за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Рингераја го поддржува случувањето Напред Розово! Ајде сите да дадеме придонес.
СО ВРТЕЊЕ НА ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОЈ 143-171 СО ПРЕФИКСОТ ОД МОБИЛНИОТ ОПЕРАТОР НА Т- МОБИЛЕ, КОСМОФОН ИЛИ ВИП, ДОНИРАТЕ 100 ДЕНАРИ, И СО ТОА ДОБИВАТЕ АКРЕДИТАЦИЈА И РОЗЕВА МАИЧКА ЗА УЧЕСТВО НА НАСТАНОТ. Истите може да се подигнат во просториите на БОРКА или на 17ти мај од 10:00 до 11:00 часот во парк, пред Школка.
Пораките за поддршка на овој форум ке им бидат пренесени на организаторите на Напред Розово!
< Поракaта ја уредил Julie -- 14.5.2009 11:37:07 >
_____________________________
And this is my beautiful life ...
14.05.2009, 11:45
mami
8680
јас сум секогаш ЗА вакви акции..се надевам со нашето учество ке направиме некоја промена и ке помогнеме барем некому, ако веќе не можеме на сите..доаѓаме во парк, сите тројца
14.05.2009, 17:19
Еца
6692
НАПРЕД РОЗОВО!!! Сите заедно сме посилни и со нашето учество барем малку ќе помогнеме онаму каде што е потребно!!!
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
15.05.2009, 18:01
Marta
81
Bravo Napred rozovo,veke donirav 100 denari iako ne mozam da prisustvuvam na ova prekrasno slucuvanje,sepak blagodarnost i do Ringeraja koja ne informirase za ova i ne potseti deka treba da se vklucime site zaedno
17.05.2009, 08:29
Еца
6692
Се надевам дека денес Градскиот парк ќе биде преполн Секој кој ќе оди нека ни пише покасно какви се впечатоците Донирајте луѓе некому тие 100 денари и живот можат да значат,да бидеме хумани, да бидеме луѓе со големи срца
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
17.05.2009, 09:56
mami
8680
јас одам сега ајде ако некој му се оди...а на другите ке ви пишам како било кога ке се вратиме
17.05.2009, 10:36
Julie1
2354
ajde i jas odam se gledame vo park...
_____________________________
And this is my beautiful life ...
17.05.2009, 14:42
mami
8680
Јуле баш ми е криво што се утнавме ама ние моравме да отидеме во задниот дел за да го успиеме...ама акцијата беше супер..Браво, секоја чест за подвигот..се надевам ке има уште вакви
20.05.2009, 20:47
Еца
6692
Околу 6,000 евра, што ќе бидат наменети за подобрување на условите во дневната болницо за хемотерапија, беа собрани во рамки на настанот “Напред розово“ што ви неделата се одржа во Скопје.
Учесниците во оваа кампања против ракот на дојка, маршираа три километри по што формираа џиновската розова панделка од луѓе на плоштадот “Македонија” во Скопје.
Настанот заврши со хуманитарен музички хепенинг во Градскиот парк.
Целта на ова случување беше омасовување на борбата против ракот на дојка и покренување на свеста за можноста оваа болест да се излечи, доколку биде рано дијагностицирана, соопшти организаторот на настанот, здружението “Борка – за секој нов ден”