cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Родителски стеги

clock-img

20.02.2013, 14:09

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Кога родителите одбиваат да прифатат дека нивното дете веќе пораснало... Кога забораваат дека нивното време веќе одамна поминало и дека работите се менуваат... Кога е многу поважно што ќе рече народот... Тогаш децата живеат со ,,ланец околу врат,,. Колку е тешка таа секојдневна борба за ослободување од родителските стеги? Сте биле сведоци на вакви семејни односи или можеби токму вие сте имале ваков тип на родители?
Родителските стеги најмногу се чувствуваат во пубертетот, тогаш кога размислувањата и желбите тргнуваат во различни правци во преминот од деца во возрасни личности, еден многу чувствителен период, па затоа мислам дека се сосема погрешен метод и пристап. Што мислите вие?
Или можеби децата оставени сами да се борат за своите права стануваат посилни и посамостојни?

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

21.02.2013, 11:31

clock-img

niki

pencil-img

4299

nemam jasen stav na temava
na decata im trebaat granici duri se mali, no granicite ne se dovolni, treba da im se prenese i znaenje za granicite da imaat smisla
do koga se mali i toa nekako ne mi jasno
ete kerka mi ima 6 godini i za mnogu sto i velam pa ti si golema mozes toa i sama, no sepak ne moze se zatoa sto za nekoi drugi raboti e mala
dali vo pubertet sme dovolno zreli za se vo zivotot sami da odlucuvame? sekoj izbor da bide nas? potpolno da sme oslobodeni od stegi?
najiskreno od sopstveniot zivot sega mozam da zaklucam deka ne sme, no togas bas i ne mislev kako sega
velat naucnici deka dete od 12 godini rezonira kako vozrasen, mozebi da, no ima li dovolno iskustvo da bide ostaveno samo na sebe, vo denesnicava ne e sposobno samo da se grizi za sebe kompletno toa e fakt, no dali postoi model po koj moze da se proceni za sto e dorasnato a za sto ne i kolku uloga igra karakterot od deteto i od roditelite
sto me naveduva da mislam deka treba da gi sledime i da gi vodime, a dali sekogas ke sakaat vo onaa nasoka sto nie ja preporacuvame/preferirame/sme ja procenile za dobra? verojatno ne, mislam ne se kucenca, a nie dali treba da se otkazeme ako ne sakaat?
verojatno da ako jasno ni kazat i pokazat koj e i kakov nivniot izbor zosto go napravile i zosto e takov, no ako se i ponatamu konfuzni, ako impulsivno deluvaat, nepromisleno, ako prebrzuvaat.......?
i taka si doagam do zaklucok deka rabotite nie sekogas ke gi gledame razlicno od decata, kompromisi ke treba da pravime a i ke gi ocekuvame od niv i toa ke ne vodi na nekoj nacin da gi stegame a niv da se osloboduvaat
tazno mi e i neprifatlivo ako toj lanec ostane i ponatamu vo zivotot aj ko granica da stavam 18 godini ili 20 i kako krajna granica momentot koga deteto ke se osamostoi i finansiski i ke odlucu da oformi svoe semejstvo, togas veke nemam nikakvo razbiranje za roditelski stegi
seedno primeri postojat i ne bi rekla deka se isklucoci, no nekako nemam jasen stav zosto doaga do toa, deka ne mi zvuci primamlivo toa znam i sigurna sum deka takviot zivot ne e lesen ni za decata ni za roditelite

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

21.02.2013, 12:02

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Прво, не се сложувам дека во пубертет треба да се пуштат децата во правци кои тие сакаат да одат. Пред се, пубертет е едно кризно доба, хормоните лудуваат, тинејџерите не се способни да донесуваат разумни одлуки и да согледат работи такви какви што се, иако се убедени дека се и најдобро се знаат! Нели, сите го поминавте тоа user posted image

Родителот од малите нозе треба да го испитува детето за што е талентиран, да обрнува внимание на интереси на детето, и во текот на годините може да управува детето полека, нежно , во правец каде дете ќе се чувствува најприродно, каде ќе биде најисполнето. Тоа се се побркува со пубертет, и баш напротив во пубертет родителот треба да има четворе очи отворени. Е сега, знам од теорија и пракса од блиските луѓе дека не фукционира да забрануваш нешто и да се поставаш во смисла:јас сум родител и мораш да ме слушаш... Тоа всушност има контра-ефект, ама па и ако другачије постапуваме пак ќе е тешко да се справиш со еден тинејџер. Затоа јас верувам дека основата за полесно да се избориш како родител со еден пубертетлија, се поставува уште од самото детство. Со принципи, со разговори бескрајни, со меѓусебна доверба, со границите кои родителот има поставено а баш поради таа доверба детето сфаќа дека тоа е за неговото добро и љубов итн.
Родителот треба да биде многу мудар, да знае како треба да се однесува со различити возрасти на детето, и самиот да се прилагодува за да може да допре до детето, а да го остави самото да се избори во тинејџерски години тоа никако Не! Тоа може само да оди по лош пат, сигурно нема да изабере вистинскиот пат, можеби да после многу, многу изгубени години и направени грешки кои некогаш може да бидат и кобни.... Пре ќе изберат да одат да пијат, пушат и дрогират се, отколку да прават нешто за нивна полза. Е затоа е многу битна основа и разговори уште пред да дојдат во ова време.
А тоа што ќе речат комшиите не знам зошто да се спомнува, па јас ќе се грижам и ќе правам што е најдобро за интерес на моето дете лично, а не поради некој друг. На тоа ни не помислувам, што друг има со моето семејство.
Со тек на годините, како дете одраста, треба да му се пружа да има избор и да сноси некои последици од неговиот избор, ама се во склад со годините, ама пубертетски години сигурно не е време кога треба да се остави да биде самостојно целосно. Може некако да се изведе тинејџер да мисли да е самостојен, ама родител да сепак некако преку ненаметлив разговор влијае со своите совети и мерки...
И така... многу теорија, пракса немам, ќе се видам кога ќе дојдам во ово време.... За мене како родител, со мојот карактер, ќе ми треба доста кршење и прилагодување, повеќе мекост, за детето да не избега од мене user posted image

clock-img

22.02.2013, 14:22

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Она што не можам да го сфатам и што ме поттикна на темава се стегите во пубертет кои не попуштаат ни откако ќе заврши тој период, туку по навика, а можеби и од страв продолжуваат се повеќе да се затегаат и да го гушат детето (веќе зрела личност). Имам конкретен пример од кој сум надразнета да пишувам и веќе многу години со помош на мајка ми која важи за многу полиберална се обидуваме да помогнеме безуспешно. Како една личност ставена на крстопат да го избере сама својот пат, со многу начнати теми и прашања на кои добива одговор ,, не знам, не ме интересира, прави што сакаш ама само ако погрешиш!,, И безброј незамисливи забрани од кои страда приватниот живот, врските...
Се прашувам - Зарем правото на давање живот како родители ни го дава и правото на контрола на истиот? Можеби да, во одредени граници, но до каде се границите? Синџирот не треба да биде ни предолг ни прекраток, но колку навистина треба да биде долг? Уште од сега ме плаши тој период што допрва не чека, знам што не е правилно, но како ќе знам што е правилноuser posted image  

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

22.02.2013, 16:30

clock-img

niki

pencil-img

4299

elenak, vo primerot koj go spomenuvas se raboti za masko dete ili za zaensko?

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

22.02.2013, 17:30

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Zensko niki

< Поракaта ја уредил elenak -- 22.2.2013 17:32:23 >


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

22.02.2013, 19:22

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Со тоа што сме станале родители, немаме право на сопственост врз нашите деца.Да , тоа се наши деца ние сме го создале и родиле но со пресекувањето на папочната врска тоа дете станува посебна и своја личност.
Иако не знам какков родител ќе бидам кога ке дојде овој период кој си го опишала, сепак не можам да ги разберам таквите родители кои се им забрануваат на децата а бараат од нив да не згрешат, па уште не се ни трудат да дадат совет кога им се бара.
Многу жално за девојчето што има такви родители.Кога ќе се соочи со некој голем проблем нема да знае како да реагира, како ке ја препознае вистинската љубов ако секогаш се плаши од нив и дали ке погреши?
Со таков став само ке и одмагаат во нејзиниот живот.
Никогаш нема да биде сигурна во себе или постојано ќе прави грешки, од страв.
Искрено најдобро да разговараат со стручно лице и малку да им се укаже во каков свет денес се живее.


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

22.02.2013, 19:29

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Еленак, и јас истото се прашувам за себеси и моето дете, ама сфатив дека нема да сум совршена, сигурно ќе грешам, битно е да бидеш отворен и спремен да се менуваш во текот на ситуацијата. Ќе видиме нешто ако не функционира, ќе бараме друг начин, нешто мора да постои, откажување нема, ама не може да бидеме тврди како тие во примерот што го наведе и слепо да се држиме до своето. Такво нешто само донесува нешто лошо на крај, упропастени животи на овој или оној начин.


clock-img

22.02.2013, 20:35

clock-img

niki

pencil-img

4299

iskreno se nadevav deka se raboti za masko, no ako e devojce togas sum sigurna deka se raboti za toj proklet tradicionalizam koj e tolku dlaboko vkorenet vo nasiot mentalitet
zalosno za toj mlad zivot koj e obelezan na takov nacin

nikoj od nas ne znae dali i kolku postapuva pravilno, ke gresime i ke ostavime traga na decata toa e neizbezno, da se nadevame deka tie tragi nema da bidat tragicni
inaku ako davame zivot ne mislam deka vrz nego treba da imame potpolna kontrola, ne sme nie upravuvaci na sudbinata, nemame takvo pravo
nekoj mudar rekol deka na decata treba da im dademe koreni i krilja, sindjiri ne spomenuva ni kratki ni dolgi
tolku ednostavno zvuci no da se uspee vo toa e vistinska umetnost

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

22.02.2013, 21:17

clock-img

Џесика

pencil-img

2036

Јас мислам дека родителот нема потполна доверба во своето дете и се доведува во таква ситуација... И јас многу пати сум помислила дека од пусти страв нема да имам мир кога моето дете ќе се осамостали... според мене, таа стега ја има секој родител и ја чувствува, е сега детето како личност колку ќе се избори да се ослободи од тие стеги, тука до сабајле може да се зборува. Познавам луѓе кои си ги оставиле своите деца да се научат на своите грешки и за ништо во нивниот младалачки живот не им се мешале... тоа би било во ред, но доколку има граница... фала богу, децата не скршнале од патот, меѓутоа, е во крајност. Стеги не мора да постојат, но таа родителска „контрола“ не завршува никогаш. И се додека родителот барем еднаш не го остави своето дете да размисли со својата глава, или го остави да донесе одлука по своја волја, ќе го осакати и ќе го направи зависно засекогаш, да бара одобрување за секој потег, оправдување за секоја постапка и ќе очекува критика, затоа што нели, родителот тотално ќе му ја уништи самодовербата...
П.С темава ме потсети на темана што ја отворив вчера, за самокритичност и самодоверба, што е поттикната од тие родителски стеги... Алелуја, се просветлив! user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

clock-img

22.02.2013, 22:38

clock-img

niki

pencil-img

4299


ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР

Јас мислам дека родителот нема потполна доверба во своето дете и се доведува во таква ситуација... И јас многу пати сум помислила дека од пусти страв нема да имам мир кога моето дете ќе се осамостали... според мене, таа стега ја има секој родител и ја чувствува, е сега детето како личност колку ќе се избори да се ослободи од тие стеги, тука до сабајле може да се зборува. Познавам луѓе кои си ги оставиле своите деца да се научат на своите грешки и за ништо во нивниот младалачки живот не им се мешале... тоа би било во ред, но доколку има граница... фала богу, децата не скршнале од патот, меѓутоа, е во крајност. Стеги не мора да постојат, но таа родителска „контрола“ не завршува никогаш. И се додека родителот барем еднаш не го остави своето дете да размисли со својата глава, или го остави да донесе одлука по своја волја, ќе го осакати и ќе го направи зависно засекогаш, да бара одобрување за секој потег, оправдување за секоја постапка и ќе очекува критика, затоа што нели, родителот тотално ќе му ја уништи самодовербата...
П.С темава ме потсети на темана што ја отворив вчера, за самокритичност и самодоверба, што е поттикната од тие родителски стеги... Алелуја, се просветлив! user posted image



paaaaaa nikogas mene mi e prejak zbor, duri i za navodna kontrola i mislam deka pod obavezno sekoj roditel treba vo eden moment da prestane so kontrola i steganje
ke dadam primer na sveki moja, taa so svoite sinovi od 27 i 41 godina se odnesuva kako da se seuste mali deca i se obiduva na sekoj nacin da ima kontrola i da bide upatena vo nivnite zivoti so opravduvanje neli deka se grizi za niv roditel e
normalno toa ne i uspeva, edinstveno sto uspeva da predizvika e revolt kaj dvajcata vo momentot i razocaruvanje vo samata sebe si sto ne uspeala i sto mora povtorno da se obiduva
gledajki ja nea mene od strana neli, seto toa mi izgleda preterano i bezpotrebno
ednostavno i za nea i za niv bi bilo polesno da se pomiri deka se porasnati deka ne se veke deca i deka taa ne im e potrebna sega na ist nacin kako koga bile mali, bi si zastedila sebe si mnogu zaludno potroseni zivci a i niv bi gi postedela od postojani objasnuvanja ili odmavnuvanja so raka na nejzinite obidi za kontrola
kako roditeli morame da go prifatime ona sto e neminovno, rastenjeto osamostaluvanjeto i ne smeeme da ja izgubime doverbata vo sopstvenite deca zatoa sto ako toa ni se sluci togas verojatno nekade po pat sme ja izgubile doverbata vo nas samite i vo se sto sme vlozuvale dodeka sme gi vospituvale
i sekako se slozuvam deka postoi vrska so samokriticnosta, bidejki ako ja imame i neguvame taa vo golema mera ke ni pomogne vo patesestvieto sto ne ocekuva
vo sprotivno ke si ostaneme zaglaveni vo sopstvenite ubeduvanja i namesto nie da sme vospituvaci decata eden den nas ke ne prevospituvaat ako se izborat so nas, bidejki moze i koben da bide ishodot

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

22.02.2013, 22:45

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Синџирот кој го спомнав ја симболизира врската на родителот со детето, а не неговото ропство. Сакав да кажам дека е многу поважно за родителите да имаат блискост со своето дете отколку близина (физичка). Значи мислам дека и преголема слобода исто не чини како и претераната контрола и стегање. Можеби некој ќе се пронајде во моите примери, сепак сите сме различни, само не би сакала да се сфатат лично и навредливо.
Според мене не е нормална и ситуација во семејството каде таткото се шета по гаќи пред својата ќерка или обратно. Не е во ред кога мајката си дозволува да менува градник или да се тушира со отворена врата пред својот син, кога се разменуваат вулгарности и пцовки по дома (родители-деца). Кога на тинејџери со по 15-16 години им се дозволени целовечерни екскурзии низ град, се на се границите се тотално изместени.
Од друга страна (како во мојот пример) зборот ,,дечко,, дома е забранет за употреба и тоа до кај 30 год. Мини суќна е само мисловна именка, а ноќните излегувања со другарки (исклучиво со другарки) завршуваат во 11 часот се до полнолетство. А одмор со друштво е грев и да замислиш.
Познавам семејства и од двата вида и кога ќе ги анализирам случувањата заклучувам дека децата ги реализираат своите идеи и вака и така само разликата е во тоа што родителот или ќе знае или нема да знае. Мислам дека во секој случај како родител е подобро да знаеш што се случува отколку да не знаеш (освен ако стварно баш не те интересира) ама пак не чини и премногу да знаешuser posted image Стегите и претераната контрола се дефинитивно полошата варијанта.



< Поракaта ја уредил elenak -- 22.2.2013 22:48:00 >


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

22.02.2013, 23:30

clock-img

niki

pencil-img

4299

elenak se slozuvam, osven so simbolikata na sindjirot, no pocituvam tvoja percepcija iako mojata ne e ista
da dodadam deka bliskost ne podrazbira znaenje se, i pokraj obidite da se odrzi bliskost treba na um sekogas da se ima deka decata imaat pravo i na svoja intima i granicite gi postavuvaat tie, jas barem se odnesuvam taka sto sum zainteresirana i na raspolaganje a kolku informacii ke dobijam sepak ne e do mene i ne insistiram, seuste znam deka ako nesto loso se sluci toa ke dojde do mene na ovoj ili onoj nacin a se dobro pa i ne moram da znam
kerka mi so 6 godini veke pocna da me isklucuva, sekako naivno e toa sega od tipot odam vo WC ne me voznemiruvaj ne mi vleguvaj, mojata soba ima pravilo da ne se vleguva bez cukanje, vo skolo sto se mi se slucuva ne moram da ti kazuvam ako ne sakam isl...
seuste sum vo red iako mi se liseni ovie informaciiuser posted image nemam porivi za pojacuvanje kontrolauser posted image
no ima vreme

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

22.02.2013, 23:53

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Блискост според мене е кога на дете и лошо нешто му се случи или направи да се чувствува доволно слободно да пријде и да раскаже, да побара совет или помош при решавање на проблем, а не да постапува, мисли и решава самостојно или со другари/ки. Апсолутно не мислам на посесивност и потреба да се знае се, како што реков не чини и премногу да знаеш. А за таква блискост е потребно многу многу време потрошено на разговор и само разговор. Не значи дека ако нешто како родител забраниш дека тоа нема никогаш да се случи, може секако да се случи а ти поради забраната да бидеш изолиран тогаш кога можеби навистина треба да бидеш присутен. Ники ќерка ти почнува да се осамостојува, со таквото однесување те потсетува дека веќе не е мало дете, сигурно веќе има свое друштво, но мора да знае дека нејзината најдобра пријателка си ти. Тоа е сепак моето мислење, јас така би играла user posted image

< Поракaта ја уредил elenak -- 23.2.2013 0:00:58 >


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

23.02.2013, 00:01

clock-img

niki

pencil-img

4299

igram jas taka, do koga ke me igraat e neizvesno
no ke se pisuvame i za nakoja godina pa ke javamuser posted image

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

23.02.2013, 09:59

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Еве како јас замислувам каков би бил мојот однос кон син ми во текот на годините. Се уште замислувам, па ќе видиме и ние понатаму user posted image
Значи, сега целосно се уште зависи од мене и јас сум вплеткана со него максимално, нели?
Понатаму, за која година ќе ме исклучува од своите активности, типот одење во вц, и некои негови работи, исто ко што Ники наведе пример со керќа и.
Кога е веќе во школо, тогаш уште повеќе ќе треба да се повлекувам, а местото да му препуштам на мм, бидејќи тогаш ќе му стане поинтересно време поминато со татко му сигурно. Јас ќе сум тука за практични работи и наравно разговор и што уште ќе следи не знам.
Веќе во тинејџерски години, сакам да имам добар пристап кон него и да разговараме за се што тој ќе сака да разговара, ама и понатаму повеќе би сакала да има разговори со татко му, за некои машки работи за кои сигурно полесно и поприродно ќе му биде со него да расправа, наравно ако тој сака. Ние само треба некако да створиме атмосфера да тој знае да секогаш може отворено да ни се обрати и да праша.
Мислам дека ние треба да му бидеме достапни во текот на целиот негов живот, и тој кога ќе има семејство, за ако му притребаме нешто, ама никако да му се мешаме во одлуките и да даваме совети еднаш кога веќе има своето семејство, па и порано кога веќе стане дефинитивно свој човек, да речам така. Значи ние секогаш да сме тука, да го набљудуваме, ама да сме по страна. Така некако.
Хехе, накратко мојата замисла, па баш ме занима како ќе испадне. user posted image

clock-img

23.02.2013, 21:43

clock-img

niki

pencil-img

4299


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany
Ние само треба некако да створиме атмосфера да тој знае да секогаш може отворено да ни се обрати и да праша.
Мислам дека ние треба да му бидеме достапни во текот на целиот негов живот, и тој кога ќе има семејство, за ако му притребаме нешто, ама никако да му се мешаме во одлуките и да даваме совети еднаш кога веќе има своето семејство, па и порано кога веќе стане дефинитивно свој човек, да речам така. Значи ние секогаш да сме тука, да го набљудуваме, ама да сме по страна. Така некако.
Хехе, накратко мојата замисла, па баш ме занима како ќе испадне. user posted image



user posted image
da vakva e i mojata vizija i planiram voopsto da ne se lutam ako me iskluci vo resavenje na nekoi nejzini problemi za koi e dorasnata i sposobna samata da se spravi, vo stil tuka sum ako ti trebam no ako smetas deka ne ti trebam slobodno pravi kako god mislis, sakas i mozes, zboruvam za periodot po polnoletstvo, pred toa nema da bidam do tolku lezerna
no vremeto ke pokaze


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

Последни статии

article-img