирот се сече на плочки како за мусака со дебелина од 0,5 мм и се вари заедно со морковот исецкан на тенки тркалца (2 мм). Брокулата се бланшира. Кога ке биде сварен зеленчукот се става во тавче и се редат прво компирчињата а врз нив се додава морковот и брокулата и сецканите топчиња моцарела. Се полева со смесата од изматено јајце со павлака и се запекува во рерна. Нормално се става и сол колку што јаде вашето малечко. Многу е вкусно и е поинакво од оние варива што мислам дека на децата над 1 година веке им се здосадени :)
16.11.2013, 01:24
marchi
948
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR
Веќе имаме тема Бебешки рецепти, каде се работи за бебиња до 1 година кои не може да јадат буквално се. Затоа во оваа тема сакам да си пишуваме рецепти за поголеми дечиња, кои имаат повеќе производи во исхраната.
aj ve molam link za temata bebeski recpti za deca pod edna godina?ili prefrlete go postov tamu
16.11.2013, 01:32
Felly RR
7977
Еве ја темата БЕБИ РЕЦЕПТИ. За да ја најдеш темата која те интересира, Марчи, горе десно под полето кај што ти вели: Здраво Марчи! Одјава, имаш поле за пребарување - со лупата. Тука пишуваш тоа што сакаш да го најдеш и кликаш на лупата. Се надевам ти помогнав за полесно да се снајдуваш.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
16.11.2013, 01:35
marchi
948
fala
22.07.2014, 01:44
marchi
948
sve to ubavo duri mene da mi otvori apetit no moevo "budalce" pocna da jade samo "gluposti" popara so kogurt,cokolino,supa pire beli peciva i ovosje.drugo nisto