за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Znaeme site deka nasata pretstava za sebe ima ogromno znacenje za toa kako ne dozivuvaat i drugite luge. Posamouverenite luge poveke uspevaat vo zivotot. Golem broj faktori vlijaat na samodoverbata a cesto mozeme i nie da prezememe raboti i da ja podobrime. Jas da bidam iskrena cesto se boram so toa, ima situacii koga ne se cuvstvuvam dovolno samouvereno. Ne konstantno. Mi treba odredena podgotovka psihicka za toa, ama ne sekogas imame vreme da se podgotvime. Potrebo e toa vnatresno da go poseduvame...toa e ona sto malku mi nedostasuva. Dali i kolku ste samouvereni? Kolku toa vi pomaga vo zivotot?
< Поракaта ја уредил Џесика РР -- 27.2.2012 16:09:16 >
_____________________________
You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!
01.03.2012, 13:40
vezilka RR
4931
Цел живот се борам со тоа, секогаш ми фалело уште малку повеќе самодоверба. А им се восхитувам на луѓето кои ја имаат во изобилие. Има периоди кога пркнувам и сум полна со себе, и навистина тогаш многу убаво се чувствувам, ама секогаш после некое време ми се случува нешто што ми ја убива самодовербата.. А сакам да не е така, сакам секогаш да имам доволно самодоверба.
01.03.2012, 14:11
AneLav RR
1110
Мислам дека самодовербата многу зависи и од начинот на кој што си пораснал и како те воспитувале, се разбира и карактерните црти не се исклучени. Еве на пример јас немам секогаш самодоверба, затоа што сум од Скопје, живеев со моите 30 години, студирав во истиот град и.т.н., значи секогаш можев да се потпрам на нив. Моите отсекогаш се трудеа ништо да не ни фали нуту на мене ниту на сестра ми. Во сите работи кои требаше да се направат ни помагаа максимално за секогаш да имаме време за учење и да не се малтретираме со ништо. За разлика од мене кога го запознав мм кој од 15 години бил излезен од дома да учи и средно и факултет, не можев да се изначудам како на наши 25 години тој беше милион пати позрел и посамоуверен во себе за разлика од мене. Животот го натерал да се бори сам и да опстане во голем град. Парите никогаш не му биле проблем затоа што потекнува од добро ситуирано семејство, но односите со луѓето и работите кои за мене ги вршеа моите, тој морал да си ги врши сам. Сам да си ги испланира парите за во текот на месецот, сам да си мисли за јадење, сам да си плака сметки, сам да се бори да успее. Значи стекнал едно животно искуство за кое јас никогаш нема да го стекнам. За разлика од мене, тој беше еден од најдобрите студенити во генерацијата и сето тоа го имаше постигнато сам без никави интервенции. По само една година работно искусто беше толку самоуверен и решителен и самиот отвори ординација која работи со полна пареа и стекна име за неполни три години. Никогаш не сакаше да остане во Скопје иако можеше. Сега тој на мене ми претставува самодоверба, работиме заедно и успешно ја водиме ординацијата но за разлика од неговата самодоверба која е константна, мојата е варијабилна. Значи мене на некој начин моите без да сакаат ме имаат размазено иако и мене ме учеа дека човек треба сам да се бори во животот и да си ја гради самодовербата без да сакаат ми помагаа во многу работи затоа што беа до мене. Значи самодовербата се стекнува и се гради, некои од нас имале можност да ја стекнат, а некои допрва ќе ја стекнуваат со текот на времето. Во секој случај според мене тоа и нее толку страшно ако човек има квалитети кои може да ги покаже и со самодоверба, а и без неа на сите полиња.
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
01.03.2012, 14:14
Pepelaska *
3820
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka
Цел живот се борам со тоа, секогаш ми фалело уште малку повеќе самодоверба. А им се восхитувам на луѓето кои ја имаат во изобилие. Има периоди кога пркнувам и сум полна со себе, и навистина тогаш многу убаво се чувствувам, ама секогаш после некое време ми се случува нешто што ми ја убива самодовербата.. А сакам да не е така, сакам секогаш да имам доволно самодоверба.
Потполна сум иста
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !